Македонски народен театар (МНТ) — државен театар во Скопје и најстара театарска установа во Македонија
Овој линк ќе ве поведе во виртуелна прошетка низ Македонски народен театар (МНТ)
Историја
.“Колку е блиску сонцето” , првата реплика изговорена од мадам Вера Вучкова во МНТ пред 71 година.
Основан со Одлука на од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот Народен театар „Крал Александар I“. Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмскитеатар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).
Ваквиот модел на театарска (драма–опера–балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).
Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:
- Димитар Ќостаров— режисер и директор на Драмата;
- Илија Милчин— глумец и режисер;
- Тодор Николовски,Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков — глумци;
- Томо Владимирскии Василие Поповиќ-Цицо — сценографи.
Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).
МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.
Премиери
- Антон Павлович Чехов,”Вујко Вања” (15 март 2015). Режија: Зоја Бузалковска; Кореографија: Александар Ацев;Сценографија: Тодор Дајевски; Дизајн на светло: Владислав Фролов; Улоги: Владо Јовановски, Никола Ристановски, Благој Чоревски, Катина Иванова, Љупка Џундева, Нино Леви, Дарја Ризова.[2]
- Морин Далас Ваткинс,Чикаго (29 декември 2015). Режија: Наташа Поплавска; кореографија: Олга Панго; диригент: Бисера Чадловска; Улоги: Јелена Ивановиќ, Арна Шијак, Тања Кочовска, Билјана Драгичевиќ и Жарко Димовски.[3] [4]
- Булгаков – “ Мајсторот и Маргарита “ во режија на Иван Поповски. Улоги: Никола Ристановски
-
Македонски народен театар Кратенка МНТ Основана 1945 Тип театар, драма Место , Скопје Директор Дејан Пројковски Управа околу 150 Мреж. место http://mnt.mk/
Денес е 71-от роденден на Македонскиот народен театар.
Да се потсетиме на МИНАТОТО, на сите големи имиња кои го граделе и носеле репертоарот на нашиот театар.
Во Музејот на Македонскиот народен театар вечеравечер, 3 април, беше отворена новата поставка „Исчекори кон Сонцето“ која концепциски претставува сеќавање на првата театарска сезона 1945/46 година…
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на отворањето на поставката рече дека со првата театарска сеозона на МНТ започна да се развива приказната за оваа институција, да се остварува сонот на доајените, да изградат свој сопствен македонски народен театар.
– Во оваа поставка се содржани исклучително вредни оргинални предмети кои интимно се поврзани со актерите, режисерите, сценографите, костимографите и другите театарски работници – основоположници на МНТ кои својот ентузијам, посветеност, својата љубов ја вложија во создавањето на првите десет претстави од сезоната 1945/46 година, истакна Канческа – Милевска.
Вредната колекција од околу 150 експонати изобилува со фотографии, архивски документи, лични предмети, театарски реквизити кои биле користени во создавањето на легендарните „Платон Кречет“, „Чорбаџи Теодос“, „Народен пратеник“, „Сомнително лице“ и другите претстави кои биле изведени вопрвата сезона.
Како посебно значајни, министерката за култура, ги издвои ѕидниот часовник-реквизита од првата претстава на МНТ „Платон Кречет“, како и оригиналниот костим на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко во најдолго играната претстава во историјата на македонскиот театар „Сомнително лице“.
Изложени се и лични предмети на Петре Прличко кои ги подари неговата сопруга Нада, како двете лулиња, очилата и диктафонот, неговите документи-тетратки, неговите награди, како и честитките и писмата од неговата лична корасподенција со публиката.
Во изложбата се застапени и актерските прибелешки направени за време на подготвувањето на улогите меѓу кои и рачно пишуваната тетратка на истакнатиот македонски актер доајенот Илија Џувалековски за улогата на Поцко во претставата „Чорбаџи Теодос“, потоа сценографските и костимографските скици изработени од Томо Владимирски и Василије Поповиќ-Цицо, како и оригинални документи на Илија Милчин, Тодорка Кондова и многу други театарски работници кои ја одбележаа историјата на македонскиот театар.
Канческа – Милевска искажа задоволство што оваа изложба и целокупната уметничка збирка на Македонскиот народен театар од пред неколку дена е веќе достапна и во виртуелниот простор преку современиот концепциски проект „КЛИК МУЗЕЈ-КЛИК ТЕАТАР“ кој овозможува, сите посетители на веб страницата на оваа институција да остварат виртуелна музејска прошетка низ театарот, од самиот влез, па до најгорниот кат.
Пред присутните гости на отворањето на поставката, м директорот на МНТ Дејан Пројковски, програмскиот директор Тони Михајловски, авторите на музејската и виртуелната поставка Јасмина Намичева, Ивана Чарчевска и Михаил Намичев, како и бројни актери и други уметници, Канческа Милевска најави дека Владата и Министерството за култура и натаму ќе го промовираат Македонскиот народен театар на европската и светска театарска мапа, како двигател на новите професионални стандарди во областа на театрологијата, на новите форми на театарска едукација, како промотор на театарот како интерактивен „медиум на новото време“.
Таа изрази благодарност и до сите граѓани кои подарија или од кои се откупени експонати за оваа збирка која, како што нагласи, е голем придонес во сочувувањето на нашата колективна културна меморија.
Да наздравиме за СЕГАШНОСТА и за сите големи креативни предизвици и патишта кои ги живее ансамблот и да си посакаме ИДНИНА.
ИДНИНА осветлена од уметничкиот пламен на нашите театарски колоси од минатото, а посветена на жарот со кој го љубат истиот тој театар денес, нивните наследници.
Нашето театарско време го мериме по бројот на одиграни претстави,изговорени реплики и аплаузи.
Почитувана публико и драги колеги нека ни е честит денот.
Изложба на театарски експонати
3 април 2016 г./Исчекор кон сонцето/ во Македонски народен театар отворен ден од 11:00 до 20:00 часот
Македонски народен театар – Скопје и Музејот на МНТ од 03. 04 – 03 .05. 2016 година, по повод одбележувањето на 71 година од изведбата на првата претстава, ќе се претстави пред публиката со два презентациски концепта.
Воведниот концепт е насловен Виртуелна прошетка низ постоечката Уметничка збирка на Музејот. Тој претставува прв применет виртуелен (дигитален) 360о модел на експонирање од една музејска поставка во Македонија, со што е овозможено интерактивна посета на публиката од секоја точка на светот. Прошетката ќе биде достапна за публиката на следниот линк:
http://mnt.mk/360/MNTtour.html
Овој модел на експонирање ќе биде воспоставен како стандард за сите следни изложби во продукција на Музејот на МНТ, вклучувајки ја и актуелната Исчекор кон сонцето.
Изложбениот концепт е театролошка изложба под наслов Исчекор кон сонцето, која е четврто претставување на продукцијата на Музејот на МНТ почнувајки од 2013 година. Акцентот на музеолошката поставка е ставен на десетте претстави одиграни во првата сезона 1945/46, во кои го вградиле својот ентузијазам и жар десетици актери, режисери, сценографи, костимографи и други театарски работници – основоположници на МНТ. Изложени се оригинални документи, лични предмети, фотографии, драмски текстови, костимографски и сценографски скици, и реквизити кои биле дел од театарските претстави на МНТ. На тој начин се продолжува со претставување на највредните оригинални документи и предмети, од збирките во сопственост на Музејот на МНТ.
Вечната куќа – 07, 08 и 09.12.2013
Прва реплика –
РАБИНОТ –Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.
Петре Темелковски – Рабинот Ицак Коин
ПРВА СЦЕНА Изгрејсонце над Ерусалим. Блескаат вечните градби на Ѕидот на плачот, Црквата на раѓањето и Воскресението, и џамијата Ал Акса. Рабинот Ицак Коен седи на камениот стол и чита со прстите пораки од различни страни на светот. Пред него како во молитва и задржан тивок плач е застаната Стела Бенвениста, со поглед упатен во неговото лице.
Автор: ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ
Режисер: ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ
За три години МНТ имал над 900 претстави и над 330.000 гледачи
Директорот на МНТ Пројковски соопшти дека за три години МНТ имал над 330.000 гледачи и над 900 реализирани претстави, што е околу 300 годишно на малата и на големата сцена.
– Тоа е голема, завидна бројка со која, кога ќе се спореди со национални театари од регионот, МНТ може да се гордее со она што го прави во изминатите три години. МНТ е дрво со длабоки корени и мислам дека и новата зграда и се што сега го правиме сите е продолжување на историјата и на патот на сите големи актери, режисери и великани што работеле тука, истакна Пројковски. Тој и се заблагодари на министерката Елизабета Канческа-Милевска за вложениот труд и заложби да се изгради новиот објект на театарот.
Истакна и дека МНТ во последниот период има интензивна меѓународна активност, бидејќи само во овој месец со три претстави гостуваше во три земји (Полска, Русија и Романија), а првпат годинава Македонскиот народен театар имаше копродукција со престижниот Винер фествохен. – Полека, но сигурно МНТ се наметнува како важен театарски центар во Југоисточна Европа, додаде Пројковски.
Пред актери од МНТ и директори на други театри од Македонија зборуваше и Дејан Лилиќ кој беше директор кога МНТ пред три години се пресели во новиот објект.
– Чувството што го имавме тогаш беше многу шарено, неверојатно, чувство кое никогаш оваа генерација наша не можела да го доживее. Но, имавме една водилка која не води во сите претстави што ги создаваме, а тоа е вербата. Да ја немавме вербата, немаше да го имаме ова. Не можат ништо да ни земат – ни талентот, ни срцето, ни душата, но не можат да ни земат уште една работа, а тоа е нашиот Македонски народен театар и оваа прекрасна зграда. Затоа што тој не сплотува сите нас, овие генерации, минатите и идните генерации, и ќе остане, без разлика на забот на времето кој може да избрише и да заборави. Тој ќе остане, за среќа, вечен, рече Лилиќ.
Покрај подготовката на репертоарот, во МНТ се создава и театарскиот музеј кој ќе биде составен дел на институцијата. Собрани се повеќе од 20.000 предмети меѓу кои и експонатите од претставите изведени во последните три години. Тие се презентираат на изложби во театарот и досега се организирани околу десет.
Македонскиот народен театар во новиот објект минатата година на 3 април го прослави и седумдеценискиот јубилеј од постоењето, односно од изведбата на првата изведена претстава во 1945-та – „Платон Кречет” во режија на Димитар Ќостаров
-
Иванов ќе го одликува МНТ со Орден за заслуги за Македонија/
На Македонскиот народен театар му се доделува орденот по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска на Македонскиот народен театар ќе му додели признание „Орден за заслуги за Македонија“.
„На Македонскиот народен театар му се доделува орденот по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот“, соопшти Кабинетот на Претседателот.
2016 година
Дејан Пројковски Директор на Македонски Народен Театар
‘‘Знам дека вербата и посветеноста се клучните работи во остварување на соништата.‘‘
2017 година Драган Спасов Дац е именуван за в.д. директор на Македонски народен театар.
2018 – СИМОНА УГРИНОВСКА Е НОВ В.Д ДИРЕКТОР НА МНТ