Роден е во Струмица, 1938 година.
Иако завршува на отсекот за сликарство на Вишата педагошка школа, Чедо Христов се вработува како актер во Струмичкиот театар Антон Панов. Таму останува од 1958 до 1964 год. кога преминува во Македонскиот народен театар во Скопје каде останува се до пензионирањето во 1996 год. Сепак, неговото образование не останува ниту залудно ниту попусто затоа што тој освен како актер паралелно се занимава и со сценографија на повеќе театарски сцени во Македонија што се разбира ќе биде и соодветно валоризирано токму на МТФ В.Чернодрински во Прилеп.
Уште на почетокот на неговата кариера, за време на ангажманот во Струмичкиот театар, Чедо Христов добива ласкави оценки од страна на театарската критика, а е со задоволство и со симпатии прифатен и од страна на публиката. Така, во театарските хроники останува забележано, меѓу другото, дека во претставата Љубовта е таква од Павел Кохут во 1963 год. во режија на Саша Маркус, од артистите се издвоиле оние што посебно успеале да ја трогнат публиката со трагедијата на Лида Матис се Чедо Христов… А е еден друг запис фрла поголема светлина на неговиот творечки хабитус. Имено, во истата година тој се јавува во својство на режисер, сценограф и толкувач на една од главните ролји во пиесата Три ангели. Во врска со ова претстава ќе остане забележано, дека… од носителите на главните ролји подобар впечаток оставиле Чедо Христов… Овде е важно да се согледа неговиот интерес за разни области на театарската уметност што и не е редок случај во светски рамки. И уште еден извод за неговиот ангажман во истата година, но овој пат во претставата Лето авторски проект на Бранко Ставрев: Во претставата посебно се истакнал Чедо Христов во ролјата на Безделникот. Тој со својот темперамент искусно и талентирано ја остварува ова навидум лена, но комплицирана улога. Во 1964 год. пред да премине во МНТ, Чедо Христов ја добива наградата од Здружението на драмски уметници за улогата на Ник во претставата Матуранти. Покрај веќе наведената сценографија на Три ангели, Христов во ова својство се јавува и за претставата Свет од Нушиќ во режија на Саша Маркус. А еве што за неговиот ангажман како сценограф во Матуранти ќе забележи критиката: … Ваквото филмско третирање на просторот и времето нашло ингениозна подлога во функционалната и духовито замислена сценографија на Чедо Христов.
Меѓу првите ролји во новата театарска средина (МНТ) Чедо Христов ќе ја има во претставата Коломба од Ануј заедно со Ристо Шишков. Во врска со овој негов ангажман критиката ќе забележи: Младиот Ч.Х. дебитант на Скопската сцена е вистинска ѕвезда. (Впрочем токму затоа и ја добил главната машка улога). Потем ќе следуваат бројни ролји кои ја исполнуваат неговата актерска биографија.
Покрај досега споменатите ролји и претстави во неговата селективна театрографија уште би ги набројале и оние во Црнила, Мајка, Електра, Јунона и паунот, Крал Лир, Деца на сонцето, Хелдерлин, Хеда Габлер, Кенгурски скок, Глоговиот џбун, Ревизор, Антица, Посета на старата дама, Галеб, Типот кој добива шлаканица…
Чедо Христов како актер останува запаметен и препознатлив по својот специфичен баршунаст глас, по вештината во психолошкото нијансирање на ликовите и по својот темперамент и енергичност која секогаш умешно ја контролира и употребува.
Во билансот на неговите награди преовладуваат оние кои тој ги добил за сценографија на МТФ Војдан Чернодрински во Прилеп. Тие му се доделени за сценографиите на Тутунски пат, Смртта на трговскиот патник, Големата награда, Адам и Ева и Јас Халиј Гарсија. Што се однесува до актерството, еднаш тој е добитник на наградата за млад актер и во два наврати ја добива наградата за најдобар актер на Здружението на драмските уметници на Македонија.
РАЗГОВОР СО ЧЕДО ХРИСТОВ
ЧЕДО ХРИСТОВ (1 мај 1938–30 мај 2011)
РАЗГОВОР СО ЧЕДО ХРИСТОВ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”
Актерството визија, сцената слика за Театарот
Иако своето образование на одделот за сликарство на Вишата педагошка школа, Чедо Христов доби работа како актер во Струмичкиот театар “Антон Панов”. Тој работеше таму 1958-1964, а откако влезе во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што остана се до неговото пензионирање во 1996 година, неговото образование не беше залудно, но, паралелно со својата актерска кариера тој беше фази дизајнер на неколку изведби во Македонија, а секако и сите негови напори доби соодветна валоризација на МТФ Војдан Чернодрински во Прилеп.
Од почетокот на својата кариера за време на ангажманот во Струмичкиот театар Чедо Христов добива ласкави проценките на театарски критичар, и е задоволен со сочувство и прифатени од страна на публиката. Така, во театарот хроники се наведува, меѓу другото, во претставата “Љубовта е таква што” од Павел Кохут во 1963 година, во режија на Саша Маркус, од уметници, кој успеа да допре до публиката со трагедијата на Лида Матис беше Чедо Христов. И уште еден извадок става повеќе светлина врз неговиот творечки хабитус. Имено, во истата година, тој се појави во својство на режисер, дизајнер фази и толкувач на една од главните улоги во претставата “Три ангели”. Наведени на оваа претстава ќе остане забележано дека … за главните улоги подобар впечаток остави Чедо Христов … Овде е важно да се реализира неговиот интерес во различни области на театарот што не е редок случај во светот. И уште неговиот ангажман во истата година, е претставата “лето”, авторски проект на Бранко Ставрев: Во оваа претстава особено нагласена во улога на “битанга”, беше Чедо Христов. Со своите искусни и талентирани темперамент оствари оваа навидум едноставна, но комплексна улога. Во 1964 година, пред да премине во МНТ, Чедо Христов добива награда од Здружението на драмски уметници за улогата на Ник во претставата “школа Дипломирани студенти” на. Покрај веќе споменатите фазата на дизајнирање на “Три ангели”, Христов направи и сценски дизајн на претставата “свет” од Нушиќ во режија на Саша Маркус. И тука, за неговите заложби како сценограф во претставата “Училиште дипломирани студенти” на критиката ќе каже: Овој филм лекување на просторот и времето се најде генијален позадина во функционални и духовито conceptuality сценографија на Чедо Христов.
Меѓу првите неговите улоги во новиот театар средина (МНТ) Чедо Христов имаа можност да играат во Коломба од Anuj заедно со Ристо Шишков. Во врска со овој ангажман неговите критичари ќе забележи: Младите CH.H. Дебитант на сцената Скопје е вистинска ѕвезда. (Всушност тоа е причината зошто тој доби и улогата главниот машки). Потоа ќе следи голем број на улоги да ги исполни својата актерска биографија.
Покрај горенаведените улоги и кои се присутни во повеќе селективен неговата teatrografy ќе се споменат оние во темнина, мајка, Електра, Јунона и пауни, Крал Лир, Деца на сонцето, Хелдерлин, цитат Хеда Gabler, Кенгур скок, глог грмушки, ревизор, Антица, Посета на старата дама, гулаб, типот кој добива шлаканица …
Чедо Христов како актер останува запаметен и признати за нејзината специфичен глас, а исто така по вештина во психолошки тон на ликовите и нивниот темперамент и енергија, која секогаш умешно ја контролира и се користи.
Во неговото портфолио награди преовладуваат овие кои ги добил за сценографија на МТФ Војдан Чернодрински во Прилеп. Наградите се доделуваат за фазата на дизајнирање на: Тутун патот, смртта на трговски патник, Големата награда, Адам и Ева и јас Halij Гарсија. Како за глума, откако тој ја доби наградата за најдобар млад актер и два пати доби наградата за најдобар актер на Здружението на драмски уметници во Македонија
Иако завршен сликар Христов за своја вокација ја одбира глумата, сепак останувајќи и “верен” на својата “прва” професија, но пак инволвирајќи ја во театарот преку низата изградени сценографии… Животот го носи низ уметничката филозофија до ѕвездите, а искуството до перцепцијата за убавото во Театарот… За сите овие амплитудни движења низ уметничкиот живот, проговоривме непосредно, срдечно со уметникот Чедо Христов…
Наградите – сатисфакција или верификација?
ХРИСТОВ: Не би се сложил во потполност со терминот сатисфакција, оти тој во себе содржи и други, понекогаш, несакани примеси. Би се сложил дека наградите се верификација, особено оваа последнава што ја добив бидејќи доаѓа од еснафот. Секој оној што работи посветено без разлика за која професија се работи, нормално е на крајот да очекува да не биде заборавен од својата фела. Тоа е сосема природно како што е природно, но понекогаш и неправедено не сите да бидат задоволени во оваа смисла.
Во што точно се состои верификацијата?
ХРИСТОВ: Токму во реализацијата на професионалното во текот на целиот мој живот. Речиси од мал сум во театарот и се занимавам со глума, паралелно вљубувајќи се и во сликарството. Се “фатив” за сценографијата која, интересно, ми ги донесе речиси сите награди, а оваа последнава е збир на сите добри нешта и дојде како круна, како малина на шлагот.
Каде и кога успеавте да ги споите сликарството и глумата?
ХРИСТОВ: Патешествието започна сосема случајно во Струмица со појавата на новиот бран кога сите работевме се што можеме. Еднаш се случи да не стасаат навреме сценографиите за две претстави и јас се нафатив, иако се уште ученик да ги направам. Обете ги сработив успешно и оттогаш паралелно со моите улоги сум и успешен во областа на сценографијата. Спојот е во тоа што преку сцената (сценографијата) како слика навлегувам во сите пори на театарот, а глумата само ми ја олеснува таа работа бидејќи преку неа пак е полесна перцепцијата на театарот во суштина. Сценографијата има своја идеја и мисла, а актерот е тој кој ја овоплотува или ја носи на сцена таа и сите други идеи и суштината во театарот. Сцената е всушност архитектура, а јас ја гледав како решение за свој дом. Најверојатно тука е успешниот спој на овие две професии во едно – во театарот.
Дали постојат идеали? Колку се тие застапени сега, а колку тоа беа некогаш?
ХРИСТОВ: Секое време си носи свои белези. Не би можел најповикано да говорам за денешните идеали, но за своето време можам со сигурност да потврдам дека постоеја и ги примавме во многу голема доза. Но тоа беше тогашен одраз на општата состојба.
Постои ли боемштината денес?
ХРИСТОВ: Од боемштината остана само по некој слог од некоја половна излитена реклама… или децидно: НЕ!
Како се исцртуваше Вашиот театарски животопис?
ХРИСТОВ: Ја имав таа привилегија да работам со основачите на Македонскиот театар, некогашните столбови – Џувалековски, Џундева, Гогов, Думов… Таа соработка секогаш течела природно и секогаш ми носела нешто ново и надградувачко во мојата кариера, веројатно, тоа е клучот на мојот веќе изграден и надополнет уметнички животопис…
Какво е Вашето искуство на релација режисер – актер?
ХРИСТОВ: Генерално не сум имал речиси никакви проблеми. Но за волја на вистината ја имав таа слобода за да ако не се гледам во некоја улога да му речам на режисерот да не ме земе во поделата. Тоа во извесна мера беше казниво, бидејќи ако си вработен – мора да играш! Но најверојатно во тоа време ваквата слобода ми ја овозможува позицијата која ја бев стекнал како автор. Од друга страна, што ми е уште подраго, ниту една ролја што веќе ми била доделена и сум сакал да ја играм не ми била одземена… Од режисерите, едноставно, не можам да се пожалам.
Кажете ни ја Вашата размисла за суштината на театарот во општествена смисла?
ХРИСТОВ: Според мене, можеби пристрасно театарот е еден од главните сегменти на општеството. Пред се, поради индивидуалната културолошка надградба на поединецот. Низ историскиот времеплов се менувале естетиката и начинот на исказ и перцепција. Но целта во основа е иста. Едукација на гледачот. Театарот секогаш се движел на релација сегашаност – минато – визија за иднината. Тој театар кој не поседува која било од овие карактеристики не заслужува да се вика театар.
Што Чедо има да му замери на Христов?
ХРИСТОВ: Не знам точно, но најверојатно најголемата маана на Христов, која Чедо би му ја замерил, е недоволната прилагодливост со дневно-политичката клима, поточно отсуството на прагматичност во овој контекст…
Има ли нешто што не сте го одиграле, а би сакале да има свое место во лепезата одиграни ликови?
ХРИСТОВ: Никогаш не сум се грабал за Хамлет, но за Леоне Глембај да! Ете тој ми остана неостварена желба покрај над илјада одиграни претстави, со преку триесетина носечки ролји, со реализација речиси сто настотна…
Младиот актер Христов…
Се случи на промоцијата на книгата “Пробата љубов моја” од Анатолиј Ефрос познат руски режисер и педагог. Претходната вечер ја беше гледал “Зајдисонце” од Исак Бабељ-автор руски Евреин. Бевме предупредени дека доколку не му се допадне тој може да стане и демонстративно да ја напушти претставата. Кога следниот ден дојдов на ред да ми ја потпише неговата книга, тој стана ме прегрна и рече: Христове јас ве запомнив. Вие сте голем актер. А кога по претставата со Бранко Ставрев зборувале за одличниот актер во ролјата на Крик Ставрев помислил дека станува збор за Шишков, кој го играше, исто така, Крик ном Мендељ, мојот татко во претставата. Но кога Ефрос објаснил дека се работи за недоразбирање и дека зборува за мојата ролја на младиот Крик, тогаш Ставрев фалејќи ме рекол: “Да, да и тој е одличен актер покрај Шишков, но од младата генерација која го носи репертоарот… а јас сум две години постар од Ристо Шишков!”