ДРАМСКИ АВТОР
(5 март 1949, Прилеп – 20 октомври 2004, Прилеп)
Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1975). Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989), Лепа Ангелина (1996) и Летни Силјане (2004).
Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.