Историја на Народен театар – Куманово
Драмската уметност во Куманово отсекогаш наидувала на плодно тло. Траги на драмската уметност се среќаваат уште во почетокот на дваесетиот век. Документарни траги среќаваме веќе во 1920-1926 година, кога при КУДАбрашевиќ се формира драмска секција.
Преку разни приредби, КУДАбрашевиќ со својата активност ги зближувал напредните работници и продонесувал за нивно политичко осознавање. Драмската секција при друштвото подготвила неколку дела: Жртва на капиталот и Рудари, напишани од тогашниот професор во гимназијата во Куманово, Милан Мијалковиќ, потоа На дното од Максим Горки и други.
Драмата Жртва на капиталот која требала да се прикаже пред полна сала во кино Едисон (сегашноКозјак), заради својата тематика во последен момент била забранета. Во салата се слушале извици: долу полиција!, долу варварство!. Актери во оваа и во другите драми биле напредни младинци од Куманово, меѓу кои и професорот Мијалковиќ со својата жена Љубица. Оваа претстава, освен во Куманово, се играла и во други места како Врање, Скопје, Штип и Велес.
Разните провокации и насилства не спречиле работата на овие секции, а претставите насекаде биле поздравувани и следени со интерес.
Шестојануарската диктатура во 1929 година се одразила и на активноста на КУДАбрашевиќ и неговите секции. Работата на Друштвото во тој период била забранувана, но членовите успевале да продолжат со нивната активност.
Со формирање на синдикатите во 1933 година, била обновена активноста на КУДАбрашевиќ, во чија дејност, по неколку години, се вклучиле и познатите револуционери од нашиот крај: Перо-Чичо, Киро Бурназ, Мара Нацева и други.
Во овој период се работело тешко, меѓутоа ентузијазмот, упорноста и љубовта кон создавање на ваквиот тип уметност биле гаранција дека резултатите нема да изостанат.
Во периодот од 1936-38 година биле организирани повеќе излети до селата на Општина Куманово: Шупли камен, Режановски врби, Градиште, Матејче, Прешево и други. На приредбите во овие села, најмногу прифатена била едночинката Секира од Благој Стефковски-Гојчо, во која бил прикажуван макотрпниот живот на селаните. По иницијатива на Партијата и Месниот синдикален совет, во 1938 година бил организиран излет во селото Матејче, на кој присуствувале работници од Куманово, Скопје, Велес и Прешево. На сите излети присуствувала и полиција, која била задолжена за ред и мир за време на прикажувањето на едночинките и скечевите.
Во Куманово, пред Војната, работеле и други групи кои подготвувале едночинки. На почетокот на 1930 година биле формирани и две дилетантски групи: дилетантската група при Занаетчиската комора, која секоја сабота давала програма, а своите едночинки од Нушиќ, Стерја, Трифковиќ и др. ги давала во зградата на Занаетчискиот дом и дилетантската група при Трговската комора, во која најиграни биле едночинките на Перо Николиќ, а посебно неговата Тон филм.
И за време на окупацијата и Вооруженосто востание, во Куманово не престанале активностите од оваа културна дејност. И во партизанските единици, во периодот на кратките одмори, меѓу две битки, биле прикажувани едночинки.
Градски аматерски театар од 1945 – 1948
Во овој период од развојот на театарската уметност во Куманово неколку случувања и настани ќе придонесат за удирање теменли за поорганизиран и поадекватен период и третман во градење на театарска структура преку иницијативи, кадри и проекти, што ќе претставува солидна основа за севкупното театарско живеење во времето што потоа ќе следи.
Во декември 1944 година, на иницијатива на љубителите на драмската уметност бил формиран бил формиран Градски аматерски театар. Првиот проект бил прикажан на самиот плоштад (некогашнаТумба) и тоа претставата Ние сме ќорите.
Посебно значаен датум е здобивањето на сопствена зграда на театарот во 1947 година. Местото каде што требала да се изгради сцената и припаѓало на Ленче Владиќ, вдовица на љубителот на драмска уметност Леонид Владиќ, која со задоволство дозволила да се изгради сцена на местото на кое живеела. На оваа сцена прво била прикажана комедијата Чорбаџи Теодос од В. Иљоски, а потоа и Сомнително лице од Нушиќ, Житата зреат од Мокрев, Водата од планината од Р. Плаовиќ и др.
Со одлука на Народниот одбор на Општина Куманово од 01.01.1948 година, Театарот започнал да работи како полупрофесионален. Првите професионални актери во Театарот биле: Ѓоко Николовски, Петар Тасевски, Киро Крстевски, Митко Кировски, Рада Сарева и Вера Петрушевска.
Професионална театарска куќа од 1948 – 1954
Следната етапа од развојот на Театарот, започнува со датумот 15.07.1948 година, кога со работа започнуваПрофесионална театарска куќа, со уметнички ансамбл од петнаесет актери. Во пригодно адаптиран сценски простор биле реализирани вкупно триесет и една премиерни изведби, со над осумстотини претстави.
По седум години постоење како Професионална театарска куќа, кумановската театарска публика, па и сите кумановчани изгледа немале доволно сили да и се спротистават на официјалната власт и партиските структури во тоа време. Пред се театарски работници, како на актерите Илија Милчин и Илија Џувалековски, работеле на затворање на поголем дел од тогашните професионални театарски куќи во Македонија, меѓу кои и кумановскиот театар.[1]
Повторно раѓање на НТК од 1961- 1990
Едно од неколкуте неиздржани образложенија за затворање на театарот во 1954 година било дека потребите на кумановската публика, која масовно ги посетувала претставите во својот театар, треба да почне да ги задоволува Македонскиот народен театар, кој за седумте години кога Куманово немало театар, всушност не успеал да ги задоволи потребите на кумановчани. Тој гостувал само три пати или, во просек земено, на две години и четири месеци по еднаш, со што уште на самиот почеток била погрешна тезата за затварање на театарот, а од друга страна допринело и за потполно замирање на театарскиот живот во градот.
Овој потег не можел да ја уништи желбата за театар на кумановските ентузијасти, па тие, меѓу кои Драгољуб Димовски, Душко Петровски, Ѓоко Николовски и др., во 1961 година со поткрепа на градски структури на тогашната власт, придонеле повторно да се роди и да заживее театарска куќа во Куманово. Откако се адаптирал сценскиот простор, каде Театарот и сега егзистира, и откако се направила задодоволителна структура од млади актери од Куманово, актери од други театарски куќи, како и актери од претходниот состав, се создале солидни услови за создавање на нови и квалитетни вредности, кои предизвикале внимание не само кај домашната публика, туку и на севкупната културна мапа на Македонија.
За само три-четири театарски сезони, откако биле направени квалитативни промени во актерски состав со доведување нови имиња, како Ацо Ѓорчев, Милојка Ковечевиќ, Митко Костов, Кире Андоновски и др., со продукција, на која можеле да позавидат голем број театарски куќи во тоа време, Театарот повторно ги освоил срцата на кумановчани и станал хит театар во шеесетите години
ТЕАТАРСКА СЕЗОНА | ПРЕМИЕРИ | БРОЈ НА ИЗВЕДБИ |
1961/62 | 12 | 79 |
1962/63 | 7 | 112 |
1963/64 | 7 | 115 |
1964/65 | 7 | 120 |
1965/66 | 7 | 138 |
1966/67 | 7 | 150 |
1967/68 | 7 | 146 |
1968/69 | 7 | 162 |
1969/70 | 7 | 160 |
1970/71 | 7 | 155 |
ВКУПНО | 75 | 1337 |
На крајот на ова деценија, добар дел од актерскиот состав го напуштил театарот, заминуваќи пред се во скопските театри, што довело до перманентно опаѓање на продукцијата и намалување на претходно стекнатите вредности. Но, прикажаните седумдесет и пет премиери за десет години, односно илјада тристотини триесет и седум претстави и посетеност од вкупно 439526 посетители, говорат за целокупната успешност на овој театар.
Откако две-три години на почетокот на седумдесетите години биле изгубени во внатрешни недоразбирања, на репертоарот на кумановскиот театар се отстапил повеќе простор за македонска драма и за само пет сезони, дела од македонски автори биле поставени два пати повеќе, отколку за целиот период по ослободувањето.
Во текот на осумдесетите години била надминат дефицитот на актери. Била вработена речиси цела класа завршени академски актери од Факултетот за драмски уметности, бројката се зголемила на шеснаесет актери, а тоа допринело и за подобрување на целокупното работење во Театарот, како и за поадекватна репертоарска политика.
ТЕАТАРСКА СЕЗОНА | ПРЕМИЕРИ | БРОЈ НА ИЗВЕДБИ |
1980/81 | 6 | 139 |
1981/82 | 2 | 154 |
1982/83 | 5 | 126 |
1983/84 | 4 | 180 |
1984/85 | 4 | 124 |
ВКУПНО | 21 | 723 |
Во првата половина на осумдесетите години со 723 изиграни претстави, Народниот театар од Куманово бил веднаш зад Драмскиот театар од Скопје (1142) и МНТ (830).
Поради недоразбирања со официјалните органи на власта и партиски структури, било сменето раководството во театарот и во втората половина на осумдесетите години дошло до повторно згаснување на театарот, при што дошло до опаѓање на премиерни изведби, а со тоа и до опаѓање на вкупниот број прикажани претстави, речиси за половина,па биле одиграни 375 претстави. Дошло и до престанок на работа и повторно затворање на театарот.
Повторно театар во Куманово од 1991-2002
По затворањето на кумановскиот театар во 1989 година, со актерски ансамбл од само осум членови и речиси без сценска техника и руинирана театарска зграда ставена вон употреба, за среќа без поголема пауза, со помош на тогашните градски структури, враќањето на Томислав Спасовски на чело, тој заедно со помошта на Ристо Стефановски, на 8 Мај 1990 година повторно ја кренале завесата на театарот со претставата Црна од Б. Ѓузел, во режија на Љубиша Георгиевски.
По три години екипирање, 1993 година станува значајна година за театарот во Куманово. Во негов состав влегува и Сашо Миленковски, во чија режија претставата ГАМЕ ОВЕР на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп била прогласена за Најдобро театарско остварување, а претставите Антигона од Д. Јовановиќ, во режија на Ленка Удовички, како и Црнила на К. Чашуле, во режија на Љ. Георгиевски, влегле во десетте најдобри претстави според ренгирањето на списанието Екран, во кое традиционално, секоја година го правело рангирањето.
Прогласувањето за најдобро театарско остварување на претставата ГАМЕ ОВЕР, најдобро актерскоостварување на Горан Илиќ, наградата за режија на Љубиша Георгиевски, како и двете актерски награди во претставата Црнила на Митко С. Апостоловски и Љупчо Хаџистојанов, гостувањето во Крањ, Словенија на претставите Антигона,какои гостувањето на Црнила во Данска на Деновите на македонската култура, се мигови кои ги одбележуваат 1993 и 1994 година.
По пет години од повторното формирање и започнување со работа, биле прикажани дваесет и осум премиери, петстотини и седум репризни прикажувања и 84933 посетители, што дава јасна слика за театарот во Куманово во деведесетите години.
Меѓутоа, во поседните две или три театарски сезони, поради рестриктивната политика на Министерството за култура во однос на финансирање, придонеле за создавање на поголеми потешкотии во нормално одвивање и извршување на функцијата за која постои театарот, со што театарот одново се нашол пред вратата на неизвесност на прагот на дваесет и првиот век. Но, секако театарот продолжува со работа.
Народен Театар Куманово од 2002 до денес
Народниот театар Куманово од 2002 година, па до денес, заедно со Домот на култура Трајко Прокопиев,функционираат како задничка куќа (едно правно лице), под името Национална установацентар за култураТрајко Прокопиев – Куманово. И Домот на култура, и Театарот се наоѓаат на поранешните локации, па претставите и денеска се реализираат и репризираат во Театарот, освен фестивалот Денови на комедија, кој поради потребата од поголема сала, традиционално се одржува во Домот на култура.
Вака изгледа табелата на премиери од 2000-09 година:
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 |
2 | 4 | 1 | 3 | 5 | 5 | 3 | 4 | 5 | 5 |
Театарот во Куманово денес (2009)
Кумановскиот театар го зазема централното место на драмските случувања во градот. Од 1961 година, до денес, тој се наоѓа на истото место, во центарот на Куманово, а историјата покажува дека без разлика на кое место и да се наоѓал како објект, Театарот располагал со квалитетен актерски ансамбл и звучни режисерски имиња. Посебен напредок се забележува по повторното отварање на театарот во 1991 година, кога како директор во театарот доаѓа Томе Спасовски. По само две години театарот го свртува вниманието на македонската јавност, а посебно на љубителите на театарската уметност, со тоа што нуди квалитет во репертоарната политика, а како заслуга за тоа, говорат наградите за најуспешна претстава (меѓу кои Златна плакета за ГАМЕ ОВЕР), како и наградите за актер на годината (Горан Илиќ, Драгиша Димитриевски-Шипе и Митко С. Апостоловски). Оттогаш, па наваму, театарот одново не го достигнуваврвот на македонската театарска уметност[2], но не престанува со создавање на квалитетни театарски продукти и не заостанува зад останатите театари во Македонија.
Во 2002 година, заедно со поранешниот Дом на култура, Театарот го среќаваме под името, Национална установа центар за култура Трајко Прокопиев – Куманово[3].
Со новото име на кумановскиот театар не се смени бројката од минимум 100 прикажани претстави годишно, како и доделувањето на награди на актерите.
Како што може да се види од Табела 5, театарот нема свои постојани режисер, сценограф и костимограф. Исто така, нема ни драматург. Позитивно е тоа што сега за сега вработувањето оди по нагорна линија. Составот е зголемен во однос на 2002 година, па навака. Намален е само бројот на актери, на чие зголемување активно се работи.
После секој пад на Театарот, кој како што видовме во Историјата на театарот, се случува скоро на секои десет години, Секторот за програма и организација активно работи на репертоарско и кадровско престројување. Меѓутоа, во тој процес треба да бидат вклучени и творци на драмска дејност, што во моментот не е случај.
Текстот е добиен од дипломската работа“Анализа на театарот во Куманово” 2009год.
Симона Тоскиќ
Минатата година беа изведени осум наслови на македонски јазик и четири наслови на албански јазик.
Кумановските актери извеле 90 претстави кои биле посетени од над 17.500 гледачи.
30 претстави пред 6500 гледачи за пола година
„Одиграни се две премиери и 26 репризи во наша продукција и уште 12 претстави, гостувања и копродукции на македонски јазик, со вкупна посетеност од околу 6.500 гледачи”, велат од Театар Куманово од каде за втората половина на годинава најавуваат комедија со која планираат учество на Денови на комедијата со што планираат да ја надминат бројката од околу 17 500 гледачи што ја постигнаа минатата година.
2017 -ТРИ ПРЕМИЕРИ, ПЕТ РЕПЕРТОАРНИ ПРЕТСТАВИ
Во текот на 2017 година, Народен Театар Куманово на својата сцена се претстави со три премиери: „Хај Фај“ од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи, „Интрига и љубов“ од Фридрих Шилер, во режија на Љупчо Георгиевски и „На погрешно место во погрешно време“, инспириран од текст на Франсис Вебер, а во режија на Мирослав Петковиќ.
Освен овие премиери, на репертоарот беа и претставите „Жена од Минатото“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Нела Витошевиќ и „Бегај еве ја жена ти 2-Па не баш“, по текст на Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски.
Кумановската екипа преку овие претстави се обрати до публиката, обидувајќи да подели заеднички моменти: слободно сонување и верна репродукција на соништата, висока верност, барем во себе, во „Хај Фај“; штитењето на слободата и животите на генерации и генерации млади луѓе од наездата на бескомпромисните борци за власт, во секое општество и во секое време, во „Интрига и љубов“; урнебесни, скоро невозможни, но комични ситуации со низа неочекувани пресврти во кои се препознаваат многу карактери и од нашето секојдневие во комедиите „На погрешно место, во погрешно време“ и „Бегај еве ја жена ти 2 – Па не баш“, можни одговори на прашањата „дали човекот е среќен со изминатиот живот или е спремен да остави сè зад себе и да скокне во нов“ и „како минатото влијае на сегашноста и дали може да ја уништи иднината“, во „Жена од минатото“.
Во периодот од 02.10.2017 до 21.10.2017 година, НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово го реализираше 20-тиот Меѓународен театарски фестивал „Денови на Комедија” – Куманово 2017. На фестивалот учествуваа вкупно 15 драмски остварувања од земјата и од странство (Р. Србија, Р. Бугарија, БИХ и Р. Косово), а Театар Куманово на Фестивалот ја изведе премиерно претставата „На погрешно место во погрешно време“.
Да споменеме и дека во состав на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово, работи и ансамбл на албански јазик со свој репертоар.
Резиме на 2018 год Театар Куманово
Колку драми беа изиграни во кумановскиот театар?