Сенко не се плаши од Вирџинија!

Кој се плаши од себеси и за себе? Кој се плаши од сенката на својот ум и кому му го наметнува стравот на избезуменоста. Кој се јаде меѓу себе беспоговорно и бескрупулозно отворајќи ја портата на лудилото? Кој за себе ја присвојува илузијата, туркајќи ја реалноста кон Ништото? Кој до себе нема никого, а си вообразува дека има идилична брачна слика? Кој моментот го приграбува да понижи некого, кој резонот го употребува да поништи некого?… Ова е морето од (не)одговорени прашања наметнати на еден од најголемите драмтуришки умови на минатиот век, во “Кој се плаши од Вирџинија Вулф?# – неповторливиот Едвард Олби.

vv

Во случајов, од неодамна, со овие теми и дилеми се занимаваат и во МНТ, поточно, во својата режисерска имагинација Синиша Ефтимов кој во својот “квадратен круг# ги стави Сенко Велинов – Џорџ, Весна Петрушевска – Марта, Јелена Јованова – Хани и Игор Стојчевски – Ник… за да ни понуди, покрај тешкото, мрачно, драматуршко, клаустрофобично “тесто# од зборови, и поткрепа на задскриениот страв од себеси, од сенката, од митот и илузијата на блаженото и за идиличното… За експлицитноста на тегобноста, преку мимикријата со пихолошкиот момент, најзаслужен е бездруго извонредниот Сенко Велинов, кој остави дел од себеси за паметење, за незаборав… играјќи се што психофизички можеше да се одигра: само иронија, здраворазумска, но и ѕверска заштитна логика, играјќи го немирот на Џорџ, но делумно и својот, сопствениот, одвнатре придушено, но отворено, експлицитно, за нас… Извонреден повратен ефект во смисол на восприемената енергија, имаше од Весна Петрушевска, која илузијата за мајчинството и болката од неа ја покрива со ароганцијата, ступидната нишка со позицијата, осаменоста со нападноста, за и таа преку Марта да остави голем дел од себеси на тие “20 квадрата#, кои публиката како “стар пазач# или модерно, воајерски и тоа како ги приграбува за себе… Тука се и младите Јелена и Игор, со сета нивна актерска умешност и точност во искривоколченоста (кај Ник), и ступидната наивност, со голема инстинктивна, на моменти перверзна енергија (кај Хани), да ја докажат и покажат низата од актерски бравури… на заднината на “големата# сцена во МНТ.

416983_3264895615382_2131911836_n

Ако се поведеме од правилото “добра подела – пола претстава#, тогаш, режисерот Синиша Ефтимов и тоа како добро си ја завршил работата… И на крајот со “Саноќ седам Трено…# всушност се пее “кој се плаши од Вирџнија Вулф#, која ја заспива марта,. носејќи ја илузијата до бескрај…Сепак, во прегратките на Џорџ, уште една мајсторска инвентивност, до болка и солзи… Ако на тоа уште се придодадат и сценографскит ерешенија на Ефтимов, дополнети со веристичките и отсликувачки костими на Александар Ношпал (не)присуството на  музиката… чинат една комплетна слика за хипокризијата, која сепак, во позитивна смисла, никого не остави рамнодушен… Браво за Сенко, Весна, Јелена,  Игор, Синиша, Александар и МНТ!