На ова не потсетува словото на големиот Горан Стефановски кој навистина безвремено се занимава со етиката и естетиката на грамотното и говорното… ова во “Огнени јазици# што го видовме во Драмски театар завчеравечер не натера да подумаме оти Сцената е живот и покрај нејзиното својство на превртено огледало… А со тоа огледало мошне умешно мајсторски, занаетски и естетски, вешто и со знаење се занимава режисерот Слободан Унковски кој остави уште едно свое писмо со мур кое тешко дека ќе се избрише…
Да си достои човек на зборот, значи да си ја чува честа и да ја крепи благочестивоста на другите… да го негува и гали Словото значи да знае со него да векува… и оној неграмотниот со умот знае да слови и покрај сите безвремени Кули Вавилонски… оние кои не сакаат тоа да го знаат и праат, се “вадат# на преводот… а оние пак кои не разбираат зошто се случува сета световна пизма се прашуваат – чуму тогаш преводот?!
Овие неколку воведни реченици можеби ќе изгледаат чудно овде и сега во 21 век во нашето “модерно# живеење. Но ако се претпостави дека за да имаме Простор и Време да постоиме, постоел некој пред нас кој не научил на и за Бога, без разлика на тоа колку ние Го љубиме, тогаш имаме обврска со животот да ги браниме патеките на Убавото и Зборот…
На ова не потсетува словото на големиот Горан Стефановски кој навистина безвремено се занимава со етиката и естетиката на грамотното и говорното… ова во “Огнени јазици# што го видовме во Драмски театар завчеравечер не натера да подумаме оти Сцената е живот и покрај нејзиното својство на превртено огледало… А со тоа огледало мошне умешно мајсторски, занаетски и естетски, вешто и со знаење се занимава режисерот Слободан Унковски кој остави уште едно свое писмо со мур кое тешко дека ќе се избрише…
Во тоа сесрдна помош имаше од деветмината одбрани кои беа корифеите на тоа што ни се случува, случувало и ќе ни се случи… особено ако не ги отнеме ушите и не прогледаме… за виделото да ни стане појасно, народскиот Пејо, онака, машки цврсто ни го пренесе извонредниот Драган Спасов-Дац со уште една потврда за неговата актерска моќ на психофизичка трансформација… негов антипод беше Дојчин на Благој Веселинов,актер кој речиси без грешка го пренесе внатрешниот лик на апологетот на светите браќа Кирил и Методиј… соп нас беа и дамите- жени, мајки, сестри кои низ смеа и солзи духовно не поткрепија со својата професионална убавина – Сања Арсовска (Хилда), Соња Стамболџиоска (Јадвига) и Билјана Драгиќевиќ – Пројковска (Дора) кој и во сериозноста на зборот но и во извитоперениот дух на денешниот хумор се снајдоа одлично… извонредн актерска партија како Вихинг во кој се беше собрала целата светска бескрупулозна пизма, имаше одличниот Зоран Љутков…своите перформанси и во предавството и во каењето умееше да ги искористи и Филип Трајковиќ,а Игор Ангелов, (Стојко) покажа завиден регистар на актерски способности…Тие беа поткрепени од стаменото искуство на доајенот Диме Илиев, кој повторно сето свое знаење без нималку да се штеди, беше го”:истурил” на сцената…
Со звук низ безвремието на зборот и словото не носеше музиката на Златко Ориѓански, низ и по сцената сочинета од дизајнерот Игор Тошевски, а со точните и верни костими на Ивана Кнез… сето ова беше заокружено со прецизната анимација на Денис Сарагиновски…
Завчеравечер во Драмски имавме убава вечер па затоа сесрдно ви ја препорачуваме дружбата со “Огнените јазици# од сега па натаму….