НТ Штип Ацо Шопов

12037984_10206478071043420_6701043404047271667_n

Почетоците на театарот во Штип се кон крајот на деветнаесетиот век.

Македонските дејци –учителите Даме Груев, Пере Тошев и Гоце Делчев ја поставуваат романтичната трагедија „Разбојници“ на Ф. Шилер во учебната 1894/95 година која е една од поинтересните претстави.

За време на Кралството Југославија во 1923 година во Штип е формирано Штипско театарско друштво односно се формира Повластено народно позориште, чиј основач е гимназискиот професор Душан Будимировиќ. Друштвото изведува повеќе претстави, претежно комедии, (од француските булеварски комедии до комедијата Кир Јања на Стерија Поповиќ), сите во режија на Будимировиќ. Исто така, Друштвото организира и театарска школа. Во тоа време во Штип се отвора и музичко училиште, во кое се едуцираат идните солисти и музичари за театарскиот оркестар. Театарот почнува да се професионализира.

04

На 29 август 1923 година, е изведена  и првата оперска претстава, Палјачи на Р. Леонкавало. Ова е прва оперска претстава во Македонија изведена со домашни изведувачи. Во декември 1925 година свечено е отворена нова театарска сала сместена во градскиот хотел „Гранд“.

Во периодот од 1923, па до 1927 година  реализирани се над сто претстави повеќето со национално- патриотска содржина. Еве некои од нив: „Гроф Мишка“ од А. де Флер, „Лилјак“ од Хафнер и Желе, ,,Скаперникот“, „Вообразениот болен“, „Тартиф“, ,,Граѓанинот благородник“ од Молиер, „Хамлет“ од Шекспир, ,,Ревизор“ од Гогољ, Сирано де Бержерак“ од Едмон Ростан, “Лага и паралага“, „Кир Јања“, „Покондирана тиква“, Ј.С. Поповиќ, „Народен пратеник“, „Сомнително лице“, „Протекција“, „Свет“ од Нушиќ, „Хасанагиница“, „Хајдук Станко“, „Селска лола“, „Дорќолска работа“, „Кралевата есен“ од Станое Главаш, „Македонка“ од Д. Будимировиќ и Славко Нетков, „Два цванцика“ од Милован Глишиќ, „Коштана“ од Б. Станковиќ, „Просидба“ од А.П. Чехов, „Близнаци“ од Плаут, „Граѓанинот Благородник“ од Молиер, „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од В. Иго, „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“ од С. Сремац и други.

По извршувањето на атентатот на генералот Ковачевиќ на 5.10.1927 година работата на Театарот била забранета сé до 28.03.1929 година.

Во 1934 година и наредната 1935 година под раководството на композиторот, педагогот и диригентот, рускиот емигрант Сергеј Михајлов, Театарот повторно дејствува во штипската културна јавност. Под раководството на Михајлов, кој по барање на Будимировиќ, поради потребата од музичка едукација на актерите, бил префрлен од Гевгелија во Штип, во Театарот се одиграле 20 претстави.
01 (1)

Во 1936 година соочен со кризи (кадровски, финансиски, организациски), театарот ја намалува својата дејност, така што сосема се „повлекува“ во гимназијата и му се враќа на аматерскиот статус. Театарот се сели во гимназијата каде учениците биле единствените артисти. Токму таа година е забележана како година во која дефинитивно престанува работата на Штипскиот бенифициран театар.

 

Освен оваа гимназиска драмска дружина, до почетокот на Втората светска војна во Штип инцидентно се активни уште неколку аматерски драмски дружини.

Во текот на војната театарската активност ја презема бугарското Читалиште, чиишто активисти изведуваат повеќе пиеси од бугарски автори.

01

По завршувањето на Втората светска војна Штип набргу станува центар на театарскиот живот во тој дел на републиката. Театарот во Штип, како и формирањето на другите театри во републиката. се формирани во многу неповолни економски и општествено-политички услови.

Во јануари 1948 година, тогашната драмска секција при Културно-уметничкото друштво „Ванчо Прке“ прикажува две едночинки, во кои настапуваат идните актери на професионалниот штипски театар. Со подготвување неколку нови премиери, аматерскиот ансамбл постепено се зголемува.

03

Континуитетот во театарот се остварува на 8.11.1944 година на денот на ослободувањето на градот, кога започнува новата ера на организираното театарско живеење во Штип. Иако се работи за театарска активност со различни ефекти, сепак, станува збор за слични концепти кои произведуваат слична културна практика и слично театарско бранување.

Драмската секција на XIX бригада на 8.11.1944 година во новиот животен амбиент набиен со свеж воздух како последица од победата над фашизмот пласира театарска претстава, за тоа време, со многу индикативен наслов „Хитлер во агонија“. Претставата е прикажана во природен амбиент каков што обезбедувале улиците на тогашниот Штип: тесни, непоплочени или калдрамисани – слика за долгогодишните османски комунални решенија во поглед на инфраструктурата.

За само една година штипјани се нашле пред нова претстава. По „Хитлер во агонија“ драмската секција формирана при Народниот фронт ја изведува комедијата „Д-р“ на Б. Нушиќ. За оваа претстава членовите на секцијата ја користеле салата во Хотелот „Македонија“, а потоа и салата во Хотелот „Нов Белград“.

Во 1948 год. го среќаваме првиот печатен плакат Градски народен театар – Штип, со насловот на претставата „На стража” од Виктор Емин, а следната година е поставена „Печалбари од Антон Панов.

07

????????????????????????????????????

Во 1949, Градскиот народен одбор ја донесува одлуката за основање Областен народен театар во Штип. На 10.10.1949 година во фискултурната сала, односно меѓу реквизитите за физичка култура, актерите на Областниот театар ја изведоа претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ во режија на Борис Стојчев. Со премиерната изведба на претставата „Кир Јања“ започнува работата на Штипскиот областен театар. Како професионален театар, започнува да работи во јануари 1950 година. Прв директор на театарот е Борис Стојчев. Во текот на 1950 година Обласниот театар добива сопствена зграда (Соколана).
„Парталковци” беше првата премиерна претстава на новоформираниот Областен театар во неговата сопствена зграда.

 

Прв професионален состав на Обласен народен театар Штип (јануари 1950):
Борис Стојчев – режисер и актер, директор; Милка Ќерамитчиева, Александар Думов, Олга Рунчева, Димитар Зајков, Алеко Протогеров, Ацо Арсов, Трајче Зафиров, Ружа Икономова, Стојка Слејанска, Илија Арев – актери.

 

Од 1954 година театарот го носи името Народен театар Штип.

Во 2004 година Народниот  театар од Штип влегува во состав на Национална установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип и како таков функционира до ден денес.
Меѓу 1948 и 2015 година театарот има одиграно 358 премиери, со повеќе од 5.000 репризи, чии носители се над 400 театарски дејци, автори, режисери, актери, сценографи, костимографи и музички соработници заедно со многубројната публика.

Штип скоро еден век го има својот театар, театарот го има својот Штип, а заедноимаат  сериозен прилог во театарскиот живот во Македонија.

НУЦК ,,Ацо Шопов,, – Театар – Штип  настапувал и настапува на сите фестивали кои се одржуваат во Р.Македонија и на фестивали во повеќе европски земји на кои има постигнато забележителни резултати и добиено повеќе награди.

08

ОСНОВНИ ДЕЈНОСТИ: Драмска , музичка, ликовна, литературно – издавачка, филмска и др.

http://www.teatarstip.mk/Istorijat.html

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ: НУЦК ,,Ацо Шопов,, – Штип работи со две организациони единици.

  • Организациона единица драмска дејност и
  • Организациона единица – посредување во културата ( музичка, ликовна, литературна – издавачка, филмска дејност и аматерски самодејности )

 

КАДРОВСКА ЕКИПИРАНОСТ:

  • Директор
  • Актери – изведувачи – 17
  • Режисери – 2
  • Драматурзи – 3
  • Стручни соработници – 2
  • Реализатори на програма – 18
  • Администрација – 4

stp-16

Народен театар Штип-2016 god.

Народен театар Штип оваа година се “судеше” “маратонски” за да се издигне од “дното” поради едно “писмо”. ? Вака во една реченица би можело да се направи ретроспективаta на работата на штипскиот театар во 2016 година.
Првата премиера во 2016 година беше на претставата “Суд” од Коле Чашуле, во режија на младиот штипјанец Дамјан Читкушев. Сместен во едно нестабилно тло, во простор полн симболики, постои еден СУД во кој силно ПИШТИ неправдата. Во овој суд, впрочем како и секаде, најголемата опасност е таму каде навидум ја нема. Тоа е претстава за македонскиот синдром на предавство, осовремена и ставена во една сурова рамка на крвопролевање.
Втората премиера “Љубовен маратон” е работена по мотиви од текстови на Нил Сајмон во режија на Никола Ристов. Тоа е една урнебесна комедија која го слика современиот начин на живот. Приказна за монотонијата на животот, обидот за неверство за да се прекине таа монотонија и на крајот славење на животот, зашто како што вели главниот лик во претставата: “Обожавам да живеам! Во животот има проблеми, но да живееш е најдоброто нешто што го измислиле до сега…!”
Маестралниот Дејан Пројковски ја постави третата премиера на штипскиот театар, претставата “На дното” од Максим Горки. Тој во одлично одбраниот, совршено адекватен простор ПОД големата сцена на домот на културата “Ацо Шопов” го наслика и, како на филмско платно, го оживеа горкиевото ДНО. Ги соголи до кожа жителите на пансионот кои со сите сили се трудат да се подигнат од калта на дното во кое се наоѓаат. Дали и колку успеваат во тоа останува на публиката да види и да процени.
Последната премиера во 2016 година на Народен театар Штип беше “Лазаревото писмо и писание” работена по мотиви од расказот “Лазаревото писмо” на Живко Чинго, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Приказна за едно “време – невреме, море не невреме туку нелуѓе, речи го како шчо ет”. Приказна за состојбата во Македонија од пред педесетина и повеќе години, а која, од збор до збор, може да се пренесе во денешницава. Приказна за нашиот синдром на самоуништување преку шпионирање и предавство, борба за власт со газење преку се’, ставена во еден безвременски контекст.
Во ова навраќање на работата на штипскиот народен театар морам да ги спомнам и гостувањата на истиот надвор од границите на нашата држава.
Во Вараждин, Хрватска, ја игравме претставата “Отворач за конзерви” во режија на хрватскиот актер и режисер Стојан Матавуљ. Гостувањето беше остварено благодарение на одличната соработка на нашиот театар со македонско-хрватското здружение од Македонија “Либертас”.
Детската претстава “Јан Бибијан” во режија на Дарко Ковачевски учествуваше на меѓународниот театарски фестивал ТАНАНИК Благоевград 2016 – Бугарија.
На интернационалниот алтернативен фестивал ФИАТ 2016 во Подгорица, Црна Гора, учествувавме со претставата “На дното” на Дејан Пројковски. Со голема гордост можеме да се пофалиме дека од овој фестивал се вративме со двете најголеми награди: претставата “На дното” освои гран при за најдобра претстава, а “маестро” Дејан Пројковски ја освои наградата за најдобра режија. ДА НИ СЕ МНОЖАТ. ?
На крајот од оваа релативно успешна 2016 година за нашиот театар, да си посакам една желба: Следната 2017 година да ни биде со повеќе премиери и претстави, со повеќе поблиски и подалечни гостувања и, зошто да не, со повеќе награди и признанија.
И сосема на крај, на сите пријатели на ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО ТЕАТАРЧЕ им посакувам интересна и успешна 2017 година.
Имајте убава година ?.
         Габриела Коцева Тулиев

Интересна и успешна 2017 година.

Претставата “Ричард 3” од Вилијам Шекспир е дел од добиените
проекти од Национален интерес за 2017 на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Драматизацијата на текстот ја работеше режисерот Пламен Марков од
Бугарија, a драматург беше Габриела Коцева Тулиев.

Во претставата играат – Хенри 6 – Миланчо Георгиев-Роне, Едвард 4 – Раде Рогожаров, Џорџ Кларенс – Владимир Тулиев, Ричард Глостер – Иван Калошев како гостин, Бакингам – Ефтим Трајчов, Лорд Хастингс – Милорад Ангелов, Лорд Стенли – Миле Вратеовски, Лорд Ривер – Пеце Ристевски, Тирол – Виктор Арев, Брекенбери – Стојан Арев, Едвард Кларенс – Лазарчо Горгиев како гостин, Хенри Ричмонд – Петар Јанев како гостин, Маргарита – Марија Минчева Андонов, Елизабета – Кристина Атанасова Арсова, Војвотката од Јорк – Валентина Георгиевска, Леди Ана – Анѓелка Нашкова, Џејн Шор – Елена Шорова Дербов, Маргарита Плантагенет – Емилија Ристевска како гостин.
Сценограф и костомограф на претставата беше Мира Каланова од
Бугарија. Изборот на музиката го направи Калин Николов од Бугарија.
Премиерата на претставата беше на 04-06- 2017.

Претставата “Умри машки” од Алдо Николај е дел од добиентите
проекти од Национален интерес за 2017 година на Националната установа – Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип.
Преводот и адаптацијата ја работеше режисерот Коле Ангеловски.
Драматург на оваа претстава беше Габриела Коцева Тулиев. Сценограф и
костимограф на претставата беше Илина Ангеловска. Режисерот работеше и на изборот на музиката. Актерската екипа беше во состав: Ефтим Трајчов
како Бруно, Душица Тренева како гостин во улогата на Ева и Милорад
Ангелов како Марио. Видеата кои се користат во претставата ги изработи
Никола Ристов. Претставата премиерно беше изведена на 16-12- 2017 година.

Претставата “Дедо е секогаш во право“ од Ханс Кристијан Андерсен,
во режија на Никола Ристов е работена од сопствени средства на
Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ – Штип. Преводот и адаптацијата ги работеше Никола Ристов.
Избор на музиката го направи режисерот Ристов во соработка со
актерската екипа. Актерската екипа беше во состав: Раде Рогожаров, Елица
Арева и Мирко Голомеов (како гостин). Анимациите, текстот и аранжманот
на песните ги направи режисерот Ристов, а песните ги исполнија Елена Шорова Дербов, и Марија Минчева Андонов. Режисерот Никола Ристов ја
направи подготовката за плакатот и каталогот за претставата. Премиерата
беше закажана и оддржана на 18-02- 2017 година.

Претставата ,,Волшебната ноќ,, се работеше по мотиви од приказната
,,Убавицата и ѕверот,,. Режијата, изборот на сценографија и костимографија беа на Драгана Милошевски – Попова, избор на музика Елена Шорова Дербов, сонгови Влатко Миленковски, драматург Наташа Маневска, играа: улогата на најубавицата Елена Шорова Дербов, Виктор Арев – принцот/ѕверот, Валентина Ѓоргиевска – волшебничката, Мирко Голомеов – Иван/Рипалко к.г. и Нела Ангелова – Софија к.г., во улогата на Дедо Мраз: Страшко Милошевски, Раде Рогожарев и Милорад Ангелов.
Претставата се работеше од сопствени средства. Претставата
премиерно беше изведена на 23-12- 2017 година.

Националната установа – Центар за култура “Ацо Шопов“ од Штип
петта година е организатор на Театарскиот фестивал за деца и младинци
“Малиот принц“.

На отворањето (24-09- 2017 год.) на Фестивалот настапи
Националната установа – Македонска опера и балет од Скопје, со претставата “Операта на шумските животни“. Фестивалот за отворен го прогласи г-дин Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.
– Вториот ден (25-09- 2017 год.) настапи Националната установа –
Македонски народен театар од Скопје, со претставата “Силјан Штркот
Шанца“.
– Третиот ден (26-09- 2017 год.) настапи Националната установа – Театар
за деца и младинци од Скопје, со претставата “Гига мега бајка“.
– Четвртиот ден (27-09- 2017 год.) настапи Театар “Крик“ од Скопје, со
претставата “Маша и нејзината волшебна приказна“.
– Фестивалот беше затворен на 28-09- 2017 година, со претставата
“Јованче и Марика“ на Театар “Бабец“ од Битола.
За Време на Фестивалот на 25 и 26 септември беа прикажани кратки
слатки претстави за деца на Наш мал театар – Театар на сенки и тоа
претставите: “Бурсунсул и Паскалине“, “Заробената љубов“ и “Марко патува
околу светот“.
Исто така на 25 и 26 септември беа организирани и работилници
насловени како “Создади ја својата приказна“ со деца од основните училишта
од Градот.

За teatarce.mk
Габриела Коцева Тулиев