Џемаил Максут – Cemail Maksut ( 8.5.1933 – 31.12.2001 )

14021699_10153843139936884_8670048545527084025_n

Актерот Џемаил Максут(1933) во својата плодна кариера, како ретко кој, речиси цели 50 години подеднакво работеше во театарот и на филмот, а повремено и на телевизијата. Фасциниран од глумата, тој во неа уживаше исто онака како што умееше со својата особеност и сугестивност да направи и гледачот во неа да ужива. Талентот, посветеноста и желбата ќе направат тој неуморно да работи паралелно во турската драма при Театарот на народностите, во која беше член од 1951 до 1991 година, и како што рековме да биде дел од создавањето на филмската историја во нашата земја од 60-те па се до 2000 година. Неговата професионална биографија, која не престанува и по пензионирањето, е огромна и тој секако спаѓа во редот на оние актери кои оставија големо наследство зад себе, учествувајќи од 50-те години во градењето и осмислувањето на сето она што може да се нарече специфика на македонската театарска и филмска сцена истовремено станувајќи дел или можеби столб врз кој таа и понатаму ќе се изградува.
Како член на турската драма Џемаил Максут има одиграно безброј улоги тргнувајќи од Шекспировите “Отело” и “Фалстаф”, како Ахмет во “Чудакот”, како Дервишот според делото на Масип Џелам, па се до претставите во кои глуми веќе пензиониран, во “Како да се ограби банка” и како Касапот во “Бунтот во домот за старци”. Како што ќе ни кажат неговите колеги, Максут особено сакал да игра во комедии, но со подеднаква исклучивост и посветеност тој успешно толкува и драмски ликови. Своето задоволство и желба со која пристапувал во подготвувањето на улогите тој умеел да го пренесе и на колегите кои велат дека бил особено пријатен за соработка и дека секако ќе остане во нивното, а се разбира и во нашето сеќавање, како исклучителен актер и човек со широк талент, и неуморна желба да игра.
Џемаил Максут почина само еден ден пред Новата година(2001) што на своевиден начин само по себе го одбележува заокружувањето на животниот пат
на овој исклучителен актер.
13882240_10153821622141884_7388007689559288098_n
На Турски јазик:
Üsküp Türk tiyatrosuna 1956 yılında oyuncu olarak çalışmaya başlıyor, büyük bir sayade roller canlandırdı. Üsküp Türk tiyatrosu sahnesi yanında Makedonya’daki ve o zamnki Yugoslavya çapında çevrilen filmlerde rol aldı, Makedonya televiziyon produksiyonda hazırlanmış TV dizilerde de epeyce rol aldı, büyük sayede radio dram oyunlarında türkçe ve makedonca roller canlandırdı.
%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%b8-%d1%9f%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b8%d0%bb