ЃОРЃИ КОЛОЗОВ ( 1948 – 2003 )

Ѓорги Колозов

Ѓорѓи Колозов

Роден 26 февруари 1948
Богданци
Македонија
Починал 13 октомври 2003 (воз. 55 г.)
Скопје
 Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Трст виа Скопје
Занимање глумец
Сопружник Шенка Колозова

(26 февруари 1948, Богданци – 13 октомври 2003, Скопје)

Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1974). Од 1975 година работи во Драмата на Македонскиот народен театар.

Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија. Учествува во телевизиски серии.

еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците)

На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија „Македонски приказни“, за која, од 1984 г. имал снимено 300 епизоди. Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил од 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.[1]

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кој Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент

На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија Македонски приказни, за која, од 1984 година до денес, има снимено 300 епизоди.

kolozov-car-640x360


Селективна театрографија
: Ристе (Чорбаџи Теодос, 1966); Том Чери (Расцутена црешна, 1967); Миќо Станимировиќ (Нажалена фамилија, 1967); Драгиша Ѓуриќ (Команданта Сајлер, 1967); Петрушка (Од многу ум, 1974); Паул Алтман (Господа Глемаеви,1974); Спинто (Андрокле и лавот, 1976); Кајгана (Женидба, 1979); Вујко Васа (Госпоѓа министерка, 1983); Кметот (Макавејските празници, 1983); Даг (Слободни врски, 1984); Бого (Воена тајна, 1984); Кољо (Тетовирани души, 1986); Џинот Аконте (Рекламна бајка, 1989); Шамарев (Галеб, 1990); Вирја (Валпургиска ноќ, 1990); Коле Кактус Какале (Фалцот на змијата, 1994); Еленко Историк (Мелница, 1996); Плутон (Плутос, 1999).

починал на 13 октомври 2003 во Скопје.

Филмографија

Година Филм Улога Белешка
1971 Македонскиот дел од пеколот
1972 Истрел
1973 Смилевскиот конгрес Христо Узунов
1975 Волшебното самарче
1977 Нели ти реков
1978 Златни години
1982 Илинден
1983 Записник
1983 Кога тетин Климент шеташе над градот Меанџијата
1984 Јуначко колено Чакмак-ефенди
1984 Белото циганче
1985 Случки од животот
1984-1985 Легенди и преданија
1985 Ајде да се дружиме Поце Кокале
1985 На наш начин
1985 Од зад грб
1987 Трст виа Скопје Ристо Кабџеш
1988-1989 Тврдокорни
1991 Елелига Пепелига
1991 Поштар Поштар 1
1991 Опстанок Селанец
1985 Тетовирање Лале
1986-1992 Македонски народни приказни
1995 Во светот на бајките
1999 Каса Трајче
1993-2000 Македонски народни приказни
2000 Последниот валцер Грбавиот