Со Александра ПАВЛОВА, актерка

Животот е нерешлива енигма, а Театарот негово огледало

 

1. ЗА СЕБЕ:    непоправлив оптимист
2 . ЗА ЉУБОВТА:     двигател на животот
3. ЗА ЖИВОТОТ:      животот е нерешлива енигма.. претстава со најголем број на актери    🙂
4. ЗА ТЕАТАРОТ:   огледало на животот, обид да се дојде до вистината. Начин на живот, не професија
5. ЗА ДОБРОТО:   сè најдобро    🙂
6. ЗА ЗЛОТО:      потенцијално добро
7. ЗА (НЕ)ПРИЈАТЕЛИТЕ    сеуште неоткриени пријатели
А, ПРИЈАТЕЛИТЕ         браќа и сестри од други родители
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ :     да се искорени под итно!    🙂
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА:      духот на театарот
10. ЗА КОЛЕГИТЕ:        втора фамилија
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:     идни одиграни улоги:)
12 . ЗА ИДЕЈАТА:    мајка на креативноста
13. ЗА СОНОТ:          живот во друга димензија
14. ЗА ЈАВЕТО:         проекција на нашите мисли
15. ЗА ВИНОТО:       во виното е вистината само за оние кои не умеат да ја најдат на друго место
16. ЗА КРАЈ:              крајот е само нов почеток  ?