НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
“ЧУДОВИШТА ВО НАШИОТ ГРАД“
Награда за музика на Димитрие Бужаровски
Театарски игри “Војдан Чернодрински“ – Прилеп – Р Македонија – 1990 г.
“ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА“
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
МеФѓународен фестивал “Бурборак-94“ – Смолен – Р.Бугарија – 1994 година
Награда за кукли и костим за Ангелина Атлагиќ
II Меѓународен куклен фестивал на мали форми – Крагујевац – СР Југославија – 1995 година
Награда за естетско обликување на претставата
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1996 година
Награда за кукли, костим и сценографија за Ангелина Атлагиќ
Интернационален фестивал на марионетска уметност за деца – Прага – Р.Чешка – 1998 година
“МАЛИОТ ПРИНЦ“
Актерска награда за Драган Довлев
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1997 година
“УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“
Награда за костим и сцена за Александар Ношпал
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1998 година
“КРАЛЕ МАРКО“
Актерска награда за Владимир Лазовски
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 1999 година
“МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА”
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
Награда за колективна актерска игра.
Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 2000 година
Специјална диплома
Меѓународен куклен фестивал на мали форми – Крагујевац- СР Југославија -2001
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
I Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука – Р. Српска -2002
ГРАН ПРИ – Награда за најдобра претстава во целина
Награда за режија за Боњо Лунгов
XIII Интернационален которски фестивал на театар за деца – 2005
Награда за колективна актерска игра
Награда за музика за Драган Даутовски
II Меѓународен куклен фестивал – Подгорица, Р. Црна Гора – 2013
“ЛАКОМАТА МЕЦА“
Актерска награда за Владимир Лазовски
Меѓународен куклен фестивал на мали форми – 2001 – Крагујевац – СР Југославија
„ЧУК, ЧУК, СТОЈАНЧЕ“
Актерска награда на Татјана Павловска Кочовска
IX Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица – СР Југославија – 2002 година
“ПАПАГАЛЧЕТО РИКИ“
Специјална диплома за Владимир Лазовски
VI Меѓународен куклен фестивал “Златна искра“ Крагујевац Р.Србија и Црна Гора – 2004
“КРАЛОТ КУСКУЛЕ ПРВИ”
Актерска награда за Јасмина Мицовска
XII Меѓународен фестивал на театри за деца – Суботица, Р.Србија и Црна Гора – 2005
Актерска награда за Гокица Лукаревски
XIV Которски фестивал на театри за деца – Котор, Р.Црна Гора – 2006
“ПОПОТ И НЕГОВИОТ СЛУГА БУДАЛ”
Актерска награда zа Владимир Лазовски
XIII Мегународен куклен фестивал “Златна искра” Крагујевац Р.Србија – 2007
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Актерска награда за Владимир Лазовски
Награда за костим за Александар Ношпал
XV Которски фестивал на театри за деца Котор Р.Црна Гора – 2007
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
VII Европски куклкен фестивал Поградец Р.Албанија – 2008
“ТЕЛЕФОНОТ”
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Награда за режија за Боњо Лунгов
XVI Которски фестивал на театри за деца Котор Р.Црна Гора – 2008
“ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊА“
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
XVII Которски фестивал за деца Котор, Р. Црна Гора-2009
“ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ“
Награда за колективна актерска игра
XIX Меѓународен детски фестивал ЛУТФЕСТ – Суботица, Р. Србија – 2012
ГРАН ПРИ
Награда за најдобра претстава во целина
Награда за режија за Боњо Лунгов
Актерска награда за Нина Деан Гачиќ
Актерска награда за Татјана Павловска Кочовска
XII Меѓународен фестивал на театри за деца – Бања Лука, Република Српска – 2013
“БЕСКРАЈНИ СОНИШТА“
Награда за оригиналност и фантазија
XX Меѓународен детски фестивал ЛУТФЕСТ – Суботица, Р. Србија – 2013
Награда за колективна актерска игра
XVI Меѓународен куклен фестивал ЗЛАТНА ИСКРА – Крагуевац, Р. Србија – 2014
„НАШИОТ КЛАС“
ГРАН ПРИ
Награда за визуелност
9. Меѓународен театарски фестивал „Јоаким интерфест“ во Крагуевац, Србија
Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје е добитник на огромен број домашни и меѓународни Признанија и Благодарници.
ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ
За 26 години повеќе од 300.000 посетители
Театарот ја подготвува 60-тата премиера, а оваа годинаќе има четири премиери.
Театарот за деца и младинци одбележа 26 години постоење.
Со работа почна пролетта 1990-та со претставата „Силјан Штркот” во Универзална сала изведена пред две илјади деца, а три години подоцна доби и свој простор во кој работи и денес. Оттогаш е и амблемот на овој театар – два прегрнати штрка.
“Ова е најважното место на светот, тука децата ја учат основната разлика помеѓу доброто и злото, ја развиваат својата фантазија, стануваат интерактивни со сцената и го развиваат својот социјален аспект по секоја претстава, истакна директорот на Театаротза деца и младинци Братислав Димитров.
На роденденот на ТДМ присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која им се заблагодари на сите актери и вработени во институцијата кои се вложиле во нејзиниот развој.
– Театарот за деца и младинци е двигател на културниот живот во Македонија, кој има придонес и во едукација на младата популација. Се сеќаваме на многу претстави, како „Девојчето со кибритчињата”, „Петар Пан”, „Македонска приказна”, „Могли” и многу други. Посебно ми е драго што со овој настан им се оддава почит на генерациите кои растеа и живееја со овој театар. Министерството за култура дава силна поддршка на ТДМ, издвоивме средства за реконструкција на оваа значајна институција, доделена и е опрема за сценската технологија, се подобрија условите, а имаше и голем број вработувања на актери, драматурзи и режисери.
Преку инсерти од некои од вкупно 59-те премиери колку што се поставени на сцената на ТДМ, беше прикажан развојот во изминатите 26 години во кои театарот имал повеќе од 300.000 посетители.
Театарот за деца и младинци прв по осамостојувањето на Македонија успешно излезе надвор од границите и се врати со награда – за претставата „Принцезата на зрно грашок”. Таа до денес е одиграна 261 пат и е најизведуваната претстава во историјата на овој театар.
Најтрофејната претстава на ТДМ и втора по број на изведби (151 до сега) е „Македонска приказна”.
Театарот за деца и младинци ја подготвува 60-тата премиера, а оваа година со поддршка на Министерството ќе има четири премиери.
Театарот е носител и на голем број меѓународни награди. Неодамна се врати од фестивал во Измир, а има покани од Германија, Романија и Бугарија. Екипа од ТДМ работи на меѓународен проект финансиран со грант на ЕУ, во кој се вклучени и Словенија, Србија и Норвешка.
-
2017год за в.д директор е поставена Катарина Илиевска Силјановска
2018
17 Март 2018 Еднаш свет изградив
30 Март 2018 ТОБИ
14 Јуни 2018 Сонот на Вилијам
5 Декември 2018 Земја во која не се стигнува
- “Со 350. изведба на ‘Убавицата и ѕверот’ утревечер маркираме недвижно културно наследство по стандардите на УНЕСКО. Во 73 години историја на македонскиот театар, од 1945, ова е најизведуваната претстава во континуитет. Имало и пред неа, 346 пати е изведена ‘Чорбаџи Теодос’, 334 – ‘Болва во уво’, 262 -‘Сомнително лице’, но интересни се два факта, ниту една од овие наведени претстави кои биле со децении на репертоар, не стигнале до бројката 350 и ниту една не била изведувана во континуитет полни 20 години, со иста сценографија и костимографија, со иста екипа”, истакна театрологот Јелена Лужина“Театарот за деца и младинци утревечер (12 декември) во 19 часот ќе ја изведе ‘Убавицата и ѕверот’ по 350. пат со што станува рекордно најиграна претстава во овој театар како и во театрите во Македонија. Претставата премиерно беше прикажана во 1998, на 6 февруари и 20 години активно се игра во овој театар со речиси комплетно иста екипа, и со истите костими“, рече Катарина Илиевска-Силјановска директорка на ТДМ.“Режијата на претставата е на Димитар Христов, кој не е веќе меѓу нас, а текстот е на Игор Бојовиќ. Во премиерната изведба настапиле актерите Ана Левајковиќ Бошков, Игор Маџиров, Олгица Христовска, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев. Сценографијата и костимографијата е на Александар Ношпал, музиката на познатиот композитор Славе Димитров, а кореографијата Александар Хаџиманов #, додаде Илиевска Силјановска која подоцна станала дел од екипата на местото на Олгица Христовска.
- Убавицата и ѕверот
- Алиса во земјата на чудата
- Бескарајни соништа
- Црвенкапа
- Девојчето со бисерна обетка
- Дванаесетте месеци
- Македонска приказна
- Оливер Твист
- Пипи долгиот чорап
- Рекламна бајка
- Снежана и седумте џуџиња
- Волшебникот од Оз
- Волшебната флејта
- Грдото пајче
- Зрното грашок и принцезата
- Лакомата меца
- Нашиот клас
- Пат околу светот
- Заспаниот разум раѓа чудовишта или денес не напишав ни збор
- Животинска фарма
- Малата сирена
- Петар Пан