Ванчо Иван Петрушевски / 1951 – 2018 /

Ванчо Иван Петрушевски,

Роден во Скопје, 1951 почина 25.08.2018 година Скопје.

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа – Отсек за актерски кадри во Скопје, во 1975 година се вработува во Драмски театар – Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнува веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Остварувајќи улога скоро без текст, тој покажува дека е актер со голема внатрешна сила и енергија, дека знае да навлегува во драмските ликови мошне простудирано и стилски изнијансирано. Особено инетерсни и целосни карактери Петрушевски остварува во комедии и проекти наменети за деца. Учествува во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и друго.

Поважни театарски улоги:

Јаков – Дупло дно од Г. Стефановски
Јове Лапало – Пангуриј од Р. Богдановски
А. Жуниќ – Сомнително лице од Б. Нушиќ
М. Траси – Џингис Кан и Мики Трас од В. Парун
Повеќе ликови – Чудото на Св. Ѓорѓија од Р. Богдановски
Јанко – Собирен центар од Д. Ковачевиќ
Ристо Чија си? од С. Насев
Миле – Грев или шприцер од С. Насев
Лаки – Маратонските го трчаат почесниот круг од Д. Ковачевиќ
Аце – Сега му е мајката од Г. Стефановски
Питер – Зоолошка приказна од Олби
Соте – Солунски патрдии од Коле Ангеловски

Други претстави: Полнета птица, Ловечка сказна, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Женски оркестар, Харем, Вујко Вања, Словенски ковчег, Платонов, Земјомерот, Тетовирани души, Сон на летната ноќ, Марисол, Халмет од Долно Гаштани и други.

ТВ и филм:

Досије К од В. Петрушевски, р. Ванчо Петрушевски, ТВ, 2007
Битолски лакрдии, ТВ серија, 2002
Ристе – Погрешно време, ТВ серија, 2000
Македонски народни приказни, ТВ серија, 1989 – 2000
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ филм, 1999
Хихирику, Радио и ТВ хумористична серија
Салон Хармони, р. Тихомир Бачовски, ТВ серија, 1998
Матеј – Ангели на отпад, р. Димитрие Османли, 1995
Грев или шприцер, р. Миле Грозданов, ТВ филм, 1993
Време живот, р. Иван Митевски, филм, 1992
Тетовирање, р. Столе Попов, 1991
Елелига Пепелига, р. Ѓорѓи Стојановски, 1991
Поштар, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1991
Опстанок, р. Миле Гроздановски, 1990
Memo, main Vater, 1988
Среќна нова `49, р. Столе Попов, 1986
Трето доба, ТВ серија, 1986
Ангелариј – Климент Охридски, ТВ филм, 1986
Сотка – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ТВ серија, 1985

Диво месо од Г. Стефановски, ТВ филм, 1984
Виновник, р. Зоран Младеновиќ, Филм, 1983
Илинден, р. Димитрие Османли, ТВ серија, 1983
Пресуда, р. Трајче Попов, 1977

Награди:

Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
Награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ

2016 – Награда 23 Октомври за животно дело

 

ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ ПОКРАЈ АКТЕРСТВОТО УСПЕШНО ЈА КРЕИРА И СВОЈАТА ВТОРА ПАСИЈА – СЛИКАРСТВОТО

Орешани е рајот во кој најдобро се снаоѓам

Тука, во тишината и убавината на руралното Орешани, во една работна атмосфера Ванчо го придодава и го доработува она што, како дополнителна уметничка пасија го познава и го работи – сликарството…

“Морам да признаам дека овде многу релаксирано и спокојно работам, иако кога имам добар мотив и инспирација, ништо не ми пречи. Знам да станам и среде дружба, на штафелајот, кој е на неколку метри од мене, да повлечам три-четири потези со четката и повторно да седнам и да се дружам

Во природно зелениот предел на Орешани, блиску, а сепак далеку до урбаното јадро на метрополата ни Скопје, лоцирано помеѓу реката Вардар и пругата, која поминува преку Орешани за да стигне до Зелениково и понатаму, се наоѓа викендичката или, како што самиот ќе рече, “рајот во кој најдобро се снаоѓа”, на актерот Ванчо Петрушевски. Тука, во тишината и убавината на руралното Орешани во една работна атмосфера Ванчо го придодава и го доработува она што, како дополнителна уметничка пасија го познава и го работи – сликарството… “Морам да признаам дека овде многу релаксирано и спокојно работам, иако кога имам добар мотив и инспирација ништо не ми пречи. Знам да станам и среде дружба, на штафелајот, кој е на неколку метри од мене, да повлечам три-четири потези со четката и повторно да седнам и да се дружам. Кога има добра инспирација, ни тишината ни времето не играат улога, ќе рече Ванчо за инспиративниот дел од работата на платното. Интересно е што токму овде во најголемиот дел од времето и просторот се лоцирани и сработени 40-тината акварели што Петрушевски ги подготвува за догледна изложба.
– Врамувањето и останатата подготовка се финансиската причина која излезе многу потешка пречка од самата идеја и реализација на сликите. Тоа би значело дека финансискиот момент на врамувањето на готовите слики е (за да се врами една слика се потребни две до три илјади денари) пресуден што се уште ниту датумот ниту местото за изложба не се апсолвирани. Но, во секој случај ќе биде наскоро, ќе рече за идејата за претстојната изложба актерот – уметник.

Кога пристигнавме во неговото уметничко (и не само такво катче) покрај речиси секогаш ведриот Ванчо Петрушевски не дочека и позитивната енергија на неговата сопруга Лидија, која бездруго остави впечаток на една тивка, спокојна, но сепак присутна и неопходна поддршка за уметникот и сопругот Ванчо Петрушевски. Додека ние муабетевме и ги разгледувавме делата на Ванчо, таа само одвреме-навреме ќе нафрлеше по нешто, секако, притоа ненаметливо презентирајќи ја својата гостољубивост, така бевме пречекани со кафе, овошје и, секако, и секогаш домаќинската чашка жолта ракија.

Се на се дружењето со Ванчо и Лидија Петрушевски беше непосредно и многу позитивно искуство за актерот кој има и друга дарба, подарена од бога – ракувањето и умеењето со четкичката, но и моделирањето, обликувањето на дрвените предмети во уметнички експонати, што значи дека и вајарството не му е непознато на Ванчо Петрушевски.

Борче ГРОЗДАНОВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *