Славица -Николовска-Спасова, актерка

 

 

slavica-nikolovska

Славица Николовска, родена во Скопје, 1948 година. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, се вработува во Драмскиот театар – Скопје, каде се вклучува во работата на сите сцени, Куклениот, Детскиот, Малата и Вечерната сцена. Се истакнува пред се како актерка од камерен тип. Нејзината актерска игра ја карактеризира лирска боја и поетско интонирани сценски инетрпретации.

Поважни театарски улоги:

Цвета – Свадба од В. Иљоски
Џеси – Дејството на гама зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел
Љубов – Чехов од Маљугин
Вали – Стапица од Т. Ружевиќ
Шортс – Дамите од Аламо од П. Зиндел

Други претстави од репертоарот на Драмски театар – Скопје: Болва во уво, Сомнително лице, Умна глава, Карамазови, Фоксфаер, Сказна за времето, Самоубиец, Балконот, Чест и други.

 

 – за актерството, за нејзините интимни определувања и за работите што го прават животот

Иако за минатото ја врзуваат убави спомени, сепак, нејзиниот најсреќен момент е сегашниот, а денот – денешниот. Актерката Славица Николовска-Спасовска во својот глумечки опус има остварувања достојни за суперлативи, а приватниот живот грижливо го негува со емоции безрезервно наменети за семејствотото и за пријателите.

Многумина за вас создадоа мислење имајќи го за база вашиот актерски бекграунд. Многу серии, „Опстанок“, „Ѕвездите на 42“, „Случки од животот“…, се’ уште се паметат, а вие сте една од „виновниците“ за таа безвременост. Сакав да кажам – благороден лик.

„Сакам да ги паметам убавите нешта што ми се случиле во животот. Ако ги паметат и другите, тоа ми создава уште поголемо чувство на среќа. А за носталгијата, така е за се’ што поминало, си го чуваме во споменот свој. Со убава носталгија се сеќавам на студентските денови во Загреб, на моите учества на „Дубровнички летни игри“, кога се среќавав и се дружев со врвни уметници од цел свет. Кога како млад човек, речиси почетник во уметноста, ќе ја почувствувате магијата, привлечноста и вознесот што таа ги нуди, ве плени за целиот живот. Се сеќавам и на филмскиот фестивал во Каиро на кој бевме претставени со филмот „Пресуда“ на Трајче Попов. Таму се најдов во друштво на Алберто Моравија, Сузан Јорк, Флоринда Болкан и некои други луѓе од светот на уметноста што ми се чинеле нестварни и недостижни. А токму мене ме фотографирале за насловната страница на „Ал Ахрам“. Во моменти на носталгија се сеќавам на театарскиот фестивал во Сараево на кој за претставата „Ништо“ во режија на Унковски ни беше доделен „златниот венец“ за колективна игра и на многубројни претстави со колегите од Драмскиот театар во Скопје со кои патувавме, добивавме награди, се дружевме и имавме прекрасни доживувања… Но, не сум жена што ја надвладува носталгијата како еден вид тага по минатото. Секое време си има свои убавини. Само така има смисла животот да се живее. Треба да се бориме и понатаму во животот за убави нешта. Но, љубоморно ги чувам во сеќавањето некои улоги, снимен драми, филмови и компакт-дискови со снимена поезија на Матеја Матевски, на Петре Бакевски и на други поети…“

„Причината за моето отсуство од театарската сцена, особено во последните десетина години, беше и моја лична определба. Се одлучив да го придружувам и да му помагам на мојот сопруг во работата кога тој замина за амбасадор, најпрво во Бугарија во 1994, а подоцна и во Англија во 2007 година. Тоа време на оддалеченост од театарската и филмската сцена во Македонија не ги сметам за изгубени. Имав можност да видам како напредува театарската и филмската уметност во Бугарија, кај што во далечната 1967 година ги започнав студиите на нивната Академија за театар и филм во класата на Бојан Дановски и да се сретнам со една генерација уметници кои веќе имаа позиции и висока популарност. Подоцна во Англија добив можност да видам колку многу напреднал светот во театарската и во филмската уметност. Добив можност да следам многу ексклузивни уметнички настани, од концерти и изложби до театарски премиери и особено мјузикли од кои здивот ми застануваше. Го гледав совршенството во изведбите на мјузиклите како што се „Фантомот од операта“,„ Мама миа“, „Евита Перон“, ,,Мизерабл“ и многу други, кои и по 20 години на репертоарот по два пати на ден ги полнат салите со публика од целиот свет. Што се однесува до популарноста, таа е многу релативна работа, особено во мали средини. Може да ве има, а потоа да бидете заборавени. Во турбулентни времиња какви што се нашиве, добро е ако успеете да ја зачувате внатрешната рамнотежа.

А идентитетот како глумица го градев низ моите улоги. По повод 20-годишнината од Драмскиот театар, Игор Џамбазов рече дека ги обојувам моите улоги со пастелни бои. „Тоа е жена која инсистира на својата етичност, стрпливост, толерантност, посебност, но и нежност, поетичност и сочувствителност“.

Имаат ли годините, минливоста врска со Вашиот актерски ангажман

„Мислам дека тоа не е случај со мене. Човек во уметноста колку и да посакува, мора да биде свесен дека со време популарноста намалува. Тој мора да најде убавини и во другите нешта што го опкружуваат и да создаде психолошка рамнотежа, која му ја обезбедува среќата. Јас сум личност што ја сфаќа убавината на сите возрасти и секој обид да останете вечно млад ве прави по малку смешен освен ако не останувате вечно млад во душата“.

Подвижни слики…  филмот

„Со самото тоа што сум го добила името по првиот југословенски филм ’Славица‘ како да била предодредена мојата професија. Многу рано, уште кога добив улога во една телевизиска серија во Загреб, каде што дипломирав, за време на снимањето имав можност да ја запознаам лично и Ирена Колесар, која ја играше главната улога во спомнатиот филм. Кога и’ кажав дека сум го добила името по филмот во кој таа играше главна улога, таа само се насмеа и рече: „О боже!“ Зар толку години поминаа од снимањето на филмот?“ Учествував во повеќе филмови, како што се „Истрел“, „Пресуда“, „Црвениот коњ“ и други, но особено ми е драга улогата на Меглена во телевизискиот филм „Некаде мора да те чекам“, снимен според текст на Петре Андреевски, а во режија на Бранко Гапо. Но, може да издвојам и еден мој ангажман во филмот на Борјан Зафировски: „Скопје Ремикс“, чија премиера ќе биде наскоро. Снимањето на овој филм траеше една ноќ, која ќе ја паметам, бидејќи ми разбуди многу емоции. Со син ми се сретнавме како колеги. Кога заврши снимањето на изгрејсонце и кога заминував дома, му напишав една СМС-порака: ,,Се чувствувам горда на тебе и многу сум среќна“.

„Тоа значи да ги делите со него сите успеси и сите падови во политиката, да бидете сопатник и придружник, но и советник и критичар. Во бракот ја делите судбината со партнерот на своите професии. Тоа има убава, но и лоша страна. Еден од вас во определен период мора да ја жртвува својата кариера. Го прифатив тоа и се обидував да му помагам во периодите кога дипломатскиот протокол требаше да биде надополнет и со презентирање некои уметнички вредности од Македонија во земјите каде што престојувавме. Но, моето искуство од времето поминато во дипломатијата е нешто незаборавно и ненадминливо. Особено неколкуте години поминати во Лондон, каде што имав ретка можност да присуствувам на приемите организирани од страна на кралицата Елизабета во Бакингемската палата, да се возам со кралските кочии низ Лондон за време на церемонијата при предавањето на акредитивите да и’ раскажам на кралицата Елизабета дека како актерка сум играла во драмите на Шекспир, да се запознам и дружам со актуелната претседателка на Ирска, Мари Мек Елис, да видам како живее светот на богатите лордови, барони и англиски политичари, кои не’ канеа на вечери, но како Македонци. Секако, животот со политичар во земјава и вас ве „обојува“ и во услови на политичка поларизираност и вие и целото семејство сте соочени со последиците од политичките промени и ги преживувате нервозите, судирите и непријатностите. Тогаш се сеќавате на драмските ликови на Шекспир во кои тој говори за политиката, политичарите, политичките интриги, карактери и сфаќате колку добро се вајани и колку малку се сменило…“

„Добрина до наивност. Изразито гостоприемство. И човечка солидарност“.

„Силна жена значи да сте своја. Да верувате во себе. Да сте амбициозни. И да одите по својот пат. Моќта доаѓа од енергијата што ја носите во себе и од тоа колку сте подготвени да ја употребите. А јас несебично ја трошам“.

„Сакам добар виц. Добра филмска комедија. Добра политичка сатира. И, во принцип, сакам духовити и ведри луѓе кои можат да ве расположат, насмеат и да гледаат од позитивната страна на нештата“.

„Бесчувствителноста. Себичноста. Лажните пријателства. Секако, најважно ми е семејството и моите пријатели“.

„Вечна е уметноста, науката и силните луѓе.“

 

 

Марин Бабиќ

Марин Бабиќ,

marin-babic

Роден на 24 Октомври 1947 година во Белград. Во 1971 година дипломира на Театрската Академија во Софија и истата година се вработува во Драмски Театар Скопје. Од тогаш оставрува бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Косанчиќев венец бр. 7“, „Хаос зад кулиси“, „Викенд на мртовци“, „Ноќ спроти Водици“, „зојкиниот стан“, „Смртта на Дантон“, „Стапица“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, „Самоубиец“, „Балконот“, „Не сега драга…“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Заводникот од западниот свет“, „Словенскиот ковчег“, „Платонов“, „Ферхад и Ширин“, „Демонот од Дебармаало“.

balon-marin-bw

Владимир Дади Ангеловски ( 1946- 2012 )

Владимир Ангеловски,
18237
роден 1946 година. Почина Ное. 16, 2012 , е еден од поистакнатите македонски актери. На шест години, под водство на Тодорка Кондова Зафировска учествува во формирањето првата Детска радио драма во МРТВ. Во тоа време освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар за прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист. Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш како улога му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се вработува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“, сите три во режија на Коле Ангеловски. Со претставата „Шекспир во приказни“ учествува на фестивалот „Мали сцени“ – Сарајево, и Дубровачки летни игри.


screenshot_11-12

Поважни театарски улоги:

Комедии:

Итар Пејо – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1979 год.
Климе – Викенд на мртовци, р. Коле Ангеловски, ДТС
Тофоло – Рибарски караници, р. Тодорка Кондова, ДТС, 1979 год.
Бербер – Собирен центар, р. Коле Ангеловски, ДТС
Досе – Бегалка, р. Тодорка Кондова, ДТС
Гроф Николај – Ладало, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2005 год.
Мајсторот Шајче – Сон на летната ноќ, р. Коле Ангеловски, ДТС 2008 год.
Виќа – Сомнително лице, р. Коле Ангеловски, ДТС
Вкунот – Бамии, р. Димитар Станковски, ДТС
Кловнот – Мала школа за стари кловнови, р. Коле Ангеловски, ДСТ
Постариот кловн – Кловнови, р. Коле Ангеловски, ДСТ
Учителот по пеење – Свадбата на Фигаро, р. Коле Ангеловски, ДТС
Собарот – Што виде собарот, р. Тодорка Кондова, ДТС
Оскар – Оскар, р. Димитри Османли, ДТС
Полнета птица, р. Димитри Османли, ДТС
Ламбро – Косанчиќев венец бр. 7, р. Димитар Станковски, ДТС
Полскиот и рускиот клар – Крал Иби, р. Димитар Станковски, ДТС
Актерот – Хаос зад кулиси, р. Димитар Османли, ДТС
Сер Андрејчук – Ноќ спроти Водици, р. Димитар Станковски, ДТС
Чевларот – Стапица, р. Горкијевиќ, ДТС
Човекот кој молчи – Сказна за времето, р. Кристијан Ристевски, ДТС
Поштарот – Шуаби ап, р. Димитар Станковски, ДТС
Вообразениот болен,
р. Љубиша Георгиевски
Третиот брат – Маратонците го трчаат почесниот круг, р. Коле Ангеловски, ДТС
Господинот Витерспурн – Арсеник и стара тантела, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Газдата – Кумови, р. Коле Ангеловски, ДТС
Бизнисмен – Ни ќар ни зијан, р. Димитар Станковски, ДТС
Шпанец – Дона Хуана, р. Коле Ангеловски, ДТС
Раскажувачот – Хамлет од Долногаштани, р. Мето Јовановски, ДТС
Цинцо – Цинцо и Маринко, р. Димитар Станковски
Љубовникот – Танцот на трендафилите, р. Бојан Дановски, ДТС

67353_b_veter-niz-topolite-7_1

Драми:
Постариот брат – Дунек, р. Синиша Ефтимов, ДТС
Магнус Готхалк – Мефисто, р. Коле Ангеловски, ДТС
Ескуријал и слепци, р. Васил Ќортошев, ДТС
Гркот – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС
Таткото – Платонов, р. Димитар Станковски, ДТС
Морнарот – Бура, р. Коле Ангеловски, ДТС
Синот на кралот – Магбет, р. Гарет Морган, ДТС
Владимир – Ветер низ тополите, р. Коле Ангеловски, ДТС
Цар Самоил, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Второто прасе – Медеја, р. Вито Тауфер, ДТС
Калигула, ДТС
Повеќе улоги – Ова не е американски филм, р. Сашо Миленковски, ДТС
Стариот – Заводникот од западниот свет, р. Коле Ангеловски, ДТС
Пантеглез, р. Владимир Милчин, ДТС
Лузитанско плашило, р. Владимир Милчин, ДТС
Сојуз на лажните светци, р. Тодорка Кондова, ДТС
Зборот дупка не прави, р. Жарко Петан, ДТС

Детски претстави:
Плашилото, Волшебникот од Оз, р. Димитар Христов, ДТС
Коновал, John People Fox, р. Саво Комненовиќ, ДТС
Гусарот, John People Fox, р. Коле Ангеловски, ДТС
Чудовиштата во нашиот град, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци
Ловецот – Црвенкапа, р. Димитар Христов, Театар за деца и младинци
Бојан – Чук, чук Стојанче, р. Коле Ангеловски, Театар за деца и младинци
Зајакот и селанецот – Шеќерна приказна, р. Коле Анегеловски, МОБ
Оливер Твист – Оливер Твист, р. Димитрије Османли
Просјакот – Принцот и просјакот, р. Ѕвездана Ладика
Hodel the Bodel – Две ведра вода, р. Кирил Ќортошев
Мачорот – Мачорот во чизми, р. Кирил Ќортошев
Шивачот – Храбриот шивач, р. Кирил Ќортошев
Принцот – Пепелашка по име Луција, р. Душко Наумоски

ТВ и филмски улоги:
Кукен совет (2008) ТВ серија
Пусто турско (2006) (ТВ серија)
Хихирику – 25 години (2004) (ТВ серија)
Битолски лакрдии, ТВ серија (5 епизоди, 2003)
Лото, лото, (2003) ТВ серија
Агенција осамени срца (2001) ТВ серија
Македонски народни приказни 2, ТВ серија (7 епизоди, 1995-2000)
– Лебарчето што зборувало со тревите (2000)
– Трговецот и слугата (2000)
– Две жени води, без гаќи оди (1995)
– Ферман за тепање (1995)
– Кој си дава, себе си дава (1995)
Хихирику, ТВ серија, 20 години (1999) (ТВ)
Каца (1999) (ТВ) …. Полицаец 2
Македонски народни приказни, ТВ серија, (19 епизоди, 1989-1992)
Викенд на мртовци, (1990) ТВ серија …. Климе Глубчев
Викенд на мртовци (1988) Филм, …. Климе Глупцев
Претежно ведро, ТВ Серија, 6 епизоди, 1987
Театарче Лево ќоше (1987) ТВ серија
Трст виа Скопје – Попот, ТВ серија, МРТВ, 1987)
Училиште за кловнови, (1987) ТВ серија, МРТВ
Солунски патрдии – Цветан (3 епизоди, 1986)
Хихирику – 5 години (1984) (ТВ)
Итар Пејо – Итар Пејо (6 епизоди, 1977) МРТВ
Волшебниот воз (1969) ТВ мини-серија, МРТВ
Да видам, да видам што да бидам (1967) ТВ мини-серија …. Дади
Мементо, ТВ Филм, р. Димитар Османли, МРТВ 1965 год.
Дади – Чавката Славка, р. Димитар Христов, (ТВ серија), МРТВ – 50 епизоди
Детективи, р. Димитар Христов, (ТВ серија), МРТВ – 18 епизоди
Владимир – Македонија може – (ТВ серија) МРТВ, р. Коле Ангеловски 12 епизоди
Дада – Балкан Бенд (ТВ серија), СИТЕЛ, р. Коле Ангеловски
Зајакот и селанецот – Шеќерна приказна, ТВ Серија, МРТВ, 6 епизоди

solunski-patrdi

Награди и признанија:
2000, Награда „Климент Охридски“ општествено признание за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Република Македонија, за улогата на постариот брат во претставата „Дунек“
1999 – Награда „Ристо Шишков“за улогата на постариот брат во претставата „Дунек“
Награда на градот Скопје „13 Ноември“ за трилогијата „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“
1982 – Награда на македонската естрада – „Актер на годината“
Три први награди за улоги во детска радио драма
Единствен учесник на сите 15 години на манифестацијата „Глумците пеат“ Долгогодишен водител на најслушаната емисија на Македонското радио „Хихирику“

Ванчо Иван Петрушевски / 1951 – 2018 /

Ванчо Иван Петрушевски,

Роден во Скопје, 1951 почина 25.08.2018 година Скопје.

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа – Отсек за актерски кадри во Скопје, во 1975 година се вработува во Драмски театар – Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнува веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Остварувајќи улога скоро без текст, тој покажува дека е актер со голема внатрешна сила и енергија, дека знае да навлегува во драмските ликови мошне простудирано и стилски изнијансирано. Особено инетерсни и целосни карактери Петрушевски остварува во комедии и проекти наменети за деца. Учествува во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и друго.

Поважни театарски улоги:

Јаков – Дупло дно од Г. Стефановски
Јове Лапало – Пангуриј од Р. Богдановски
А. Жуниќ – Сомнително лице од Б. Нушиќ
М. Траси – Џингис Кан и Мики Трас од В. Парун
Повеќе ликови – Чудото на Св. Ѓорѓија од Р. Богдановски
Јанко – Собирен центар од Д. Ковачевиќ
Ристо Чија си? од С. Насев
Миле – Грев или шприцер од С. Насев
Лаки – Маратонските го трчаат почесниот круг од Д. Ковачевиќ
Аце – Сега му е мајката од Г. Стефановски
Питер – Зоолошка приказна од Олби
Соте – Солунски патрдии од Коле Ангеловски

Други претстави: Полнета птица, Ловечка сказна, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Женски оркестар, Харем, Вујко Вања, Словенски ковчег, Платонов, Земјомерот, Тетовирани души, Сон на летната ноќ, Марисол, Халмет од Долно Гаштани и други.

ТВ и филм:

Досије К од В. Петрушевски, р. Ванчо Петрушевски, ТВ, 2007
Битолски лакрдии, ТВ серија, 2002
Ристе – Погрешно време, ТВ серија, 2000
Македонски народни приказни, ТВ серија, 1989 – 2000
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ филм, 1999
Хихирику, Радио и ТВ хумористична серија
Салон Хармони, р. Тихомир Бачовски, ТВ серија, 1998
Матеј – Ангели на отпад, р. Димитрие Османли, 1995
Грев или шприцер, р. Миле Грозданов, ТВ филм, 1993
Време живот, р. Иван Митевски, филм, 1992
Тетовирање, р. Столе Попов, 1991
Елелига Пепелига, р. Ѓорѓи Стојановски, 1991
Поштар, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1991
Опстанок, р. Миле Гроздановски, 1990
Memo, main Vater, 1988
Среќна нова `49, р. Столе Попов, 1986
Трето доба, ТВ серија, 1986
Ангелариј – Климент Охридски, ТВ филм, 1986
Сотка – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ТВ серија, 1985

Диво месо од Г. Стефановски, ТВ филм, 1984
Виновник, р. Зоран Младеновиќ, Филм, 1983
Илинден, р. Димитрие Османли, ТВ серија, 1983
Пресуда, р. Трајче Попов, 1977

Награди:

Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
Награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ

2016 – Награда 23 Октомври за животно дело

 

ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ ПОКРАЈ АКТЕРСТВОТО УСПЕШНО ЈА КРЕИРА И СВОЈАТА ВТОРА ПАСИЈА – СЛИКАРСТВОТО

Орешани е рајот во кој најдобро се снаоѓам

Тука, во тишината и убавината на руралното Орешани, во една работна атмосфера Ванчо го придодава и го доработува она што, како дополнителна уметничка пасија го познава и го работи – сликарството…

“Морам да признаам дека овде многу релаксирано и спокојно работам, иако кога имам добар мотив и инспирација, ништо не ми пречи. Знам да станам и среде дружба, на штафелајот, кој е на неколку метри од мене, да повлечам три-четири потези со четката и повторно да седнам и да се дружам

Во природно зелениот предел на Орешани, блиску, а сепак далеку до урбаното јадро на метрополата ни Скопје, лоцирано помеѓу реката Вардар и пругата, која поминува преку Орешани за да стигне до Зелениково и понатаму, се наоѓа викендичката или, како што самиот ќе рече, “рајот во кој најдобро се снаоѓа”, на актерот Ванчо Петрушевски. Тука, во тишината и убавината на руралното Орешани во една работна атмосфера Ванчо го придодава и го доработува она што, како дополнителна уметничка пасија го познава и го работи – сликарството… “Морам да признаам дека овде многу релаксирано и спокојно работам, иако кога имам добар мотив и инспирација ништо не ми пречи. Знам да станам и среде дружба, на штафелајот, кој е на неколку метри од мене, да повлечам три-четири потези со четката и повторно да седнам и да се дружам. Кога има добра инспирација, ни тишината ни времето не играат улога, ќе рече Ванчо за инспиративниот дел од работата на платното. Интересно е што токму овде во најголемиот дел од времето и просторот се лоцирани и сработени 40-тината акварели што Петрушевски ги подготвува за догледна изложба.
– Врамувањето и останатата подготовка се финансиската причина која излезе многу потешка пречка од самата идеја и реализација на сликите. Тоа би значело дека финансискиот момент на врамувањето на готовите слики е (за да се врами една слика се потребни две до три илјади денари) пресуден што се уште ниту датумот ниту местото за изложба не се апсолвирани. Но, во секој случај ќе биде наскоро, ќе рече за идејата за претстојната изложба актерот – уметник.

Кога пристигнавме во неговото уметничко (и не само такво катче) покрај речиси секогаш ведриот Ванчо Петрушевски не дочека и позитивната енергија на неговата сопруга Лидија, која бездруго остави впечаток на една тивка, спокојна, но сепак присутна и неопходна поддршка за уметникот и сопругот Ванчо Петрушевски. Додека ние муабетевме и ги разгледувавме делата на Ванчо, таа само одвреме-навреме ќе нафрлеше по нешто, секако, притоа ненаметливо презентирајќи ја својата гостољубивост, така бевме пречекани со кафе, овошје и, секако, и секогаш домаќинската чашка жолта ракија.

Се на се дружењето со Ванчо и Лидија Петрушевски беше непосредно и многу позитивно искуство за актерот кој има и друга дарба, подарена од бога – ракувањето и умеењето со четкичката, но и моделирањето, обликувањето на дрвените предмети во уметнички експонати, што значи дека и вајарството не му е непознато на Ванчо Петрушевски.

Борче ГРОЗДАНОВ

Петар Темелковски

Петар Темелковски, роден 1946 год. во Богомила. 1972 година дипломира на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија, и веднаш се вработува како актер воМакедонскиот национален театар. 1975 година се вработува во Драмскиот театар Скопје како Првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица… на филм и ТВ. 2007 година е назначен за Уметнички директор на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Од 2007 е и Редовен професор на ЕСРА (Ecole Superieure de Realisation Audiovisuelle), Скопје, Македонија.

petar-temelkovski

Поважни театарски улоги:

Горчин – Пелиново, од Жарко Команин, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Андреа Сарти – Животот на Галилеј, од Бертолд Брехт, режија Бранко Ставрев, МНТ
Војводата Дамјан – Суд, od Коле Чашуле, режиј Љубиша Георгиевски, МНТ
Крсте Шепни Постела – Време на пеење, од Петре М. Андреевски, режија Димитар Станковски, МНТ
Беранже – Носорог, од Ежен Јонеско, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Трајан Поп Стефанов – Мацедонише цуштенде, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Тригорин – Галеб, од Антон П. Чехов, режија Бранко Ставрев, МНТ
Бакингам – Ричард III, од Шекспир, режија Рахим Бурхан, МНТ
Михаил Назаров – Последните, од Максим Горки, режија Илија Милчин. МНТ
Даниел Оконел – Подзатворена врата, во сопствена драматизација и режија, по романот во стихови „Град“ од Љубчо Георгиевски, МНТ
Цар Едип – Цар Едип, од Софокле, режија Миле Корун, ДТС
Луков – Црнила, од Коле Чашуле, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Херман Клаус – Диво Месо, од Горан Стефановски, режија Слободан Унковски, ДТС
Дох Жуан – Дон Жуан, од Молиер, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Макс Брод – Стапица, од Тадеуш Рожевич, режија Богдан Хусаковски, ДТС
Исидор Солунски – Еригон, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Џемс Тајрон – Долго патување во ноќта, од Јуџин О Нил, режија Патриша Хамерстронг, ДТС
Најде Екимот – Јане Задрогаз, од Горан Стефановски, режија Слободан Унковски, ДТС
Сер – Гардеробер, од Роналд Харвуд, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Ѕвездак – Преспанскиот круг со црвена боја, од Миле Неделковски, режија Владимир Милчин, ДТС
Локид – Питачка опера, од Вацлав Хавел, режија Горан Тренчовски, ДТС
Поцо – Чекајќи го Годо, од Семјуел Бекет, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Одисеј – Филоктет, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Хам – Крајот на играта, од Семјуел Бекет, режија Горан Тренчовски, ДТС
Антоан – Виктор или деца на власта, од Роже Вилар, режија Жарко Петан, ДТС
Максим Бродски – R, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Аристарх – Самоубиец, од Гогољ, режија Бранко Ставрев, ДТС
Филип Втори – Филип Втори Македонски, сопствен авторски проект, ДТС

463a15f7f6fabb4bb8e43809b28e6566

Филмски улоги:

Дуко – Најдолгиот пат, од Петре М. Андреевски, режија Бранко Гапо
Синот на крчмарот – Време води, од Јован Стрезовски, режија Бранко Гапо
Архимандритот Андреа – Последната Македонска сага, од Симон Дракул, режија Бранко Гапо
Братот Петар – Збогум на 20 век, од Александар Поповски и Дарко Митревски

Награди:

1987год. Стеријна награда најдобро остварување на Стеријното позорје во Нови Сад за улогата на Максим Бродски во претставата „Р“ од Јордан Плевнеш во режија на Љубиша Георгиевски.
1988год. Златен ловор венец на МЕС во Сараево за најдобро остварување за улогата на Макс Брод во претставата „Стапица“ од Тадеуш Рожевич.
1990 год. Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Мустакот во „Црна“ од Љубиша Георгиевски и Богомил Ѓузел.
2000 год. Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Одисеј во „Филоктет“ од Љубиша Георгиевски
2001 год. Единствената награда за најдобро остварување во цела Македонија на Камерниот театарски фестивал Ристо Шишков во Струмица. за улогата на Одисеј во “Филоктет“.
1976 год. Награда за деби на Филмскиот фестивал во Пула за улогата на Дуко во филмот„Најдолгиот пат“ од Петре М. Андреевски
13 Ноемвриска награда на Градот Скопје за улогата на Исидор Солунски во претставата „Еригон“од Јордан Плевнеш

petar-temelkovski-9-custom

НЕПОСРЕДНО СО ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ, АКТЕР, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА 11 ОКТОМВРИ

Зар Филип на Херонеја се тепал против своите?!

“Ако сакате да стасате до Македонија, тргнете по Сонцето; Ако сакате да ја видите Македонија, ставете го Сонцето во двете очи; Ако ја сакате Македонија од дното на сопствената душа, никогаш не испуштајте го Сонцето од око; Проврете го сонцето низ иглени уши и со него закрпете ги распарчените дела…”, им порачува преку своето перо и игра на идните генерации актерот, уметник и човек Петар Темелковски

“Уште од големите професори кои ги имав на Академијата научив дека сцената е Храм, публиката е светост и дека само почитувајќи ги храмот и светоста, можеме да успееме во обидот да ја видиме светлината. А тоа се постигнува само преку тотална посветеност на професијата. Се разбира, потребни се многу одрекувања и саможртви, пред се, во хедонистичка смисла… Но, убава е трансформацијата од осаменост, на која речиси и да се привикнуваме додека сме млади, за подоцна како што е многу природно и од Бога дадено, да формираме семејство… Двете работи за мене се свети. И јас, употребувајќи ја сета моја рационална и емоционална енергија, успевам во животот да ги спојам овие две навидум неспоиви работи – професионалното и приватното”, ја започнува својата сторија или поточно животопис актерот, уметникот, Петар Темелковски, добитник на наградата “11 Октомври” за 2011 година.

За тој долгорочен, макотрпен, но, пред се, убав пат Петар продолжува да раскажува: “Секој уметник кога подготвува едно дело се соочува со низа од пречки и одрекувања, вклучително и емоционалната нестабилност, односно нервозата, но откако ќе се направи тоа што треба, особено ако е тоа успешно, сите попатни проблеми исчезнуваат… и на крајот се присетуваме на една стара, но позната и убава фраза: “Сето тоа се само слатки маки…””.

Резимирајќи го тоа што и колку ова признание го чини, Петар Темелковски ќе подвлече: “Ова високо признание ме чинеше многу работа, посветеност и упорност. Ми е драго што моментот на верифицирање на сиот мој професионален труд и оваа највисока државна награда доаѓаат во моментот на одбележување на 70-годишнината од октомвриското востание и двете децении самостојна и независна Македонија. Во оваа награда се сплотени сите копнежи за слобода, убав живот, со посебен пиетет кон оние што ги дадоа своите животи за да можам и јас и сите ние слободно да твориме, а по некој од нас да биде и награден… Јас често знам да потенцирам дека сета крв дадена досега за слободата на Македонија е најголемата трансфузија што може да ги даде една држава. Затоа посебна почит кон сите знајни и незнајни јунаци, но и до преживеаните, без кои, нормално, не можевме да ја доизградиме државата.”.

Анализирајќи го актуелниот миг и “популарноста” на поимот антиквизација, Темелковски коментира: “Штета што толку убав и комплексен збор кога се употребува во простосмртен политички миг станува одбивен и тоа не по наша вина, бидејќи токму антиквизацијата ги одбележува нашите древни, антички, старозаветни библиски корени кои цел свет ги почитува. Навистина е среќа што само еден мал дел не ги смета за свои, ами ги подарува другому како непристоен подарок… Како потврда на тоа има и историски верифицирани факти – Филип Втори во битката кај Херонеја ги поразил Атињаните, алијас Грците. Зар во таа битка во која победил Филип се тепал против својот народ?! Џорџ Елис во својот научен труд “Филип Втори и македонскиот империјализам” стави до знаење дека на 4 век п.н.е. му е потребно македонско гледиште што конечно се радувам дека е прифатено. Се надевам дека Александар од плоштадот Македонија ќе не довразуми и сите заедно ќе ги почитуваме нашите корени за да можеме да уживаме во придобивките преку кои само со добар и хармоничен живот со сите наши соседи ќе одиме напред.”.

Следејќи го ваквиот став, го запрашавме Темелкоски колку може уметникот да остане имун или пак треба да е замешан во политиката. Петар на ова со подготвен одговор: “Уметникот и политиката не одат заедно. Во зависност од ова значи, Тој не смее да се инволвира во политиката, особено ако не е кадарен за тоа. Во зборовите актер, инженер, доктор, свештеник… лежи професија, а во зборот политичар лежи функција. Но, доколку уметникот може и смета дека треба да даде нешто за просперитет на државата, во даден момент и тоа како би требало сите свои професионални, етички и естетски ресурси да ги посвети на светската културна придобивка, се разбира, промовирајќи ја пред се својата култура и земја.”

Петар Темелковски не информираше и дека во моментот, по Филип Втори, го подготвува и “Јустинијан”, чија премиера се очекува на 11 мај в година, на денот на раѓањето на основоположникот на правото. “Зар не е прекрасно да работиш нешто за човек кој подарил праведност на историјата и светот, а притоа да се работи за наш човек”, додава Темелковски. И за крај тој остава еден аманет до сите сегашни и идни генерации: “Ако сакате да стасате до Македонија, тргнете по Сонцето; Ако сакате да ја видите Македонија, ставете го Сонцето во двете очи; Ако ја сакате Македонија од дното на сопствената душа, никогаш не испуштајте го Сонцето од око; Проврете го Сонцето низ иглени уши и со него закрпете ги распарчените дела…”.

Борче ГРОЗДАНОВ

Мајда Тушар

Мајда Тушар, родена 1950 година во Скопје. Дипломира на Високата музчка школа во Скопје – Отсек за драмски актери. Од 1973 година се вработува како актер во Драмскиот театар Скопје. Во многубројните главни и споредни улоги во претстави на Драмскот театар, но и на други театри во Македонија, Мајда Тушар е актерка што ја предпочита непосредната психолошка и задлабочена игра.

Поважни театарски улоги:

Калпурнија – Јас Клаудиј, р. Слободан Унковски, ДТС
Рут – Дејствотo на гама зраците врз сенишните невени, од Пол Зиндел, р. Наум Павловски, ДТС
Ариета – Учени жени, од Молиер, р. Мата Мирлошевиќ
Дафина – Јане Задрогаз, од Горан Стефановски, р. Слодобан Унковски, ДТС
Лисијена – Болва во уво, од Џорџ Фејдо, р. Димитрие Османли, ДТС
Лаура – Татко, од Стренберг, р. Тодорка Кондова, ДТС
Кристина – Сили во воздухот, од Ромчевиќ, ДТС
Медеја – Медеја, од Д. Зајц, р. Вито Тауфер, ДТС
Рибарски караници, Голдони, р. Тодорка Кондова, ДТС
Косанчиќев венец бр. 7, р. Димитар Станковски, ДТС
Балкански шпиун, р. Љупчо Тозија, ДТС
Неда – Црнила, од Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Ленче – Ослободувањето на Скопје, р. Слободан Унковски, ДТС
Чудото на Св. Ѓорѓија, од Русомирм Богдановски, р. Слободан Унковски, ДТС
Ќерката – Ревизор, од Гогољ, р. Димитар Станковски, ДТС
Дон Жуан, од Молиер, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Трамвај наречен желба, од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли, ДТС
Хаол зад кулисите, р. Димитрие Османли, ДТС
Виктор или деца на власт, р. Жарко Петан, ДТС
Мајката – Патентелие и Тентелина, од Русомир Богдановски, р. Слободан Унковски, Битолски театар
Орестиа, р. Рахим Бурхан, Театар на ромите „Пралипе“
Тетовирани души, од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, ДТС
Блага – Кула Вавилонска, од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, ДТС
Бела – Дамите од Аламо, од П. Зиндел, р. Виолета Џолева, ДТС
Спасени, р. Кристијан Ристески, ДТС
Сопругата – Вообразениот болен, од Молиер, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Меги – Игранка во времето на Лунаса, од Б. Фрил, р. Александра Ковачевиќ, ДТС
Повеќе улоги – Роберто Зуко, р. Дритро Касапи, ДТС
Домот на Бернарда Алба, од Лорка, р. Горчин Стојановски, ДТС и други…

14721527_684570171691510_1022487342550335636_n

ТВ и Филм:

Претежно ведро, ТВ серија, МРТВ
Коца – Илинден, р. Димитрие Османли, ТВ серија, МРТВ, 1983
Анѓа – Истрел, Филм, р. Бранко Гапо, Босна филм, 1972
Погрешно време, ТВ Серија, МРТВ, 2000
Наше маало, ТВ Серија, р. Игор Иванов Изи, 1999
Јужна патека, Филм, р. Стево Црвенковски, Вардар филм, 1982
Маре – Оловна бригада, Филм, р. Кирил Ценевски, Македонија филм, 1980
Исправи се Делфина, р. Александар Ѓурчинов, Вардар Филм, 1977

Награди:

1994 год. Наградата „Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот.
1978 год. Актер на годината за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1978 год. Наградата „Војдан Чернодрински“за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1999 год. Награда за најдобра спореднаа улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“

Бољшој театар Москава Русија

Бољшој театар Москава Русија

529694_219913388150705_2055587763_n_cr

На официјалниот почеток на овој театар се пресметува на 28 март (17 март според Јулијанскиот календар) во 1776 година, кога Катерин царицата Велики доделена на принцот Петар Урусов привилегија за организирање на театарски претстави од сите видови, вклучувајќи ги и маскенбали, игри и други форми на забава, за период од десет години.

 

Урусов наскоро влезе во долг, но тоа беше партнер на британскиот трговец Мајкл Медокс, кој подоцна стана голем занимава во царска Русија на крајот Урусов излезе од оваа работа, сепак, и Медокс налетав непремостливи долг, што се на периферијата на Кралскиот Министерството за финансии. Бољшој својата прва зграда во 1780 година таа доби беше на десниот брег на реката во Neglinaja Petrovka (за тоа московјаните наречеме театар Петровски театар). Театарска зграда беше официјално отворена на 30 декември 1780 година, и беше во функција до есента 1805 година кога согорува. Бољшој повторно стана бездомници, и даде настапи во приватни театри. Од 1808 година, тие се повторно сала Arbatov, дрвена структура, која во рекордно време, изградена од страна на Карло Роси, но таа изгорела во 1812 година за време на Наполеоновите окупација на Москва.

Од 1806 година, на Бољшој стана една од царскиот театри и неговиот театар училиште за балет, пејачи и музичари, претходно се нарекува – театарско училиште Петровски – Москва царски ликеј Театар (1911 prezvana таа е во ДМБУЦ на Москва).

 

На тендерот за проект на новата сала беше спроведена во 1819 година го освои Андреј Михалков, професор на Уметничката академија, но на крајот од неговиот проект е одбиена како премногу скапо. За ова е градоначалник на Москва, Дмитриј Golitsyn нареди на проектот на архитектот Осип Бове 1820 година, кој е новиот Бољшој дизајниран како палата класичар со портик на осум масивни столбови, новиот плоштад во средината на која е голем споменикот подигнат на Аполон.

Поглед на обновени внатрешноста на 2011 година.

Moscow_05-2012_Bolshoi_after_renewal

Boljšoj teatar
Большой театр
По реставрирањето
Место Москав
Држава  Rusija
Време на градење 1820. – 1825.
Отворање 1825.
Реновирање 1856.
1921.
2005. – 2011.
Во власништво Руска држава
Тип на градба ТЕАТАР
Архитект Осип Бове
Web Bolshoi.ru www.bolshoi.ru

 

Bolshoi_interior_2011

Новата зграда беше отворена во 1825 година и ја исполни својата цел за 30 години, до неа не ја запали на 11 март 1853 година, по што останале само делови од камен.

По ова беше најавено за реставрација на театарската зграда, на натпреварот победи Алберто Кавос, главниот архитект на царскиот театар и уметност професор на Петроградската академија. Реновирана зграда Театарот бил изграден како сосема нова зграда во 1856 година, и многу повисока, така што новиот театар аудиториум висок 6 спрата, можат да се сместат повеќе од 2300 гледачи.  Нови Бољшој беше официјално отворена на 20 август, 1856 година, на денот krinidbe цар Александар II., Операта јас Белини Puritani.

 

На крајот на 19 век, на Бољшој прерасна во моќен театарска институција, чии оперски и балетски продукции на руски и други европски автори изврши силно влијание врз оваа уметничка дисциплина во целиот западен свет. По Октомвриската револуција од 1924 година, на Бољшој доби својата втора помали фаза, една третина во 1961 година, во близина на Конгресната палата во Кремљ, со капацитет од 6 000 гледачи, која беше адаптирана во фаза за големи спектакли.

 

Бољшој и покрај тешкотиите што успеале да преживеат Октомвриската револуција – во 1917 година, две светски војни и распадот на Советскиот Сојуз 1990 до 1991. Во текот на Втората светска војна, на Бољшој беше делумно евакуирани во Kuibyshev Сибир, дел од ансамбл кој остана во Москва продолжи да им даде на изведби на нивните мала сцена, добар дел од помладите членови на ансамблот регрутирани во Црвената армија за одбрана на земјата. Главната зграда на театарот беше оштетен – 22 октомври 1941 година, кога бомба удри во тремот, или покрај војна Бољшој реновиран за зима месец беше 1942 година

 

Од средината-1950 Бољшој се чести настапи низ целиот свет.

10624978_481341148674593_9166275556509113250_n

Денешната Бољшој

Главната зграда на театарот е обновена неколку пати (прво во 1921 година), но секогаш брзо – никогаш не се темелно, иако во 1987 година тогашната влада комисија, дека објектот заслужува темелна реконструкција. По многубројните одложувања, реконструкција на главната зграда на театарот започна на 1 јули 2005 година и траеше до 28 октомври 2011 година .

Обновената Бољшој беше официјално отворена на изведба на операта Руслан и Људмила Михаил Глинка, на кој беа присутни на тогашниот руски претседател Медведев и премиерот Путин.

Одлично исцртано естетско лудило

1

 

Тоа е сонот со кој си игра и поигрува и го разместува и го буди режисерот Дејан Пројковски, кој Светот поништен од нечовекот сепак, го доведува до повеќеслојност… Во тоа видно му олеснува и актерот Дејан Лилиќ кој неговиот Хамлет го води со феноменална енергија и умешност за трансформација на иронијата, лудилото, инфантилноста, зрелоста и филозофијата… речиси до перфекција… Со тоа тој потврди дека го достигна самиот врв на неговата актерска личност…

Разголено, искривоколчено расудување од човечката ерозија, хипокризијата, неверството и перверзијата до смрт… чедноста и невиноста се инфантилни, родот и крвта се сквернават без тронка чувство, поединецот во тие црнила не опстанува ниту за миг… Лудилото е зрелост, зрелата мисла е лудило, испервертирано, испрскано со крв и бесчувственост…

Во тој свет под мотото “Да се биде или не” егзистира Хамлетовската филозофска дилема поставена од Вилијам Шекспир, туркајќи го Хамлет, иако принц, на маргините на човечноста…

Тоа е сонот со кој си игра и поигрува и го разместува и го буди режисерот Дејан Пројковски, кој Светот поништен од нечовекот сепак, го доведува до повеќеслојност… работа која ја завршил скоро до перфекција, што всушност доведува до суд (барем на потписникот на овие редови), дека ова е негово најзрело режисерско остварување, со досега најцврсто втиснат режисерски ракопис.

Во тоа видно му олеснува и актерот Дејан Лилиќ кој неговиот Хамлет го води со феноменална енергија и умешност за трансформација на иронијата, лудилото, инфантилноста, зрелоста и филозофијата… речиси до перфекција… Со тоа тој потврди дека го достигна самиот врв на неговата актерска личност… Повеќеслојноста или поточно повеќестепеноста на цела оваа филозофоска трагедија зачинета со крв, лудило и малку љубов ќе беше некомплетна без сценографскиот ракопис на Владо Ѓоревски Рафик, кој веќе во неколку проекти совршено се вклопува со режисерскиот ракопис на Пројковски… Осовременетите костими јасно алудираат дека Хамлет се случува и денеска, а за тоа е заслужен Благој Мицевски, потпомогнат од техничките помагала како режисерската интенција за и преку аудио видео визуелизацијата…

imgp1755

Одличниот Полониј на Драган Спасов Дац само ја оцртува и дооформува неговата актерска профилација за создавање на ликови кои се паметат… Воздржаниот но во секој случај интересно провокативен и функционален Бранко Ѓорчев како Кралот и одлично прецизниот особено при монолошкиот изблик Лазе Манасковски како Духот – Татко се дополна во актерскиот колаж на ова повеќе од успешно театарско остварување. Во овој тим се вклопува и младиот Филип Трајковиќ, кому ова му е бездруго најцелосно и најисполнето актерско остварување… За комплетирање на позитивниот впечаток од машката актерска екипа заслужни се и Игор Ангелов и Александар Ѓорѓиески како Розенкранц и Гилдестерн, како и “епизодистите# Игор Георгиев, Никола Ацески и Слободан Трендов.

Впечаток е дека женскиот дел на екипата – Викторија Степановска како Офелија и Катерина Коцевска како Кралицата Гертруда не го вклопија сиот максимум за до крај комплетирана и до перфекција точна претстава, но сепак, не го рушат впечатокот на овој театарски чин како докрај естетски  издржано уметничко дело.

imgp1656

Ведра Женидба со многу комичен нерв

Принудната “Женидба# која носи низа од сплетки и расплети, отворени прашања и заплети, а притоа речиси константно засмејува и разведрува е на “тапет# на сцената во Карпош, односно на репертоарот на Театар Комедија. Оваа најнова, трета постановка донесе современа ведрина и дух, иако се работи за класичното дело “Женидба# од Н.В.Гогољ, кој со самото тоа што се поставува до денес е безвремено. Тоа го сфатил и разбрал режисерот Пројковски, па затоа не задирајќи многу во одличниот текст со свои мизансценски решенија и водење на актерските индивидуални способности и можности со многу умешност и познавање на занаетскиот призвук на театарот ни донесе една претстава која бездруго ќе примамува публика, ќе биде гледана. Но за тоа да го оствари неминовниот фактор – актерот односно актерите донесоа своја позитивна енергија и знаење, кое и покрај младоста која ги краси добива предзнак на стамена професионалност. Ова се однесува пред се на Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски, кои како носители на најголемиот товар едниот како “младоженецот#, а другиот како подводаџијата уште еднаш го покажаа својот исклучителен комичен нерв. Во ова им се придружи и женскиот дел од “тимот#: Нина Деан, како бараната невеста, Зорица Стојановска, како феноменалната стројничка и Кристина Ласовска која играјќи тетка навистина умешно ја “покри# својата младост. Неизбежен и функционален дел беше и “убиствената# тројка баратели на раката на младата невеста алијас Нина Деан, составена од Роберт Ристов, Едмонд Сотир и Игор Георгиев кои своите индвидиуални позиции ги “жртвуваа# за комплетирањето на сликата на една интересна и разиграна комедија. Ако на тоа се придодадат и интересно искреираните епизоди на Анкица Бенинова и Теоман Максут, добиваме целосно заокружена постановка, која ги остварува барањата на публиката и целта на комедијата, да насмее, разведри и ги почувствува благодетите од тоа, односно ведрите коментари, кои за волја на вистината покрај речиси 15-минутниот аплауз на претпремиерата ги имаше во изобилство.

Комплетниот дизајн е заслуга уште и на Владо Ѓоревски Рафик (сценографија) и Благој Мицевски (костимографија) и Горан Трајковски (музика).

Но, се разбира ако може да се говори за некој недостаток тогаш може да се каже само дека единствената “кочница# е динамиката на претставата, односно времетраењето, кое наместо нешто повеќе од 2 часа би можело да се “скрати# на околу стотина минути, со што комичниот нерв би можел уште подрастично и директно да допре до публиката. Но во секој случај делото на Гогољ, режисерот Пројковски и младиот тим од “Женидба# е за почит и препорака за сите оние театарски сладокусци кои ја преферираат комедијата.

Битот е наш и денес

Видовме приказна, Брехтовски раскажана каде архаичниот и етно призвукот беа “филувани# со стихови на Рацин, Вапцаров, од народната мудрост собрана од Миладиновци… Плакатно пародичен театар каде иронијата на човековата глупост и завист е прикажана преку пародијата и бурлескната карикираност, која го отвора пак, прозорецот за размисла, до кога и дали ќе престане човечката обичност?!

 

Жесток, фантастично жив, актуелно предупредувачки, љубовно-етички, историски… тотален театар! Битовата база на Васил Иљовски и неговата “Бегалка# (Ленче Кумановче) уште еднаш не потсетија на безграничната љубов, на претворањето на рак-раната во остварен идеал, но и на човечката нискост и ништожност наспрема светлото и недопрено љубовно човечко чувство… Видовме приказна, Брехтовски раскажана, овој пат во постановка на режисерот Дејан Пројкоски, каде архаичниот и етно призвукот беа “филувани# со стихови на Рацин, Вапцаров, од народната мудрост собрана од Миладиновци… Плакатно пародичен театар каде иронијата на човековата глупост и завист е прикажана преку пародијата и бурлескната карикираност, која го отвора пак, прозорецот за размисла, до кога или каде ќе престане човечката обичност?!

Сцената на штипскиот театар и тоа како убаво ечеше од звукот (музиката) на Горан Трајковски, кој, пак, етно-приказната за Ленка Пингова, преку музичка варијација, ни раскажа една друга, но сепак, во контекст на интенцијата и идејата на режисерот комплетно оформена приказна… И нормално и не случајно, последни остануваат актерите… Бескрупулозниот саможивник Трајко на Владимир Тулиев, беше кариката со која е прикажан контрастот меѓу доброто и злото, речиси без грешка изигран, па дури и хендикепот со зарипнатиот глас беше нишка плус во саможивниот карактер кој Тулиев го градеше… Одличниот Пеце Ристевски, како Бошко и суптилно раскажаната Ленче на Сања Арсова, со крајно редуцирани, но точни психофизички репери, беа дополнување на карактерната лепеза, Руиш Мустафа во улогата на мајката Велика покажа дека вербалното и способноста за надвладување со музиката, се одлика на мултиплицирана способност на актерот… Видовме една фанатична способност на Миле Вратеовски за трансформација од недоветниот Досе кој беше вистинско освежување, до сиромашниот Митре, кој ја отслика маката човечка, народна… Кристина Атанасова – Арсова, својата Донка ја одигра со многу сенс за тоа што е народната мудрост, но и женската наивност… И Валентина Георгиева имаше свои убави моменти во кои ја прикажа својата талентираност за “двојна# игра и како подводаџиката и сестра на Трајко, Мирса, и како мајката чија  болка, исто така, по енергија допре до публиката… И сето тоа, ефектно надополнето со сценската двослојност, со брашното на сцена кое се вееше и сееше, како ‘ркулец и живот, но и како белило и смрт, се заокружи една убава естетско-дефинирана приказна. Браво за Штипскиот театар!