СВЕТСКО МОДЕРНО ЧУДО
25 март 2016
Токму едно светско чудо на модерното време е најголемиот театар во светот, Националниот театар во Кина, кој се протега на неверојатни 219.400 квадратни метри.
Театарот е една од најстарите форми на уметност изведена за првпат од страна на талентирани мажи, а потоа и жени и тоа од сите возрасти, на градските плоштади, во просториите на владетелите, во арените и на дрвените сцени кои се склопувале и се расклопувале од страна на театарските трупи кои патувале од едно место до друго.
Патувајќи низ времето, драмската уметност застанала на цврсти нозе и го нашла своето место во пространите објекти кои станаа центар на општествениот и културниот живот. Денес, театрите се големи културни институции кои ги собираат љубителите на играните уметности. И самите театарски зданија претставуваат архитектонски уметнички дела.
Токму едно светско чудо на модерното време е најголемиот театар во светот, Националниот театар во Кина, кој се протега на неверојатни 219.400 квадратни метри.
Бисерот на вода, како што Кинезите го нарекуваат, или солза, меур, јајце, како уште го нарекуваат Националниот кинески театар или Националниот центар на играни уметности (НЦПА), е едно од современите светски чуда во интересна форма, кое со својата позиција и големина го привлекува вниманието и отстапува од традиционалната кинеска архитектура.
Огромната зграда се наоѓа на вештачкото езеро на градскиот плоштад Тјенанмен во Пекинг, и е поврзан со копното со патеката која оди под езерото, каде што се наоѓа и паркинг. Креаторот на овој прекрасен театар, стратешки поставен во езерото, така што полуелипсата рефлектира и создава илузија на лебдење на водата, е францускиот архитект Пол Адра, познат како архитект на бројни аеродроми во Азија и на Блискиот Исток, но и на парискиот аеродром Шарл де Гол.
Изградбата започнала во 2001 година и била завршена во 2007 година, а го опфаќа периодот кога Кина се градела брзо, со цел да биде достоен домаќин на Олимписките игри (лето 2008 година). На проектот работел и дизајнерот Каору Менде кој се погрижил за феноменалното осветлување. Секое светлосно тело е намерно ставено под прецизен агол и на точната локација, на две нивоа, а некои се вградени и на подот.
Театарот се состои од опера, голема сцена и концертна сала, со вкупен капацитет од 5480 места. Операта, која е и седиштето на зградата прима најмногу посетители, 2420, концертната сала до 2020, а театарот 1040. Всушност, тоа е културен комплекс, кој се разликува од традиционалните театри. Во склоп на театарот има и продавници со книги и сувенири, украсени чекални, салони, кафулиња и ресторани, речиси целиот уметнички квартал под стаклено ѕвоно.