Илија Милчин | |
---|---|
![]() |
|
Активен | 1958-2002 |
Илија Милчин (19 јуни 1918 – 11 март 2002) бил македонски актер, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ.
Биографија
Милчин е роден во Прилеп во 1918 г. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како актер и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948).
Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.
Негов син е режисерот Владимир Милчин.
Филмографија
- Мис Стон
- Мирно лето
- Обрачун
- Пред и по победата
- Македонска крвава свадба
- Стотиот чекор
- Републиката во пламен
- Враќање од рајот
- Македонски дел од пеколот
- Залез зад езерската земја
- Волшебното самарче
- Исправи се, Делфина
- Курирот на Гоце
- Наши години
- Црвениот коњ
- Илинден
- Јуначко колено
- Комедијанти
- Белото циганче
- Јазол
- Климент Охридски
- Тврдокорни
- Време, живот
- Бог да ги убие шпионите
- Ангели на отпад