Кон “Жена од минатото” НТ Театар Куманово

ТЕАТАР

Интересна, веќе препознаена семејна слика…

Кон “Жена од минатото” од Роналд Шимелфениг во режија на Нела Витошевиќ, продукција НТ Театар Куманово

Вообичаеноста и мирнотијата на животот може да се распрсне како меур од сапуница само со еден погрешно фрлен камен на сопнување во нечија клаустофобично историски повредена глава чии мисли заробени во минатото ја убиваат сегашноста…

Оваа навидум конфузно нејасна реченица го објаснува апсурдот на животот во кој одненадеж се вплетува одмината љубов која всушност и не е тоа туку само желба за посесивност и средување на она што не може да се среди…

Но затоа може да се следи распадот во кој случајната вљубеност е клучна причина за фаталната смрт! Со ова се занимава Роналд Шимелфениг во пиесата “Жена од минатото# која ние можевме и можеме да ја видиме не толку во секојдневието колку на сцената, овојпат, во НТ Куманово при НУЦК “Трајко Прокопиев”.

12417676_1674669392788189_8518373298747207646_n

Примамливоста, строго дефинирана линија од обичноста до смртта, режисерката Нела Витошевиќ ја отцртува со минималистички средства, контури и живот собран во картонски кутии. Тој аспект на видување заедно со нејзините сценски решенија, како и минималистичкиот пристап при мизансценските решенија, прави една компактна клаустрофобична атмосфера во која Роми, Френк, Клаудија, Енди и Тина го играат својот танц меѓу Еросот и Танатосот.

До овде, односно од овој аспект приказната е заокружена. Создава една модерна сцена, но овој сценско театарски проект или претстава својата недореченост ја содржи во пречестите повторувања на сликите-сцени на повремената несигурност, при психофизичката изразеност на главните протагоноисти Александра Пешевска -Роми Игор Англелов -Френк и Клаудија -Јасмина Василева.

Овој аспект помалку е присутен и се чувствува во играта на Енди-Марко Трајковиќ и Тина -Нина Максимова, но колку што е тоа “актерски пропуст”, толку е и до водењето од режисерската рака… Да бидеме до крај искрени, ваквиот тип на модерната апсурдност е многу тешко изразно да се долови, па така големиот залак насловен како “Жена од минатото# сепак е солидно преџвакан односно преточен во целина.

Ваквиот впечаток кај потписникот на овие редови најверајотно се должи и на препознавањето на веќе на препознатливиот ракопис на Витошевиќ пренесени од други веќе видени проекти – претстави.

12508751_1674669439454851_140272614477939654_n

Токму поради тоа оваа издвоена целина во која учествуваа и композиторот Огнен Анастасовски и костимографот Розе Трајчевска, може да се следи како компактна и покрај веќе наведените “преповторени# пред се режисерси изразни средства. (Б.Г.)