НАДА ГЕШОСКА ( 1930 – 2003 )

28e

Филмска и театарска актерка.(Прилеп, 24.5.1930 – 06.01.2003)
Актерската кариера ја започнува 1951 година во прилепскиот театар, остварувајќи успешни улоги. Од 1958 година е член на Македонскиот народен театар во Скопје, а во 1964 преоѓа во Драмски театар.

Филмската кариера ја започнува со помали улоги, но нејзиниот лик набрзо е прифатен како прототип на народна жена, облагороден со тага и дискретно изразено достоинство.
Во текот на својата актерска кариера остварува бројни филмски и театарски улоги.
Добитник е на награди и признанија, меѓу кои и Наградата „13 Ноември“.

28c

Филмографија

1964 : Под исто небо (Главна улога)
1966 : До победата и по неа (Споредна улога)
1967 : Мементо (Главна улога)
1968 : Планината на гневот (Главна улога)
1969 : Време без војна (Споредна улога)
1970 : Цената на градот (Споредна улога)
1971 : Жед (Споредна улога)
1971 : Македонски дел од пеколот (Главна улога)
1975 : Јад (Главна улога)
1980 : Оловна бригада (Споредна улога)
1997 : Преку езерото (Споредна улога)
1999 : Време, живот (Споредна улога)

281766_167997099936440_651550_n