IN MEMORIAM: Почина актерот Ацо Јовановски

Театарот е една голема анегдота – Ацо Јовановски ја живееше

Театарот е една голема анегдота, а животот на Ацо Јовановски се состоеше од низа анегдоти. Кога мојата генерација влегуваше во театарот токму неговата генерација не прими како свои. Не негуваше земајќи не во закрила и притоа учејќи не дека Академијата е само школо, а театарот е живот кој константно го учиме…”. Со овие зборови актерот и колегата Марин Бабиќ се прости од легендата на македонското глумиште Ацо Јовановски.

Од големиот актер се простија и театрологот и некогашен директор на Драмски Ристо Стефановски, како и актуелниот прв човек Роберт Вељановски. На крајот на комеморацијата одржана вчера во неговиот живот-театар – Драмски, неговите колеги, пријатели и поклоници се простија со пригодна песна и огромен аплауз, простум оддавајќи му последна почит на големиот Ацо Снагата… Ацо Јовановски беше македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена.

Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина” во 1952 година. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица”, а познат е по театарските улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка -Принцот, Манде -Турчинот, Галеб – Третљов, Болва во уво – Шандебиз и Пош една од најиграните претстави во македонскиот театар воопшто со преку 300 изведби). Јовановски има одиграно и околу 40 филмски улоги во филмовите Фросина, Волчја ноќ, Мирно лето, Македонска крвава свадба, Планината на гневот, Најдолгиот пат..