Аплаузи и овации. Десетминутно отстојување на нога и поклон за оние што се поклонуваа – Актерите… Ги имаше од сите сфери, занаети, имаше и луѓе од фелата… режисери, актери, но и новинари, професори и луѓе од јавниот живот кои знаат и разбираат што е Театар…
Аплаузи и овации. Десетминутно отстојување на нога и поклон за оние што се поклонуваа – Актерите… Ги имаше од сите сфери, имаше и луѓе од фелата… режисери, актери, но и новинари, професори и луѓе од јавниот живот .. и видоа Театар преку “Животот на Молиер”од мајсторот Булгаков…тие и тоа како беа присутни…А бевме и почестени и со мини “свирка” во кои 5 или повеќе минути,побараа “уште еден ден”, за нив…
Видовме живот меѓу сонот и јавето, меѓу хипокризијата и сопствените неразрешени етички дилеми, живот кој се прпелка во театарската прашина, живот мрачен, зад завесите и кулисите, живот крпен во костимите, живот за инает на лицемерите,… но живот кој одбележал и уште одбележува едно совремие во Театарот, животот на Жан Батист Поклен де Молиер… За наша среќа Трупата на Молиер, се всели во МНТ… Навистина беше уживање да се следи моќтса за игра при трансформација на безрезервно точниот Молиер, преку врвниот Никола Ристановски… Придружен од појавите и сенките на своите актери, љубови, ќерки, жени (не)родени деца… Од театарската патина на стариот фундус, прилепена точно за телата, но и пришиена за душите на Актерите…безвремените, подложните на светските умствени провеви, недолжните жртви и “ѓаволови деца#, за сите затскриени монструозни умови.. Овие и уште многу други димензии се јасно, концизно исцртани од “виновникот# за двочасовното уживање, режисерот Александар Поповски, кој сите овие аспекти ги поврза сценски,со нас, истовремено скокајќи ја рампата и инволвирајќи го неспорниот, но секогаш тука присутен воајер, без кого не се може, играјќи си и буквално со душите на актерите но и со нашите… Знам дека ова е малку невообичаен приказ на она што се случуваше на сцената што навистина живот значеше, но како поинаку да се пристапи кога речиси до перфекција своите мали и големи улоги, но бездруго, отворени души за нас и за една ваква сторија, ни ги престорија: Сашка Димитровска, одлично чувствена како Марлен Бежар, актерка и сопатничка на Молиер, Емил Рубен, како де Лагранж, актер и сенка на Молиер, Драгана Костадиновска, која интересно ја срочи травестијата како крал Луј Велики, Оливер Митковски кој неговиот Бутон го зголеми на сцената, токму поради својата ненаметливост, Марија Новак, која исто така под плаштот на ненаметливоста беше и мајка и актерка и патеше и плачеше и и играше со своите колеги многу точно и успешно, Николина Кујача, која беше магионичар и сонувач, но и произведувач на сите пропратни и непропратни звуци на(д) сцената, Игор Ангелов, одличен како бескрупулозниот кардинал, Нина Деан како Арманда Бежар со сета своја кршливост, Дениз Абдула како Моарон докажа дека на него треба да се смета, како и Никола Ацески во неколкуте ролји, а особено во ролјата на Едноокиот, кој исто така го најави својот талент…
Заслужни за да се доживее и почувствува патината на сцена се костимите на Снежана Пешиќ Раиќ, сценографијата празна, но полна со души и фундус на Свен Јонке, изборот на музиката на режисерот Поповски и секако безрезервната поддршка на асистентот Лука Кортина.