Родена е на 7 април 1945 во Куманово, член е на Народниот театар од Куманово од 1966 година сe до пензионирањето. Првата улога ја добила на 15-годишна возраст во претставата „Младоста пред суд“. Заедно со татка си, актерската легенда на кумановскиот театар Ѓоко Николовски, настапувала во претставите „Ленче Кумановче“, „Печалбари“, „Зона Замфирова“, „Ташана“, „Коштана“, „Вујко Вања“, „Моралист“, „Ученикот на ѓаволот“. На сцената заедно чекореле цели 18 години. Љубовта кон театарската уметност, пренесена од татко и, продолжила да живее во неа сe до нејзиното пензионирање, па и до денешни дни.
Во Театарот во Куманово почнала да работи во неговиот златен период. Ансамблот бил солидно екипиран, многу се работело, се правеле голем број претстави и се собирале големи успеси, дури и на меѓународен план. Тогаш директор на Кумановскиот театар бил Драгољуб Димовски Шетко, човек кој собрал извонредна екипа со која Театарот достигна вистински процут, афирмирајќи го низ цела поранешна Југославија. Зенитот на Театарот траеше долга низа години.
Љубица Гојковиќ-Николовска во својата 35-годишна актерска работа настапи во околу 300 претстави. Според неа, најдрага, најпозната и најомилена улога, а во истовреме и на публиката, и е Ленче во „Ленче Кумановче“ од Васил Иљовски. За оваа улога во 1993 година ја доби Наградата на читателите на списанието „Жена“ и по тој повод е напишано: „вечната и незаборавна ’Ленче Кумановче‘, културен симбол на градот, лик без кој не може да се замисли ниту една претстава, ниту едно културно случување, вистински актер, вистинска дама, личност со стил“. Нејзе подеднакво и се драги и улогите во: „Антигона“, „Електра“, „Лазаревото писмо“, „Гејм оувер“, „Диво месо“, „Глембаеви“, „Сочувај ја својата тајна“, „Малограѓанска свадба“, „Кумановска свадба“… Повеќе и лежат драмски улоги, но добро се снаоѓа и во комедии. Актерот треба да носи во себе разновидност и подеднакво да е добар во сите жанрови…
И по толку години, Буба нема време за одмор. „Артистот, вели, секогаш чувствува долг кон публиката и живее за нејзиниот аплауз“. Се препознава по карактеристичниот глас, филмскиот поглед кој зрачи од нејзините очи и убавото лице.
„Покрај татко ми, јас израснав во театарот. Тоа како да морало да се случи. Не можам да замислам да работам ништо друго. Понекогаш не знам кој ми е прв дом, дали театарот или оној во кој живеам“. Жали што ќерките не пошле по нејзиниот пат и се надева дека тоа, можеби, ќе го сторат внуците. Смета дека е успех да се пребродат сите кризи и да се остане нормален, здрав, исполнет и жив. За свој неуспех го смета тоа што не се потврдила повеќе на филмот и на телевизијата, а жали и што не родила повеќе деца.
За нејзината игра на сцената имаат пишувано многу критичари, и тоа главно во суперлативи. На пример, за нејзината улога во „Партија реми“ од Дин Ли Кобурн, критичарот напиша: „Љубица Гојковиќ донесе на сцена една силна Моника што раскрстува не само со својот живот, туку и една жена што преку партијата реми го игра својот живот. Нејзината актерска вештина се транспонира од внимателна, суптилно предадена женственост до остра, систематична промисленост на повредена жена“ и ја покажа актерската експресивност како една од позитивните оски на еден театар кој ововремено беше на изумирање. Гојковиќ игра како да е ова последната партија реми, актерство, живот! Ја голта докрај својата способност за трансформација. И ја покажува максимално Љубица Гојковиќ, првенката на Народен театар – Куманово“. Добитник е на наградата на град Куманово за претставата „Дејство на гама-зраците врз сенишните невени“ во 1984 година и на Ноемвриската награда на град Куманово за животно дело во 2005 година.
Работела и со аматерскиот театар во Свети Николе, со кој има освоено повеќе награди.
Актерот не познава старост
Постарите твореле, работеле во друго време. Понекогаш, нормално е да имаат друго сфаќање. Младите ја имаат енергијата на своја страна, а кај старите преовладува искуството. Токму тоа е она што треба да претставува второ, неофицијално школо за младите актери и за сите оние кои работат во театарот. Мислам дека во Кумановскиот театар имаме среќа што постои голема соработка помеѓу сите генерации актери, вели за конекцијата со своите помлади колеги популарната “тетка Буба”
Во што е тајната на вечната младост на актерот во однос на улогите и кој период од неговиот живот може да се земе како најплоден?
– Во Театарот не постојат стари артисти. Секој е на свој начин млад. Актерот не познава старост. Речиси секогаш постојат улоги и за старите и за младите актери. Се разбира, не е исклучено и младите да играат старци. Мене, на пример, ми се случи на 23 години да играм мајка. Колегата Ацо Ѓорчев, го откри драмското во мене за да можам да изградам лик на старица, со негова помош направив добра улога. Актерите преку трансформацијата се одржуваат вечно во театарот.
Колку е вистинско постоњето на јазот помеѓу младата и старата генерација?
– Зборот јаз е многу тежок. Нормално е да има разлика, бидејќи со генерациите расте и Театарот, се менува естетиката… Постарите твореле, работеле во друго време. Понекогаш, нормално е да имаат друго сфаќање. Младите, ја имаат енергијата на своја страна, а кај старите преовладува искуството. Токму тоа е она што треба да претставува второ, неофицијално школо за младите актери и за сите оние кои работат во Театарот. Мислам дека во Кумановскиот театар имаме среќа што постои голема соработка помеѓу сите генерации актери. Кога се почнува со нов проект едвај се чека да се почне со работа. Можеби грешам, но, сметам дека во театрите во внатрешноста како да постои поголема соработка отколку во театрите во Скопје.
Апосолвиравме дека за актерот нема мирни пензионерски денови… Во оваа смисла колку често сте Вие во театарот?
– Речиси секој ден! Едноставно не можам без театарот. Ако не сум на сцена тогаш сум во холот, низ кулоарите, гримиорните, со пријателите… во театарот!
Дали и колку успевате да го одвоите приватниот од професионалниот живот?
– Покрај тоа што сум актерка, сум и домаќинка, сопруга и мајка. Сметам дека успевам да го одвојам приватното од професионалното. Иако, при внесувањето во ликовите и нивното градење сум “поткраднувала” по нешто од луѓето околу мене.
Постојат ли ликови кои не Ви легнале?
– Секако дека има, бидејќи актерот е кревко емотивно битие. Едноставно, постојат ликови кои не можете да ги примите на себе и во себе. Но, затоа тука секогаш е работата со која покрај талентот, се надминуваат пречките…
Постојат ли за Буба неостварени желби за некои улоги?
– Во театарот како колективен чин сум играла многу и мислам дека сум одиграла речиси се. Но, единствено нешто што не ми е остварено како желба е да одиграм монодрама. Најверојатно, тоа е поради тоа што не ми е дојден в рака текст кој би навлегол во мене и со кој ќе можам да го интерпретирам, да го искажам она што го можам и сакам… Нормално, тоа треба да е издржан текст, сенешто не би играла.
Импресивен животопис
Љубица Гојковиќ – Николовска првата улога ја добива на 15-годишна возраст во претставата “Младоста пред суд”. Заедно со нејзиниот татко, легендата на Кумановскиот театар Ѓоко Николовски, настапува во претставите Ленче Кумановчее Печалбарии, Зона Замфироваа, Ташанаа, Коштанаа… Професионално за НТ Куманово е врзана од 1966 година, па се до пензионирањето. Во нејзината, речиси, петдецениска кариера има одиграно ролји во околу 300 претстави. Според неа најдрага, најпозната и најомилена улога и е Ленче Кумановчее во истоимената претстава од Васил Иљоски. Покрај Ленче Кумановчее впечатливи се нејзините остварувања во Антигонаа, Електраа, Лазаревото писмоо, Гејм Оверр, Диво месоо, Глембаевии, Малограѓанска свадбаа…
Борче ГРОЗДАНОВ