Жената, вејка на фрустрациите

Ова е сижето на одличната приказна на Матеј Висниек, романски автор кој живее во Франција, но кој извонредно точно и прецизно ја слика интимата, емотивноста и индивидуалната (не)пресметливост на човекот како самосвесно битие и етичен субјект, особено како хомо сапиенс на Балканот… видена на малата сцена на Драмскиот театар од Скопје.

Жената како вејка на историјата… Жената како одраз на искривеното виорно балканско огледало… Жената како мрачен и геноциден “лек# за балканските фрустрации… Жената како објект за силување… Жената како мајка на изгубените балкански копилиња…

download

И се така до недоглед во мрачна и недогледна слика, која ја запретуваме во мозокот и спомените, но која неминовно треба да потсетува дека тоа било, е и (не дај Боже) ќе биде повторно и повторно… Жената како предмет за психолошка опсервација околу тоа каква е всушност балканската и светската слика на лудилото… Морето алкохол и низата болки не завршуваат… се додека можеби од незнајните татковци – “јунаци# и силуваната мајка, повторно не почувствуваме и имаме пород…

Ова е сижето на одличната приказна на Матеј Висниек, романски автор кој живее во Франција, но кој извонредно точно и прецизно ја слика интимата, емотивноста и индивидуалната (не)пресметливост на човекот како самосвесно битие и етичен субјект, особено како хомо сапиенс на Балканот.

Zenata 8_1

Кога сето ова ќе се преточи во драмска инсценација и кога како два субјекта пред себе имаме две одлични актерки – Билјана Драгиќевиќ – Пројковска или Кејт и Дора или Ирена Ристиќ, кои сиот свој актерски, психофизички капацитет (кој нималку, не е мал напротив е огромен по обем) го оставаат на сцена за да не уверат дека Театарот знае, може и треба да биде животна сцена. Уште кога со нив раководи  режисерската рака на Владлен Александров (гостин од Бугарија) на малата сцена на Драмскиот театар од Скопје, се создава една, можеби мрачна, тескобна, но вистинита и точна театарска приказна. Таа приказнаАлександров успешно мизансценски и знаковно ја пакува, склопувајќи претстава која мами да биде гледана. Како склоп во актуелноста и миговноста на оваа претстава е и сценскиот и костимографски (видео) дизајн на Весела Статкова (к.г. – Бугарија) која визуелно ја надополнува нарацијата на Висниек, Дора, Кејт и Владлен. Браво!