Од ваша дистанца од аспект на изминатите две децении успеавте ли да создадете сопствена бајка?
– Самиот живот е бајка. Но, со оглед на тоа дека работиме за еден свет кој е чист и недопрен од Лошото и во кој портите на Доброто се секогаш отворени, со сигурност можам да потврдам, дека мојата бајка се уште ја создавам. Се разбира, со огромна помош од моите актери, кои несебично му се даваат на Театарот за деца и младинци. Зедно ја создаваме нашата бајка. Таа за мене, а верувам и за нив, ќе трае се додека не се простиме од овој свет! А можеби и потоа …
Сепак, дали би сакале да излезете од светот на бајките и децата?
– А кој би сакал да излезе од еден чист, благороден, недопрен, убав детски свет?
Многумина од возрасните не размислуваат како Вас …
– За жал, така е … затоа јас во разговор со родителите им велам почесто да навлегуваат во светот на нивните деца и да се дружат со нив.
Бидејќи од тој свет можете да излезете попозитивни и посреќни, за разлика од оној возрасниот, во кој и тоа како владее лошотијата… Ако не го сфатат тоа, ворасните не ќе можат ниту коректно и успешно да го воспитаат своето дете. Најчесто се случува од нашите обрски и трчаници, по нешто, кое, честопати е недофатно, забраваме на чистите детски души…
Во овој контекст неминовно се наметнува и прашањето дека во театрите за воздрасни речси и да нема представи за деца и младинци. Од тој аспект Ви недоставуа ли конкуренција?
– Креирањето таетарски претсави за деца и создавањето детски репоертоар е сериозна и скапа работа. Не скапа во финанска смисла, туку, пред се во сериозноста и пристапот на потрошеното време и енергија… Вакви претстави не смееат да подразбираат оформување со две -три крпчиња” наместо костими и морска пена и станиол наместо сцена. Сето тоа изгледа евтино и грдо. Што се однесува до кокуренцијата, не само што не се плашиме туку ја посакуваме, но само преку создавање театар, со изграден профил, како што е нашиот.
Што значи за Вас мисијата насловена театар за деца и младинци?
– Одејќи по трниливиот пат, создавајќи театар кој беше речиси насушно наша потеба, изодевме 82 градинки, а со нашето комбе преку кое наликуваме на вистински патувачки театар, мислам дека успеавме да ги анимираме сите деца во Македонија, па и пошироко во светот … и без лажна скромност можам да констатирам дека создадовме релевантен и репрезентативен бренд – Театарот за деца и младинци … ! Затоа можам да се пофалам дека нашата мисија е успешна, а ќе се трудиме да биде поуспешна или барем да ја задржиме на нивото и реномето кое го изградивме до сега.
Често сте потписник на сценографијата на представите во вашот театар…
– Дури 80% од представите сценски ги обликував јас. Целата приказна ја започнав за да заштедиме по некој денар, за потоа да се внесам во работата и таа да ми стане преокупација и огромна љубов…
Можете ли во една реченица да ја опишете сликата на Театарот за деца и младици?
– Морски свет, тишина, џагор, небо, вселена… фасцинантно нели?! Едноставно храм на бајките и детските сништа. Мило ми е што успеавме да го изградиме!
Лична карта на Театарот за деца и младици
Локација ул. Димитриај Чуповски” бр. 4
Прва премиера Чудовиштата во нашот град” 25 март 1990 год.
Бројки:
2762 одиграни представи;
46 премири;
580.000 илјади гледачи;
87 ангажирани актери и балерини
учество на 95 домашни и меѓународни фестивали, 40 фестивалски награди
Театарот за деца и младинци завчеравечер свечено одбележа 20 години постоење. Овој театар досега има изведено 2.762 претстави, од кои 46 биле премиери и имал 580 илјади посетители. Осумдесет и седум актери играле и играат во театарот.
“Несомнено дека овие податоци го потврдуваат фактот оти Театарот за деца и младинци претставува активен двигател на културниот живот кај нас, но и евидентен материјален доказ за заложбите, нови генерации деца да растат, да се едуцираат, да живеат со пораките од оваа сцена со маестрално изградените ролји и мајсторски изработените кукли од работилницата на оваа институција”, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прославата.
Директорот и основач на Театарот за деца и младинци Љубомир Чадиковски истакна дека за него прославата претставува средба на генерации на сите кои учествувале во театарот и потсетување на минатото. Беше прикажан 24-минутен документарен филм и фрагмент од наградуваната претстава “Македонска приказна”. Филмот е синтеза од материјалот со кој располага архивата на театарот, а во фокусот беа првите седум години од неговиот историјат. На свеченоста присуствуваа актери, кои биле или се дел од театарот, режисери, костимографи, сценографи од другите театри со кои имало соработка, како и гости од театрите од Тирана, Подгорица, Софија и Белград.
Најмладиот македонски професионален ансамбл Театарот за деца и младинци почнува да работи на 25 март 1990 година, кога во Универзалната сала во Скопје ја прикажува праизведбата на претставата “Чудовиштата од нашиот град”.