Видовме приказна, Брехтовски раскажана каде архаичниот и етно призвукот беа “филувани# со стихови на Рацин, Вапцаров, од народната мудрост собрана од Миладиновци… Плакатно пародичен театар каде иронијата на човековата глупост и завист е прикажана преку пародијата и бурлескната карикираност, која го отвора пак, прозорецот за размисла, до кога и дали ќе престане човечката обичност?!
Жесток, фантастично жив, актуелно предупредувачки, љубовно-етички, историски… тотален театар! Битовата база на Васил Иљовски и неговата “Бегалка# (Ленче Кумановче) уште еднаш не потсетија на безграничната љубов, на претворањето на рак-раната во остварен идеал, но и на човечката нискост и ништожност наспрема светлото и недопрено љубовно човечко чувство… Видовме приказна, Брехтовски раскажана, овој пат во постановка на режисерот Дејан Пројкоски, каде архаичниот и етно призвукот беа “филувани# со стихови на Рацин, Вапцаров, од народната мудрост собрана од Миладиновци… Плакатно пародичен театар каде иронијата на човековата глупост и завист е прикажана преку пародијата и бурлескната карикираност, која го отвора пак, прозорецот за размисла, до кога или каде ќе престане човечката обичност?!
Сцената на штипскиот театар и тоа како убаво ечеше од звукот (музиката) на Горан Трајковски, кој, пак, етно-приказната за Ленка Пингова, преку музичка варијација, ни раскажа една друга, но сепак, во контекст на интенцијата и идејата на режисерот комплетно оформена приказна… И нормално и не случајно, последни остануваат актерите… Бескрупулозниот саможивник Трајко на Владимир Тулиев, беше кариката со која е прикажан контрастот меѓу доброто и злото, речиси без грешка изигран, па дури и хендикепот со зарипнатиот глас беше нишка плус во саможивниот карактер кој Тулиев го градеше… Одличниот Пеце Ристевски, како Бошко и суптилно раскажаната Ленче на Сања Арсова, со крајно редуцирани, но точни психофизички репери, беа дополнување на карактерната лепеза, Руиш Мустафа во улогата на мајката Велика покажа дека вербалното и способноста за надвладување со музиката, се одлика на мултиплицирана способност на актерот… Видовме една фанатична способност на Миле Вратеовски за трансформација од недоветниот Досе кој беше вистинско освежување, до сиромашниот Митре, кој ја отслика маката човечка, народна… Кристина Атанасова – Арсова, својата Донка ја одигра со многу сенс за тоа што е народната мудрост, но и женската наивност… И Валентина Георгиева имаше свои убави моменти во кои ја прикажа својата талентираност за “двојна# игра и како подводаџиката и сестра на Трајко, Мирса, и како мајката чија болка, исто така, по енергија допре до публиката… И сето тоа, ефектно надополнето со сценската двослојност, со брашното на сцена кое се вееше и сееше, како ‘ркулец и живот, но и како белило и смрт, се заокружи една убава естетско-дефинирана приказна. Браво за Штипскиот театар!