Одлично исцртано естетско лудило

1

 

Тоа е сонот со кој си игра и поигрува и го разместува и го буди режисерот Дејан Пројковски, кој Светот поништен од нечовекот сепак, го доведува до повеќеслојност… Во тоа видно му олеснува и актерот Дејан Лилиќ кој неговиот Хамлет го води со феноменална енергија и умешност за трансформација на иронијата, лудилото, инфантилноста, зрелоста и филозофијата… речиси до перфекција… Со тоа тој потврди дека го достигна самиот врв на неговата актерска личност…

Разголено, искривоколчено расудување од човечката ерозија, хипокризијата, неверството и перверзијата до смрт… чедноста и невиноста се инфантилни, родот и крвта се сквернават без тронка чувство, поединецот во тие црнила не опстанува ниту за миг… Лудилото е зрелост, зрелата мисла е лудило, испервертирано, испрскано со крв и бесчувственост…

Во тој свет под мотото “Да се биде или не” егзистира Хамлетовската филозофска дилема поставена од Вилијам Шекспир, туркајќи го Хамлет, иако принц, на маргините на човечноста…

Тоа е сонот со кој си игра и поигрува и го разместува и го буди режисерот Дејан Пројковски, кој Светот поништен од нечовекот сепак, го доведува до повеќеслојност… работа која ја завршил скоро до перфекција, што всушност доведува до суд (барем на потписникот на овие редови), дека ова е негово најзрело режисерско остварување, со досега најцврсто втиснат режисерски ракопис.

Во тоа видно му олеснува и актерот Дејан Лилиќ кој неговиот Хамлет го води со феноменална енергија и умешност за трансформација на иронијата, лудилото, инфантилноста, зрелоста и филозофијата… речиси до перфекција… Со тоа тој потврди дека го достигна самиот врв на неговата актерска личност… Повеќеслојноста или поточно повеќестепеноста на цела оваа филозофоска трагедија зачинета со крв, лудило и малку љубов ќе беше некомплетна без сценографскиот ракопис на Владо Ѓоревски Рафик, кој веќе во неколку проекти совршено се вклопува со режисерскиот ракопис на Пројковски… Осовременетите костими јасно алудираат дека Хамлет се случува и денеска, а за тоа е заслужен Благој Мицевски, потпомогнат од техничките помагала како режисерската интенција за и преку аудио видео визуелизацијата…

imgp1755

Одличниот Полониј на Драган Спасов Дац само ја оцртува и дооформува неговата актерска профилација за создавање на ликови кои се паметат… Воздржаниот но во секој случај интересно провокативен и функционален Бранко Ѓорчев како Кралот и одлично прецизниот особено при монолошкиот изблик Лазе Манасковски како Духот – Татко се дополна во актерскиот колаж на ова повеќе од успешно театарско остварување. Во овој тим се вклопува и младиот Филип Трајковиќ, кому ова му е бездруго најцелосно и најисполнето актерско остварување… За комплетирање на позитивниот впечаток од машката актерска екипа заслужни се и Игор Ангелов и Александар Ѓорѓиески како Розенкранц и Гилдестерн, како и “епизодистите# Игор Георгиев, Никола Ацески и Слободан Трендов.

Впечаток е дека женскиот дел на екипата – Викторија Степановска како Офелија и Катерина Коцевска како Кралицата Гертруда не го вклопија сиот максимум за до крај комплетирана и до перфекција точна претстава, но сепак, не го рушат впечатокот на овој театарски чин како докрај естетски  издржано уметничко дело.

imgp1656