Пазар – Market
Театар Комедија е најмладата театска институција во Република Македонија и со самото тоа што е жанровски определен театар има јасно дефинирана и таргетирана публика. Освен со својот жанр, младиот ансамбл со кој е екипиран театарот е главниот атрибут на Театар Комедија како за привлекувањето на млада публика така и за брзото постирање во македонскиот театарски етер.. Се разбира не се работи за публика само од Скопје, туку и од цела Македонија, која не само што доаѓа во Театар Комедија, туку и театарот има мисија што е можно повеќе да гостува низ градовите низ Македонија и со тоасе создава можност за приближување на комедијата со што е можно поголема и подисперзирана публика.
Достигнувања – Achievements
Театар Комедија во својата четиригодишна историја, иако кратко постои успеа многу брзо да се постави како една од најсериозните театарски институции и по бројот на премиери, и по бројот на изиграни престави, и по бројот на гостувања и фестивали низ земјата и странство, како и освоени награди на национални и интернационални фестивали.
Во своето кратко по години, но богато по достигнувања портфолио, Театар Комедија бележи 14 свои премиери, и со тоа го гради својот репертоар, кој се состои од праизведби на македонски автори како За Секого има по една од Венко Андоновски во режија на Владлен Александров и Ах љубов моја од Коле Ангеловски во режија на Коле Ангеловскии Лет над кандидатското гнездо од Блаже Миневски во режија на Андреј Цветановски, Нешто Пропуштаме од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски, како и Господарот на кукавицата од Венко Андоновски во режија на Андреј Цветановски. Театарот исто така је негува икомедијата од класиците на светската книжевност како Гогољ( Женидба во режија на Дејан Пројковски) и Шекспир ( Многу врева за ништо во режија на Дејан Пројковски), како и класикот од античката комедија Лисистрата од Аристофан во режија на Наташа Поплавска, но внимава и на современите текови на светската комична драматургија како текстот на Ксенија Драгунска Чувството на брадата во режија на Борис Лијешевиќ. Се разбира секогаш има место за хит текстовите како булевардската комедија Стјуардеси од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов, Име од Александар Делапателие и Метју Делапорт во режија на Ненни Делместре, како и Вардарски пастуви во адаптација и режија на Синиша Евтимов.
Театар Комедија има остварено многу гостувања низ Република Македонија и тоа во : Кичево, Виница, Штип, Радовиш, Гевгелија, Куманово, Свети Николе, Охрид, Битола, Прилеп,Тетово и низ други градови во републиката. Исто така се има претставено и на разни фестивали во Македонија од кои се враќал со награди, како наградите за најдобар млад актер, костими и музика за претставата Женидба на националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински 2013 година, како и наградата за најдобар млад актер за претставата Хамлет во Пикантен сос на истиот фестивал следната година. На фестивалот за античка драма СТОБИ 2014 година со претставата Многу врева за ништо, Театар Комедија се закити со наградите за најдобра машка и најдобра женска улога, како и наградата за најдобра режија. Во 2015 година Театар Комедија беше на два фестивали со претставата Лисистрата, и тоа на фестивалот Денови на сатиарата во Загреб од каде што се врати со награда за најдобар млад актер-карактерна комика за Валентин Костадиновски во улогата на Старецот, како и фестивалот Бутринти 2000 во Саранда, Албанија. Исто така се има претставено на фестивалите за монодрама во Битола, Денови на Комедија во Куманово, Охридско лето и Шекспир фестивалот во Битола.
ТеатарКомедијабешенадвегостувањанадвородграницитенанашатадржава: СопретставатаЗасекогоимапоеднаодВенкоАндоновскинаинтернационалниоттеатарскифестивалЦрноМоревоТрабзонвомај 2013 год. инафестивалотзакомедијавоМостарМостарскалискасопретставатаАхљубовмојаодКолеАнгеловски и севратисотринаградизаактернавечерта, најдобрарежија и најдобрапродукција. Во јануари 2015 година театарот беше на гостување во Црногорско Народно Позориште Подгорица со претставата Чувството на Брадата во режија на Борис Лијешевиќ.
Во текот на 2013 год. Театар Комедија во соработка со Општина Аеродром органзираше Театарско Културно Лето – аеродром се смее на кој учествуваа Театар Комедија, Драмски Театар и Македонски народен театар. Културното лето се одржуваше од 17.06 – 22.06.2013 год во Паркот на Езерата во општина Аеродром, додека во 2014 година прерасна во првиот фестивал на комедија Гола Месечина кој се одржа во општина Аеродром од 21.06 до 30.06.2014 година и оваа година фестивалот доби интернационален карактер со гостувањето на Народен театар- Тузла и театар од Белград. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер и се доделија 4 парични награди – една за најдобра машка улога, за најдобра женска улога, најдобра режија и гран при за најдобра претстава.
АНСАМБАЛ
http://www.teatarkomedija.com.mk/index.php/ansambl
Историјат – History
Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година. За директор на институцијата е поставена врвната актерка Јелена Жугиќ која од 1997 па до 2012 г беше водечка актерка во ансамблот на Драмски театар Скопје и носител на многу театарски награди и признанија. Своето официјално отварање Театар Комедија го имаше со претставата Ах љубов моја на 27 март 2012 година, на Светскиот ден на театарот и со тоа го означи своето постоење во македонската театарска историја. На почетокот Театар Комедија ја користеше сцената на Драмски Театар, но како поминуваше време стануваше претесно за амбициозниот тим на Театар Комедија, и во тие моменти, на 3 март 2014 година Театар Комедија доби свој објект во центар ( Стар Театар Центар) и со тоа ја зголеми и својата публика и простор за создавање и креирање на нови уметнички светови.
Производ – Product
Театар Комедија како жанровски определен театар се обидува да ги постави сите подвидови на комедијата на својот репертоар, од класична комедија, преку гротеска па се до формата на кабаре, но се е поврзано со жанрот на комедијата.
Театар Комедија создава производ кој секогаш се обидува да ги задоволи двата клучни фактори за создавање посакуван продукт. Од едната страна е создавање на уметничко дело кое достигнува врвни естетски вредности и ги задоволува сите критериуми за свеж и модерен театарски израз, а од друга страна се наоѓа факторот на публика која е задоволна од она што го видела.
Театарот се залага за модерен тотален театар, со актерот во центарот, и тоа актер кој е подготвен и да игра и да пее и да дејствува на сцената за што повисоко театарско доживување и остварување.
Театарот е екипиран со актерски ансамбл, но исто така и техничка екипа, како и администрација кои сите заедно како тим работат за остварување на крајната цел, привелекување на нова публика, како и задржување на лојалната.
Неодамнешен развој – Recent Developments
Театар Комедија на својот репертоар најмногу има текстови кои со својата назнака се класична комедија и го негува модерниот пристап за поставување на истите текстови. Но во следниот период Театар Комедија сака да го прошири својот репертоар со сите подвидови кои можат да влезат во жанрот комедија, како што се кабарето, мјузиклот, стендапот како и многу други форми на театар.
Промоција – Promotion
Театар Комедија со својата маркетиншка стратегија успева да привлече голем број на публика и навикнат е да игра пред полни сали каде и да оди. Својата маркетиншка стратегија ја заснова на константно присуство во медиумите, и пишани и телевизиски и радио станици, како и објавување на својот неделен и месечен репертоар низ етерот. Исто така многу сериозно го сфаќа рекламирањето на претставите како и на актерите кои се столбови на репертоарот преку интервјуа, изјави и медиумското појавување на самите актери. Благодарение на оваа маркетинг стратегија , двајца актери од анасмблот на театар комедија во 2013та год ја добија престижната награда за најпопуларен млад актер во македонија „Златна бубамара на популарноста“, како и наградата за најдобра претстава во 2014 на „Златна бубамара на популарноста“.
Театар Комедија има своја фејсбук страна со преку 20.000 фанови на која ги објавува своите новости, премиери, гостувања како и редовниот репертоар кој го игра во својот објект. Бидејќи голем дел од нашата публика е младата популација на возраст од 18-35 години овој начин на рекламирање претставува одлична можност што поголем дел од публиката да знае што точно се случува во театар комедија секој ден.
Вредности на стоковата марка – Brand Values
Она што е многу важно е дека Театар Комедија со сите свои претстави привлекува различна публика, но постои и е едно јадро на публика кое доаѓа на сите претстави- младата популација. Заради разновидонста на публиката Театар Комедија може да се пофали дека се најпосетуван театар по изиграна претстава. Театарот со своите премиери, изведби, гостувања, фестивали и промоции многу брзо стигна во врвот на македонскиот театар и успеа да се наметне како бренд и меѓу театарџиите, како и кај публиката која редовно и со големо уживање ги следи сите успеси на театарот. Затоа овој потег за вклучување на Театар Комедија во Супербрендс е повеќе од логичен, бидејќи е театар со најмногу публика во Македонија, но и театар кој ужива респект од театарџиите.
2017 година за директор е поставена Сашо Рисотвоски
2017 година за уметнички директор е поставена
- Мирјана Поповска – Ристов.
- Роберт ристов е одговрен за маркетинигот на Театар комедија
- Jелена Жугиќ , директор на Театар Комедија, на парламентарните избори 2014год бесе кандидат за пратеник од владеацката партија во македонија, бесе изгласана за пратеник и се повлече од пратеницкото место , се со цел преку културата и театар комедија да допринесува за развојот и напредокот на театарската уметност
- Дека 93% од билетите за секоја претстава на репертоарот на Театар Комедија се распродадени на 2 дена пред изведбата на претставата
- Дека претставата Стјуардеси е најпопуларната претстава во Македонија за 2014 година. Секоја изведба е полна и продадена месец однапред.
- 2016
За два дена Театар Комедија неодамна успеа да продаде 953 билети и буквално да го распродаде репертоарот за целата недела. Ова е само доказ дека македонската публика сака да оди на театар, да се насмее, а доколку има повод плус како што е намалена цена на влезниците, тогаш продажбата на билети оди како алва. Со преку 400 претстави и над 130.000 гледачи Театар Комедија го оправдува своето речиси петгодишно постоење. По сите овие бројки Театар Комедија е очигледно вистински потег и со самиот жанр, но и со квалитетот на претставите што ги нуди.Редовниот репертоар на Театар Комедија е повеќе од успешен и голем дел од претставите се хит, сепак, како што велат одговорните во Театарот, ако треба некоја да се издвои тоа е претставата “Стјуардеси”, која веќе има над 80 изведби, како и претставата “Вардарски пастуви”, која се продава на каса штом излезе на репертоарот. - 2017 година сработено31.01.2017 „Трудна приказна“ -Благица Секулоска; Режија: Лидија Дедовиќ
27.03.2017 „Сон на летната ноќ“- Вилијам Шекспир; Режија: Андреј Цветановски
- 09.2017 „Дони Дарк“, – Режија : Роберт Ристов
07.10.2017 „Мечка“ –А.П.Чехов; Режија: Димче Николовски- Димса
14.11.2017 „Бракот е брак“, – Режија: Теа Беговска
27.12.2017 „Жена ми се вика Борис“ – Рафи Шарт; Режија Синиша Ефтимов