Сабина АЈРУЛА – ТОЗИЈА актерка

Родена е во Скопје, 17 април 1946 година.

Sabina Aj

Актерката Сабина Ајрула е познато име на македонската театарска сцена, како и истакната актерка во повеќе телевизиски и филмски продукции во и надвор од земјата. Препознатлива по својот актерски физикус, вонредниот талент и работа посебни во секоја улога, таа создавала и создава редица ролји по кои ја препознава публиката. Посветеноста кон секоја ролја, без разлика од обемот на работа, естетската специфика при градењето на ликот, ефикасноста на совладување и на најтешките актерски задачи, создаваат од Сабина Ајрула актерка која ја сакаат и соработниците и публиката. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери. Нејзината посветеност кон актерската креација се препознава и во улогите на театарските сцени и на филмското платно и пред телевизиските екрани. Без разлика дали станува збор за улога во детска претстава, на целовечерна претстава на матичната сцена, некое гостување, или филмска и/или телевизиска ролја, Сабина Ајрула создава на ист начин – искрен, внимателен, посветен, едноставно човечки топол и непосреден.

По завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје (1965) се вработува во Драмскиот театар – Скопје (1967) на чија сцена до денес остварила повеќе од шеесет ролји. Освен на матичната сцена играла во скоро сите македонски театри, Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје, како и во повеќе независни театарскипродукции, чии претстави се поставени и изведени во Универзалната сала во Скопје, Младинскиот културен центар – Скопје, Независниот театар „Театра“. Во позначајните ролји по кои ја препознава публиката и за која е наградена се вбројуваат: Лисјена во Болва во уво од Жорж Фејдо, во режија на Димитрие Османли (1974), Гертруда во Хамлет од Шекспир, во режија на Слободан Унковски (1977), Фатиме во Солунски патрдии од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски (1979), Џеси во Добра ноќ, мајко од Марша Норман, во режија на Мето Јовановски (1987), Ким Фулер во Дамите од Аламоод Пол Зиндел, во режија на Виолета Џолева (1993), Агнеса воИгранка во времето на Лунасаод Брајан Фрил, во режија на Александра Ковачевиќ (1995), Лени во Злостори на срцетоод Бет Хенли, во режија на Карма Ибзен (1995), Герасија Кузмич Петрина во Платоновод Чехов, во режија на Димитар Станкоски (1999), Хекуба во Орестод Еврипид, во режија на Стојан Стојановски (2004) и многу други. Една од улогите кои придонесоа да се истакне како сериозна актерка комплетно фокусирана на пренесување на актерската колоритност што ја поседува е и улогата на Мајка Тереза, во претставата Светица на темнината од Венко Андоновски, во режија на Нина Николиќ (МКЦ, 2011). Нејзиниот опус брои повеќе од седумдесеттеатарски ролји со кои настапувала и на познатите театарски фестивали во земјата и надвор, како што се Дубровничките летни игри, Охридско лето, МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп, на фестивалите во Шибеник, Каракас,Стеријино позорје – Нови Сад, МЕСС и многу други.

Освен на театарските сцени, активно партиципира во телевизиските и филмски продукции. Од позначајните треба да се евидентираат: Време без војна (игран филм, 1969), Итрата вдовица (ТВ филм, 1969), Ветер во кутивче кибрит (ТВ филм, 1970), Жед (игран филм, 1971), Јад (игран филм, 1975), Исправи се Делфина (игран филм,1977), Оловна бригада,(игран филм,1980), Време, води (игран филм, 1980), Црвениот коњ (игран филм, 1981), Јужна патека (игран филм, 1982), Полноќно сонце(краткометражен игран филм, 1982), Јазол (игран филм, 1985),Тетовирање (игран филм, 1991), Ангели на отпад (игран филм, 1995),Контакт (игран филм, 2005), Сенки (игран филм, 2007). Играла и во телевизиските серии Илинден (1982), На наш начин (1985), Солунски патрдии (1986), Трето доба (1987), Салон Хармони (1998). Освен во македонска, игра во телевизиски серијали и од турската продукција, како што е нејзиното учество во познатата серија Величенствениот (2011-2014).

За своите актерски креации наградена е неколку пати, посебно треба да се споменат Наградата на ревијата Екран најдобар актер, за улогата наАгнесаво претставата Игранка во времето на Лунаса(1996) и НаградаКлимент Охридскиза повеќегодишна творечка работа (1996).

SSabina a

Сабина Ајрула – Тозија е актерка чија работа инспирира и предизвикува и за публиката и за помладите актерки што почнуваат да ги освојуваат театарските сцени.

Нaгрaдa зa живoтнo делo “Вoјдaн Чернoдрински”   2015 год