Народен театар Битола

 

14 ноември 1944 – симболично формирање на професионален театар во Битола

На сцената на градскиот театар, дел од членовите на партизанската културно-просветна група „Кочо Рацин“ ја играат агитката на Владо Малески „Петтоимениот Ѓоре“. Претставата ја режира нејзиниот протагонист, исполнител на насловната ролја Димче Стефановски. Оваа дата се смета за дата на формирање на денешниот Народен театар Битола.
bitola_teatar_pomegju

НУ – Народен театар Битола својата прва претстава на македонски јазик ја имаше на 14 Ноември 1944 година.

Се работи за претставата ” Ѓоре Магаревски ” во режија на Димче Стефановски. Во својата 72 годишна историја на сцената на Битолскиот театар се поставени 523 премиери, што би се реколо во бројки секој 45 ден од годината имало премиера.

На сцената на НТ Битола се исиграни 11.627 претстави кои биле посетени од 2.921.874 гледачи. Народен театар Битола е носитл на најмногу Гран – При и други награди на театарски фестивали.

Војдан Чернодрински во Прилеп и актерите на овој театар се едни најбројните наградувани на овој фестивал, исто така имаме и лауреати на фестивалот на камерна драма Ристо Шишков.

Ден 12 март 1952 година во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата „Ѓаволштините на Скапен” од Молиер…

Димитрие Османли со оваа претстава го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер.

Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Почина во Скопје на 13 март 2006 година.

2016 година

ОДБЕЛЕЖАНИ 72 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО Битолскиот театар годинава со рекорден број на премиера

Во изминатите 7 години, на сцената на Народниот театар во Битола се одиграа близу 1.300 претстави, од кои 42 премиерни изведби, 21 гостување во некои од најважните театарски куќи во светот, а сето она што го создаваа актерите од овој театар го погледнаа околу 140.000 посетители. Аргументите ми дозволуваат да забележам дека оваа 2016 година, за Народниот театар од Битола беше една од најуспешните театарски години во историјата на оваа наша национална установа. Со поддршка на Министерството за култура, но и од сопствени средства, Битолскиот театар оваа година реализираше рекорден број на премиерни изведби на претстави, дури девет, од кои две претстави беа во копродукција со театри од Руската Федерација и САД. Бројката на повеќе од 20.000 посетители само за оваа година.

Крајот на 2016 година

Битолскиот театар се одбележува со нови почетоци, поточно со подготовка на две нови претстави “Грилпарцер во сексшоп” и “Смислата на животот”.

Оваа 2016 година е една од најуспешните за Битолскиот театар со оглед дека беа реализирани 9 нови проекти, беа одиграни 293 претстави, се реализираа 4 меѓународни гостувања, претстави од театарот учествуваа речиси на сите фестивали во земјава, а на последното издание на фестивалот “Војдан Чернодрински” во Прилеп, театарот беше апсолутен победник со Гран-при за претставата “Кралски игри” како и награди за актерско остварување, сценографија и режија.

2017 годи за в.д директор е избран Иван Јерчиќ

2017

Реализирани проекти на НУ Народен театар Битола во сезоната 2017 финансирани од Министерството за култура на Р. Македонија:

  • „Смислата на животот„ од Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски 28.02.2017
  • “Дон Жуан„ од Молиер, режија на Андреј Цветановски 15.05.2017
  • „Сон на летната ноќ„ од В.Шекспир, режија: Џон Блондел 05.08.2017 –премиера на Охридско лето
  • „Крвави свадби„ од Ф.Г.Лорка , режија: Љупчо Ѓоргиевски 14.11.23017

Проекти реализирани од сопствени средства

  • „ Грилпарцер во секс шоп„ од Питер Турини во режија на Јован Ристовски 14. 03.2017
  • „ Пијани„ на Иван Вирипаев, во режија на Марјан Ѓорѓиевски 23.03.2017
  • „ Дупло дно„ од Горан Стефановски во режија на Ангелчо Илиевски 01,04.2017
  • „ Грета од Фауст „ на Луц Хибнер во режија на Димче Николовски 21.05.2017
  • „ Шекспир колаж „ колаж од претстави на НУ Народен театар Битола во режија на Благој Мицевски 21.06.2017

– Репризни претстави

1 „ Без паника „ од Мика Мулуахо режија: Благој Мицевски

2. „ Отело „ од Шекспир режија : Диего Де Бреа

3. „ Кокошка „ од Николај Кољада , режија : Марјан Ѓеоргиевски

4. „ Антоние и Клеопатра „ од Шекспир во режија на Џон Блондел

5. „ Метаморфози„ авторска претстава на Лилија Абаџиева , режија : Лилија Абаџиева

6. „ Последната ноќ„ од Ингмар Вилквист , реѓија : Андреј Цветановски

7. „ Кралски игри„од Григориј Горин во режија на Љупчо Ѓоргиевски

9. „Сонети „ од В. Шекспир во режија на Ангелчо илиевски и Јован Ристовски

10. „ Злосторство и казна „ од Достоевски во режија на Диего Де Бреа

12. „Трагичната љубов на една луда девојка„ од Јукио Мишима во режија на Благој Мицевски

13. „Shakespeare 4ever„ –музичко сценски перформанс

14. „ Бар –Ремарк„ од ремарк во режија на Александр Баргман

15. „ Доктор Фауст„ од Кристофер Марлоу режија на Андраш Урбан

Број на одиграни претстави по наслови во 2017

Реден број НАСЛОВ НА ПРЕТСТАВИТЕ БРОЈ НА ПРЕТСТАВИ

1. Без паника 10;  2. Отело 3;   3 Кокошка 9;  4 Антоние и Клеопатра 2;

5. Метаморфози 6;   6. Последната ноќ 5;  7. Краслки игри 9; 8. Сонети 2;

9. Злосторство и казна 6 ; 10. Трагичната љубов на една луда девојка 13;

11. Shakespeare 4ever 3;  12. Бар –Ремарк 10;  13. Доктор Фауст 11;

14. Грилпарцер во секс шоп 18;   15. Пијани 18;  16. Дупло дно 9;

17. Грета од Фауст 8;     18. Шекспир колаж 1;   19. Смислата на животот 15;

20. Дон Жуан 6;   21. Сонот на летната ноќ 8 ; 22. Крвави свадби 7;

23. Гостување од други театари 16

ВКУПНО 195

Број на претстави

а) по месеци

Јануари 14; Февруари 21; Март 18; Април 18; Мај 19; Јуни 22; Јули 12

Август 1; Септември 12; Октомври 20; Ноември 19; Декември 19

—————————————————-   Вкупно: 195

Број на публика по месеци:

Јануари 650; Февруари 1 930; ;Март 2 725; Април 1 730; Мај 2 210

Јуни 2 670; Јули 1935; Август 400; Септември 1800; Октомври 3055

Ноември 3485; Декември 2325;

————————————————-    Вкупно: 24.915

Гостувања на НУ Народен театар Битола во 2017

1 . “Shakespeare 4 ever „ 17.04.2017 –Санкт Петербург -Русија

2. „ Дупло дно „ 08.05.2017 –ИФМ –Битола 2017

3. „ Без паника „ -26.05.217 –Денови на македонскла култура –Торонто-Канада

4. „ Злосторство и казна „-МТФ „В.Чернодрински„ –Прилеп 11.06.2017

5. „ Смислата на животот „ на МТФ „В.Чернодрински„ –Прилеп 14.06.2017

6. „ Сон на летната ноќ „ –Охридско лето 2017 05.08.2017

7. „ Отело „ на МИТ Фест во Цетиње – Црна Гора 22.09.2017

8. „ Трагичната љубов на една луда девојка „ на МИТ Фест Цетиње-Црна Гора 23.09.2017

9. „ Доктор Фауст „ МОТ Скопје 01.10.2017

10. „ Дупло дно „ Интерфест 2017 –Битола 03.10.2017

11. „ Пијани „ на денови на комедијата –Куманово 04.10.2017

12. „ Shakespeare 4 ever„ учество на АККО фестивал во Акре –Израел 08 и 09 10.2017

13. „ Последната ноќ „ гостување во Охрид на 28.10 2017

14. „ Пијани „ гостување во Ресен на 27.12.2017