ЕДНО ТАЖНО ЗБОГУВАЊЕ СО ВАСИЛ ШИШКОВ

Сонувај… не ти додеваме повеќе!

21 декември 2014

не надејно почина актеротт Васил Шишков (30 Јануари 1970 -21 Декември 2014 ) во Скопје, вработен во МНТ од 1991 год. Син на познатиот бард Ристо Шишков

Но да не тагуваме, Васил и Ристо повторно ќе бидат присутни меѓу нас, бидејќи делот од “Вечната куќа” во која Васил го игра Ристо, всушност, себеси, и понатаму ќе биде дел од нас преку видеобим, а за да сме сигурни, тоа ни го вети режисерот на претставата и уметнички директор Дејан Пројковски

А кога уште тој сон се сонува буден, како што сонуваше Васил Шишков, тогаш сте на патот на недофатното… Но тој пат има цел! Да се стигне до најмилиот, до сонот на тој што го “бркате#, бидејќи и неговиот пат е недофатен! А Васил ќе си ја исполни мисијата, сигурен сум, ќе стигне, до, за него месијата, неговиот тато Ристо!

Ако веќе не е стигнат… Бидејќи и од бога не бегаше… Иако, напати, нам, на простосмртните ни изгледаше така…

Но, не! Оти играјќи го ТАТО си го надополнуваше сонот, катадневно, и само тогаш, за таа зацртана цел, неуморно… Сонуваше речиси без збор во и со Калдерон, обувајќи невидлив чевел на боса нога, за да се јази по пајажина од мечти…

А мечтаеше за земен дом, не сфаќајќи дека си го обезбедил далеку, а блиску, за и од сите нас…, душегрижинците, скитниците, умниците, лутниците, глутниците…

Сега нема да ги бројам другите сеновидни ликови кои ги одигра друже, оти, одиграни се тие, врежани во нас, сакале или не ние да признаеме… Ги паметам, ги паметиме!

А сега сонувај… Честита вечност, дебелко мој!

Сони ме понекогаш, за да знам дека си тука, а јас ти ветувам, ни јас ниту НИКОЈ нема да ти додева, ниту да ти пречи во сонот…

Нашиот Шиле ќе го испратиме денеска со комеморација во МНТ во 11 часот, ќе го видиме во капела во 12 часот, а во вечниот дом ќе мирува од 13 часот.

Твојот дебел, Боро Г.

СЕ ЗБОГУВАВМЕ СО НАШИОТ ШИЛЕ

Аплауз за заслужената вечност!

Но да не тагуваме, Васил и Ристо повторно ќе бидат присутни меѓу нас, бидејќи делот од “Вечната куќа” во која Васил го игра Ристо, всушност, себеси, и понатаму ќе биде дел од нас преку видеобим, а за да сме сигурни, тоа ни го вети режисерот на претставата и уметнички директор Дејан Пројковски

Почнувајќи од неговата маса во славното Театарче, до гримиорните и најситната сценска прав во која беше и буквално жител, тој ги потврди зборовите на Дејан Лилиќ:
“Шиле ти имаш една огромна предност пред нас – ние одиме, влегуваме в театар, а ти го носиш со себе!”

Општата констатација на сите присутни на последното негово испраќање, на комеморацијата во МНТ е дека “…не напушти најголемата душа на МНТ!”

Доказ за тоа е дека и мртов, Тој Актерот Васил, со својата порака од видеобимот, покажа дека колку што изгледаше грамадно, толку пограмадна душа носеше во себе.

И многумина од нас се тажно среќни бидејќи конечно, таму некаде се споија две грамади – ДУШИТЕ на Ристо и Васил, на Шишкови!

Но да не тагуваме, Васил и Ристо повторно ќе бидат присутни меѓу нас, бидејќи делот од “Вечната куќа” во која Васил го игра Ристо, всушност, себеси и понатаму ќе биде дел од нас и преку видеобим, а да сме сигурни, бидејќи тоа ни го вети режисерот на претставата и уметничкиот директор Дејан Пројковски.

И го испративме од сцената онака како што доликува на големите боеми, и огромни уметнички души, со песна… Одекна за вечност химната на Шишкови “Налеј, налеј, налеј…”

За тоа, премалку беа и десетте минути аплауз кои ги дочекавме простум.

Од нашиот Шиле се простија и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска, градоначалникот на Струмица Зоран Заев, колегите од Драмскиот Театар, директорот на ФКТ “Ристо Шишков”, Ване Ристов Патриков…

ЧЕСТИТА ТИ ВЕЧНОСТ, ШИЛЕ!                                                                                           (Б.Г.)

Фото:Д.Митрески

 

Една година без Васил Шишков

За дел од неговиот животен пат, но и за работите и случувањата кои директно задираа во неговата душа, остана запис преку книгата “Патникот” што ја срочи неговиот пријател, другар и сопатник, но и наш колега Борче Грозданов

На денешен ден пред точно една година не напушти едно од најголемите имиња во македонскиот театарски свет, актерот Васил Шишков. Не напушти изненадувачки, одеднаш, ненајавено како што тоа умееше да го прави и во животот со своите постапки…

Неговата импулсивност ,” непослушност”, енергичност, но и интелигенција и добрина вооднос на колегите и пријателите, беше карктеристика која го красеше и него, но и неговиот татко, големиот Ристо Шишков.

Затоа обајцата ќе останат забележани во историјата како корифеи на уметноста пред се, но и на она што се нарекува етички кодекс на животно и професионално однесување, како и на одењето со глава в ѕид барајќи ја правдата, што е одлика само на храбрите.

Сите оние кои го знаат актерот Васил кој одигра четириесетина улоги на сцената, беше Исидор Солунски, Исус, Мечката,шеташе по “Сонот на Калдерон“, не смееше како Де Хистангва во “Болва во увото”, и како круна на се, беше и Ристо Шишков во “Вечната куќа”, уште толку на ТВ екраните и на филмот, го паметиме како Бумбар во “Бумбари“, како принц од “Светот на бајките”, како момче и човек кој ја бара правдата во Народните приказни, како еден од најперспективните европски актери, заедно со Лабина Митевска… ќе се сложат со фактоте дека не напушти “најголемата душа” на МНТ што беше посочено и од дел од неговите колеги на комеморацијата по повод неговата смрт одржана и достојно одбележана во нашата национална куќа.

За дел од неговиот животен пат, но и заработите и случувањата кои директно задираа во неговата душа, остана запис преку книгата “Патникот” што ја срочи неговиот пријател, другар и сопатник, но и наш колега Борче Грозданов.

Токму затоа избравме уште еднаш да се потсетиме на популарниот Шиле, преку расказот “Смртта” во кој Грозданов ги опишува моментите на осознавањето и соочувањето со фактот дека неговиот пријател физички го нема.

“…А мечтаеше за земен дом, не сваќајќи дека си го обезбедил, далеку, а блиску, за и од сите нас…душегрижинците, скитниците, умниците, глутниците…”. Паки сепак не можеше да поверува дека другар му го нема, ниту по сценскиот перформанс, ниту по црно -бела фотографија од која Шики гледаше строго, и со поглед велеше: Ете бидна и тоа, ве собрав, ќе ме испратите и јас ќе си одам.. Кај Тато.”

Сето ова наклапање е без врска и безпредметно!- си рече тажниот Паки и размислувајќи за тоа како да му се оддолжи, во мигот, напиша едно тристишие.

Поздрав
Тргна по патот на светлината
кон иднината и вистината,
затоа среќен пат, поздрав од небиднината!

П.С. Поздрав мој дебелко со име Васко!

За целата средба на Шики со смртта и доживувањето и преживувањето на другар му со тој тажен миг во продолжение…

Смртта
Заспаниот Паки го разбуди пискливиот глас на жена му, која во паника само извика: “Стани изгледа Шики починал”! Не сфаќајќи што се случува, и уште сонлив, тој само и возврати: “Ајде ма бегај таму, тој не умира!”

– Ама еве стварно, гледам на ТВ оди телоп со веста!

Дури тогаш, Паки сфати дека работата е вистинита, дека за жал не е сон и дека најверојатно, она што го слушна овојпат е неодминливо и за жал заминливо, засекогаш! Како попарен стана, се исправи, и не верувајќи, низ заби процеди:
– Како бе, што… ?!

Не можеше да продолжи, солзите сами од себе потекоа и го задушија. Наредната половина минута се трудеше да здивне, да почне повторно нормално да расудува, бидејќи вртоглаво му се нижеа сликите од другар му, час насмеан, час лут, час расплакан, за одеднаш, само да се заврти и полека, но сигурно да замине…

Сето тоа во главата, за само неколку секунди!
– Да ти го ебам животот скапан! – како израз на бес, револт, но и од безизлез изусти Паки.
– За жал, како да знаев, но не сакав, не очекував, не сега, не толку брзо…

И повторно плач… Во тој миг влегоа и татко му и мајка му, обајцата насолзени, не сфаќајќи што всушност се случило, навистина.
– Ми отиде Дебелкото,- се заврте Паки кон нив, како да бара спас, како да, ако тие кажат дека не е вистина, Дебелкото повторно ќе дојде на овој свет, ќе му се врати, за да другаруваат, да се смеат, да се караат….
– Ми отиде будалата, ми отиде другарчето!

Едноставно, не можеше да се помири, да се собере, да се соочи со фактот дека другар му, Глупецот како што го викаше “нагалено”, Дебелиот, некој кој го сакаше премногу, иако по нивниот однос напати изгледаше тоа да е како љубов, на кучето и мачето, веќе го нема! Сепак, мораше да се соочи со неодминливиот факт, со Смртта!
Жена му му објаснуваше дека отпрвин не допрочитала убаво, вториот пат на поверувала, дури од “трета” и таа ја осознала, односно се соочила со суровата реалност и вистина. Шики повеќе го нема!

Се разбира, ноќта беше полна со црни филмови во главата на Паки, надополнети со прашањата: Зошто? Мораше ли? Како сега? Та нели, се оправи, та нели ќе се вдомеше? Ме канеше во новиот стан, кој само требаше да го среди малку,одвнатре и да му се “бувнеме” со Кета? … На ниту едно од овие прашања од кои му се цепеше мозокот, за жал, не доби одговор, односно не знаеше што да си одговори… Чувствуваше само тапа болка и од време на време печење во очите и врелина на образите од солзите. Само подголтнуваше и мислеше на тоа дека ако се раздени, можеби ќе се променат работите, можеби некој ќе дојде да му каже дека сето тоа е некаква грешка, некој ќе му јави дека всушност некој не доразбрал нешто и дека Дебелиот е дома, спие, рчи како што знаеше, во прегратките на Веки… За жал, тоа беше само пуста надеж, последна, пуштена во етерот и ветерот… Вистината беше дека Кета и се јави на Веки и таа и потврди дека сето е вистина, дека во моментов не знае што точно се случило и дека е изгледа мозочен или срцев удар… Ниту брзата помош, ниту докторите не успеале да и кажат точно што е, или пак таа, во болката и паниката, не беше разбрала… Впрочем, тоа беше и небитно!

Таа ноќ, го дочека утрото немоќно, лежејќи, а за првпат по подолго време не и се радуваше на таинственоста на муграта, туку само чекаше, со страв и несигурност, што го очекува во новиот, утрешен, засекогаш запечатен ден…

Бидејќи имаше цела бессона ноќ, Паки си направи целосна реминисценција на претходните 24 часа. Точно напладне, требаше да ја прими новинарската награда, на чие доделување, требаше да дојде, но, за жал церемонијата, помина без Шики! Едноставно броеше, добројуваше, пребројуваше, но остана без покана за Шики и Веки. Едноставно, му се случи. Но, секако кога го известија за наградата, еден од првите петмина кои дозна за тоа, беше токму неговиот Дебелко.

Тоа по малку му даваше утеха, а потврда, односно олеснување на душата му даде токму Веки, на комеморацијата, кога му рече дека планирале да дојдат, но на Шики цела недела пред кобниот ден, не му било арно и немале излезено од дома…

Сега, пред и дефинитивно да се збогува од другар му, таа ноќ, се присети дека токму околу 18.45-19 ч., во моментите кога другар му го напуштал овој свет, на Паки двапати му се истури ракија, на Кета и испадна една чаша од раката, неговиот кум Дац, исто така истури… Се сети и дека правеа муабет со Кета дека Шики не се ни јавил… “Се надевам дека не ми се лути нешто Дебелкото”, одврати Паки и се зафати со други работи околу наградата и еуфоријата што го чекаше… Но, сите тие прашања си имале одговор. Како што Паки се подготвуваше за земна награда, другар му се подготвуваше за небесна. Ете метафизика и тоа со ништо, и никако на сила предизвикана!

Околу 10 часот следното утро,по веста, му се јавија од Редакцијата на Темница и го прашаа дали ќе може да издиктира нешто, некој пригоден текст за другар му. Тој со солзи во очите подголтнувајќи само тивко изусти: ” не можам сега, извинете… а наверојатно, ни после… ”
Но, само што ја спушти слушалката во секундата се предомисли: ” Ако ништо друго, барем можам да му се оддолжам со проштално писмо!” Идејата му се виде добра и прикладна за збогување со другарчето. Во дел од писмото напиша:

” … А мечтаеше за земен дом, не сфаќајќи дека си го обезбедил далеку, а блиску, за и од сите нас…, душегрижинците, скитниците, умниците, лутниците, глутниците…
Сега нема да ги бројам другите сеновидни ликови кои ги одигра друже, оти, одиграни се тие, врежани во нас, сакале или не ние да признаеме… Ги паметам, ги паметиме!
А сега сонувај… Честита вечност, дебелко мој!
Сони ме понекогаш, за да знам дека си тука, а јас ти ветувам, ни јас, ниту НИКОЈ нема да ти додева, ниту да ти пречи во сонот…
Твојот дебел, Боро Г.

Писмото беше објавено од збор до збор во Темница, беше многу читано на интернет страницата на весникот, но и беше прочитано на комеморацијата – збогување на матичната сцена во националната, пред се негова куќа, и домашна и театарска!

Паки ,сепак не можеше да поверува дека другар му го нема, ниту по сценскиот перформанс, ниту по црно – белата фотографија од која Шики гледаше строго и со поглед велеше: “Ете бидна и тоа, ве собрав, ќе ме испратите и јас ќе си одам… Кај Тато!” …

По комеморацијата, Паки се спакува во Градското комбе за инвалиди, кое го врати дома бидејќи не можеше да оди на погребот, прво, поради непристапноста на теренот, а второ и побитно, поради болката, која дефинитивно го скрши, бидејќи немаше спиено речиси 70-тина часови од моментот кога Шики почина во неделата вечерта, се до овој момент, непосредно пред последното Збогум, во вторникот напладне, или нешто малку подоцна…

Кога се врати од комеморацијата, дома, го пречека мајка му Манга, не прашвуајќи го ништо, бидејќи му го виде уплаканото лице и безизразниот поглед од кој се читаше дека знае се, ама не може да се помири со судбината што го снајде неговиот другар и што неминовно, барем засега, овде на земјата ги раздвои…
Остана сам со спомените за недоброените ноќи на смеење, кавги и плачење, пред се театарски муабет со оправање “криви дрини” за здравјето, мрзеливоста, и неодлучноста на неговиот другар да си го земе сопствениот живот во свои раце, за остварената негова желба да си замине кај идолот Риле Шилков, за тоа дека можеби сега таму … Не можеби, туку сигурно му е подобро, пред се поради тоа што не мораше да ја чува во и за себе оградата, духовна, со која се бранеше од светот, но за жал и од себеси, односно од оној кој кога резонираше правилно, сакаше да се оправи и да живее “нормално”…
“Сето ова наклапање е без врска и безпредметно”! Си рече тажниот Паки и размислувајќи за тоа како да му се оддолжи во мигот напиша едно Тристишие:

ПОЗДРАВ

ТРГНА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА
КОН ИДНИНАТА И ВИСТИНАТА,
ЗАТОА СРЕЌЕН ПАТ, ПОЗДРАВ ОД НЕБИДНИНАТА!

П.С. ПОЗДРАВ, МОЈ ДЕБЕЛКО, СО ИМЕ ВАСКО!

Ете тоа беше крајот на дружбата, но никако и на службата, затоа што, иако остана да сонува сам, Паки си вети дека ќе направи нешто и дека ќе го запише неотсонуваниот сон на другар му, заедно со неговата болка, поради тоа што понекогаш и тој не го разбираше и едноставно му се мешаше во соништата на Шики…

После се, си вети дека се она што му се случуваше, ќе го запише, а и тоа што ќе се случува по се… и дека ќе го остави како аманет за другар му, ако ништо друго, заедно со неговиот неговиот ТАТО да остане како уметничко завештание секогаш споменуван.
Рече, не излажа!
Го стори тоа!

ЗА ВАСИЛ ШИШКОВ – ОД НЕКОЈ ШТО ГО САКАЛ И ПОЧИТУВАЛ…

“Патникот” е книга-сведоштво, книга-тестамент, за Шиле!

Во книгата има бројни ситуации, анегдоти, детали, но и фотографии од и со Шишков. Главни јунаци во книгата се Шики (Васил Шишков) и Паки (Борче Грозданов), но ќе продефилираат и други личности од секојдневниот и театарскиот живот…

“Некаде помеѓу сценските љубопитници, се движеа спориот Паки и мечешки грамадниот Шики. Но, тие само се движеа меѓу народот, без да знаат дека од таа ноќ, ќе се пресретнат речиси за навек и ќе дружат довек”… И се дружеа, Паки – Борче Грозданов, театарски критичар и писател и Шики – актерот Васил Шишков. Се дружеа додека Шики не тргна на пат од кој нема враќање.

Во Порта Македонија завчеравечер се собраа пријатели, познаници, љубопитници…, се собраа на промоција на книгата “Патникот” од Борче Грозданов.

А токму “Патникот” е завештание на Грозданов, книга-сведоштво, книга-тестамент, за Шиле.
Како што пред присутните истакна промоторот на книгата проф. д-р Христо Петревски, ова дело можел да го создаде само некој кој лично и многу добро го познавал Васил Шишков, но и кој неизмерно го сакал и почитувал.

“Во книгата има бројни ситуации, анегдоти, детали, но и фотографии од и со Шишков. Главни јунаци во книгата се Шики (Васил Шишков) и Паки (Борче Грозданов), но ќе продефилираат и други личности од секојдневниот и театарскиот живот. Паки и Шики се како Мирко и Славко, како Боро и Рамиз, како двајца вистински, трајни и неразделнии пријатели…”, рече на промоцијата на книгата “Патникот” (во издание на Феникс), писателот и промотор Христо Петревски.

Во атмосфера исполнета со емоции, актерите Александар Микиќ и Арна Шијак, читаа фрагменти од расказите, кои всушност се записи, белешки, сеќавања од разговори и дружби со актерот, собрани во оваа интимистичка, мемоарска и документарна проза.

Токму овие сеќавања, преку расказите “Дадичка”, “Тато и мама”, “Жените”, “Душегрижинците”… на присутните им открија парчиња од животот на Шишков јуниор сведочејќи за трнливиот пат по кој се движел токму тој, “патникот”.

Приказната на Грозданов за прерано загубениот другар, вечерта на најсоодветен начин ја надополнуваа и песните “Јано мори”, “Налеј, налеј” и “Ќе ти умрам мајко”, во музичка изведба на женскиот дел од Чалгија саунд систем, за на крај низ солзи авторот уште еднаш да повтори “нема да те заборавам додека сум жив”..

ФЕСТИВАЛ НА АКТЕРОТ

Со фрагмент од Шишкови започна фестивалот

Со филмуван фрагмент од претставата „Вечната куќа”, во која Васил го игра ликот на неговиот татко Ристо Шишков, вчера во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица беше означен почетокот на 23-то издание на ИФКТ „Ристо Шишков”, кој годинава ќе трае пет дена.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Заев, кој упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија. Заев на љубителите на театарската уметност им посака добро расположение, а на актерите многу успех на „штиците што живот значат”.

Овој Фестивал, кој е посветен на големиот актер на македонското глумиште Ристо Шишков, во изминатите 23 години од своето постоење помина два премина, најпрвин од едн во друг век и потоа од домашен во меѓународен фестивал