“Петар Пан” и дружината ни овозможија да летаме

12495021_10207262880944444_6997960896900942980_n
УБАВА ТЕАТАРСКА СРЕДБА СО СОНОТ

Ова ни го овозможија Петар Пан и неговите другари од Недојдија, а и Венди, Џон и Мајкл, заедно со неодминливата Ѕвончица и нејзината вилинска волшебна прашина…

Овој лет во Театарот за деца и младинци, иако траеше само час и петнаесетина минути ни подари насмевка и светли ведри лица

Детскиот сон е нешто најубаво што може да му се случи на секој човек. За жал, ние постарите многу често не можеме ниту да го поимиме ниту, пак, да допреме до тој сон, затоа што, пред се, и над се ни недостасува детската чистота, добрина имагинација, но и сонувањето со отворени очи, а да не зборуваме за летањето…

Но ете, и невозможното по некогаш се случува, па така, и ние постарите без имагинација, успеавме да полетаме…

Тоа ни го овозможија Петар Пан и неговите другари од Недојдија, а и Венди, Џон и Мајкл, заедно со неодминливата Ѕвончица и нејзината вилинска волшебна прашина…
Овој лет во Театарот за деца и младинци, иако траеше само час и петнаесетина минути ни подари насмевка и светли ведри лица.

За тоа заслужни се Ненад Митевски, кој имагинацијата на Петар Пан ја претвори во стварност, кој летањето и добрата желба ги претвори во наједноставното и најлесното нешто на светот, Наташа Петровиќ која заедно со Марија Ѓорѓиовска и Ана Левајковиќ-Бошкова како Венди Џон и Мајкл, од мирниот овоземен свет влетаа во авантурите на јунаците од Недојдија, кои не забавуваа и во ниеден момент не не оставија рамнодушни.

За сплетките беше задолжерна и Тања Павловска -Кочовска како Ѕвончица, Винета Дамческа и Предраг Павловски беа “земните” граѓани г-дин и г-ѓа Дарлинг… Тие актерски беспрекорно си ја завршија задачата покажувајќи како, кога се игра за деца тоа се прави лесно, со душа.

12400815_10207262883464507_4915493344694482100_n

Дури и “лошите чичковци” – Капетан Кук или Мартин Јорданоски и Сми алијас Драган Довлев, по својата наивност не заостануваа во дарувањето на насмевките, се разбира, и тие со нивните бесрекорни актерски можности и квалитети. Ним друштво им правеа и Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Изабела Новотни, Катарина Илиевска -Силјановска и Бујамин Селими, некои од нив појавувајќи се и трансформирајќи се успешно во уште неколку ликови.

Целата оваа дружина беше водена од мајсторот на куклата и сликата, режисерот Боњо Лунгов, веќе одомаќинет гостин во театарот за деца и младинци и посведочен мајстор на бајката, со веќе препознатливиот и суптилен режисерски ракопис.

12316159_10207262880864442_8021658836744133753_n

Нему пак, дружина му беа и сесрдно му помагаа Дилјана Прванова, чиј беше целокупниот дизајн – сценографијата костимографијата и авторството на куклите, а потполната на играта меѓу живите ликови и актери и куклите (Петар Пан и сите останати деца беа кукли, а возрасните беа живи земски луѓе), слика која јасно го раздвои Светот од Сонот, беше дополнета уште и со музиката на Михаил Шишков.

Шишков и Прванова всушност го надополнуваат “гостинскиот тим” од Бугарија.

Отелотворената приказна од Џ.М. Бари е можност и вие да дојдете и да уживате во едно вистинско (не само) театарско освежување. (Б.Г.)