Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои несебично ,, гореле, на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски. После доаѓаат и Димче Гешоски и Кирил Жежоски…
Актерите, вооружени со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа “плугот да ја ораат театарска ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса.
Денес израсна во Ансамбл со врвни актерски имиња. Но, и млади актери кои допрва доаѓаат и ќе покажат што знаат и умеат.
Во досегашниот од, од 62 години, Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 350 премиери, изиграл над 7000 претстави кои ги гледале над 1, 5 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски.
Голем успех постигнаа и претставите “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “На два стола”. ..
Белег во повеќедеценискот растеж на Театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Б.Р. Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.
Во досегашната историја, претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.
Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…
Театарот работи во состав на ЦК “Марко Цепенков. Ансамблот брои 20 актери од кои дел се хонорарно ангажирани. Се:
Најдо Тодески | Цветанка Чавлеска | Андон Јованоски |
Марјан Чакмакоски | Виолета Чакарова | Игор Трпчески |
Владимир Ѓорѓијоски | Марија Спиркоска – Илијеска | Наташа Наумоска |
Зоран Иваноски | Даниела Иваноска | Димитар Црцороски |
Јасмина Мицковска – Станкоска | Димитар Ѓорѓиевски | Александар Тодески |
Катерина Чакмакоска | Александар Степанулески | Кирил Петрески – режисер |
Михајло Миленкоски | Ангела Наумоска | Никола Настоски |
Мартин Кочоски – режисер | Лидија Митоска – Ѓоргиовска – драматург | Ивана Нелковска – драматург |
Кристина Димитрова – режисер |
Награди – Театарот, освен низ Македонија, во Дебар, Виница, Скопје, Радовиш, Струмица, Битола, Куманово на ,,Денови на комедијата,, имаше и гостувања во странство, во Словенија и во Германија, каде се освоија значајни награди и признанија.
Претставата,, Кавкаскиот круг со креда,, од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, европската театарска асоцијација НЕТА ја прогласи за најдобра, по учеството на фестивалот,, Ристо Шишков,,.
Од НЕТА беа освоени наградите:
За најдобра претстава ,
заедничка колективна игра на актерската екипа и
за музиката на групата ,,Фолтин,,.
Театарот ,,Војдан Чернодрински,, со ,, Кавкаскиот круг со креда,, во септември настапи и на престижниот театарски фестивал Екс Понто во Љубљана, Словенија, како единствен театар од Македонија кој досега двапати имал можност да биде дел од овој фестивал. И таму беше освоена публиката.
Претставата беше ПРОГЛАСЕНА за НАЈДОБРА на Екс Понто.
Театарот, по изведбата на ,, Кавкаскиот круг со креда,, воедно ја доби поканата во 2012 годинада учествува на значајниот театарски фестивал МЕСС во Сараево.
Наградите за театарот се потврда за квалитетот на претставите, но и на Ансамблот и поттик за натамошна плодна работа.
Претставата ,,Антица,, од Крле, во режија на Бранко Брезовец, во ноември беше прикажана на реномираниот европски фестивал за современ театар и танц во Лајпциг, Германија. Германската публика беше воодоошевена од претставата која двапати беше прикажана во рамките на фестивалот, а играта на актерите беше наградена со долготраен аплауз.
Прилеп ги даде Нада Гешоска, Димче Гешоски, Илија Џувалековски…

Дамчески е 30 години во театарот и уште десет години претходно како аматер, и сите години ја следи развојната линија на прилепската театарска култура. Со Дамчески разговараме за развојот, „златната доба” на Театарот, за успесите, желбите и проблемите.
Што да се каже кога се говори за почетоците на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” пред 65 години?
Далечна 1950 година на 18 февруари првпат била крената завесата на овој професионален театар со претставата „Кир Јања” на Јован Стерија Поповиќ во режија на Аце Михајлоски. Почетоците датираат од есента 1949 кога на тогашното градско собрание во Прилеп била донесена одлуката да се формира Театарот. Тогашното драмско аматерско друштво при Тутунскиот комбинат и големиот дел од членовите – актери-аматери, влегле во новиот театар и се дел од првата постава, првите зачетоци и корени на професионалниот театар во Прилеп. Тие актери првпат професионално ја одиграле претставата „Кир Јања”. Се работело на ентузијазам. Мора да се каже дека драмското живеење во Прилеп влече корени уште од педесеттите години на 19 век. Се споменува и познатата „Соколана” во Прилеп, каде што се играле аматерски претстави, раскажува Дамчески.
Прилеп дал многу познати актерски и воопшто, театарски имиња!
Точно. Во педесеттите години следува период кога се појавуваат актери од типот на Нада Гешоска, Димче Гешоски, Илија Џувалековски, Олга Наумоска. Еден период директор е и Мирко Стефановски. Тој период кога Стефановски е директор, околу 1955 до 1960 година, се смета за „златните години” на прилепскиот театар. Прилеп бил расадник на талентирани актери. Голем дел од нив заминуваат во Скопје, а Театарот „Војдан Чернодрински” го оформува својот ансамбл.
Развојната линија имала осцилации?
Тие се појавиле 70-тите години на минатиот век, бидејќи немало подмладок во актерската екипа. Тоа навистина долго трае. Сега, од оваа дистанца, слободно може да се каже дека последните 6-7 години, прилепскиот театар доживува ренесанса.
Главно, поради подмладената екипа?
Благодарение на нашите заложби, зашто пративме многу млади талентирани луѓе на ФДУ во Скопје, на слухот на Министерството за култура, ги отворивме вратите за аматеризмот, во моментов имаме 15-16 млади дипломирани актери, а уште шест веќе студираат, и сега може да се каже дека прилепскиот ансамбл е актерски екипиран. Но, остануваат другите проблеми кои го мачат театарот. пред се, стариот објект.
Каква е сегашната екипираност? И кога всушност почна „новото златно доба” за прилепскиот театар?
Не дека е ново златно доба на прилепскиот театар, но претставите, актерите го прават развојот, театарскиот имиџ. Добрата претстава сите работи ги покрива.
Тоа ли е формулата за успехот?
Се согласувам со тоа. Почнувајќи од 90-тите години на минатиот век, кога се подготвуваше и се играше претставата „Спиро Црне”, па претставите „Арсениј”, „Колобан” и потоа кога дојде Мартин Кочовски да режира работејќи ги драмите на Брехт („Тапани во ноќта”, „Кавкаски круг со креда” „Добриот војник Швејк од Втората светска војна”) со гостувањата на меѓународен план („Тапани во ноќта” на Југословенско драмско позориште во Белград на „Експонто” во Љубљана, на МЕСС во Сараево, каде што победи 2008 година, а потоа и на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп, како што победи и „Кавкаски круг со креда”). Сето тоа се огромни успеси. Не се памети на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” еден театар во четири години да победи три пати. Тоа се случи со прилепскиот театар.
За екипираноста?
Сега се 19 актери, машки и женски, и мислам дека имаме врвен квалитет на остварувања. Сосема доволно за еден професионален ансамбл.
Што покажуваат бројките на одиграни претстави во овие шест и пол децении постоење и бројот на публиката која ги гледала претставите?
Бројот на премиери на претстави се движи над 360, одиграни се над 6500 претстави. Секоја година имало барем по 100 претстави со преку еден и пол милион публика сите овие години. Не ги сметаме гледачите при гостувањата.
На јубилејот ја играте и стотата претстава на комедијата „Од кол на кол” од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски. Би рекле, убаво одбележување на 65-те години. Оваа е втора покрај „Солунски патрдии”, која е играна барем 100 пати?
Така е. Имаме две „стотки” за две претстави со еден режисер. Навистина е задоволство да се потврди тоа. Стотата претстава на „Солунски патрдии” беше за одбележување на 40-годишнината на театарот. Има и интересен податок. Целата актерска екипа од комедијата „Од кол на кол” играше и во „Солунски патрдии”. Ова значи дека се водела добра репертоарска политика. „Од кол на кол” се играше преку шест, а „Солунски патрдии” преку десет години за да се стигне до стотата изведба. Секогаш за успех се пресудни актерската екипа и добро избраниот текст. И мора да се каже за успехот на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” е пресудна добрата актерска екипа и публиката која ја прифаќа претставата и таа живее со години.
Единствена „болка” на Театарот е што нема нова зграда?
Се уште се користи првата стара зграда, некогашното кино на Напевци. Правени се мали, симболични адаптирања, но отсекогаш бил проблемот со просторот и потребата од нова театарска зграда.
Ќе се реши ли тоа? Министерството за култура еден период покажа слух?
И на Прилеп му треба темелно решавање на проблемот со театарска куќа, како што неодамна тоа го реши Велес. Веројатно останува како прва задача за новите генерации во театарот и за „градските татковци” да го решат проблемот со просторот и со новата театарска зграда. Имаше најави да се адаптира простор во Домот на културата „Марко Цепенков”, но мислам дека тоа не е решение. Таа зграда на Домот на културата архитектонски не одговара за нов театар. Иако административно сме заедно со Центарот за култура, сепак претставите се играат во постојната театарска зграда. На Прилеп му треба посебна театарска куќа. Не е важно каде. Може и на местото на постојната стара зграда.
Во разговорот го вклучуваме и директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, Тони Чатлески, под чија капа од 2004 година е прилепскиот театарски ансамбл. За Чатлески ова се јубилеи за почит, а развојот на прилепскиот театар го гледа во заедништвото со Центарот за култура.
Идејата за нов простор за прилепскиот народен театар во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков” е добра. Сега имаме одлична екипа, имаме огромни успеси на домашен и меѓународен план и недостасува адаптација на нов театарски простор. Се надеваме дека наскоро и тоа ќе ни се оствари, заклучува Чатлески.
- 2018
Tеатарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп
Со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, театарот „Војдан Чернодрински“ во понеделник 19.02.2018 ќе одбележи 68 години од формирањето. Публиката повторно ќе може да ужива во оваа најгледана претстава одиграна 115 пати и која десет години е на репертоарот и за која се уште се бараат карти повеќе. Ова е втора најгледана претстава во историјата на театарот веднаш по „Солунски патрдии“. Моментно на репертоарот се три претстави „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, „Ништо без Трифолио“ од Р. Богдановски, во режија на Коле Ангеловски и “Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.
Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Премиерите низ годините се ределе, се нижеле успесите. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес израсна во Ансамбл со актерски имиња кои покажуваат дека знаат и умеат да „согорат“ на сцената.
Во досегашното постоење Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 370 премиери, изиграл над 7500 претстави кои ги гледале над 1,6 милиони луѓе.
Театарот најголемите успеси ги постигна со претставата „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.
Голем успех досега постигнаа и претставите “Силјан Штркот” “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Молам за секс“, “Спиро Црне” “Колобан” “Арсениј” ,“Полковникот птица” , “Опера за три гроша” од Брехт и др.
Театарот во земјава се уште го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Ансамблот брои 18 актери.