АЛБАНСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

АЛБАНСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

СОПСТВЕН ИДЕНТИТЕТ И ЗНАЧАЈНА АЛКА ВО ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Албанскиот театар – Скопје е национална установа од огромно значење за културата и воопшто за општествено-политичкиот живот во Република Македонија. Со долгиот стаж на постење, како еден од основоположници на институционализацијата на театарот во Македонија, речиси седум децении, или 66 години на воспоставувањето на неговите уметничко/театарски критериуми, е значаен чинител на културата во Македонија. Со репертоарските поставки во текот на сите изминати години, секогаш ја потврдувал својата основна цел: да биде креатор на театар/култура во најшироката смисла на значењето, да го негува актерскиот и режисерскиот креативен состав, да создава свои кадри и да соработува со актери, режисери, драматурзи, автори, костимографи, сценографи, кореографи, музички автори и соработници од различни националности од дома и од светот. И најбитното – да создава/негува/воспитува/образува публика од најразличен национален состав. Како резултат на постојаната грижа за својата театарско/уметничка актива Албанскиот театар е установа без која ниту можело, ниту може, ниту ќе може да се замисли театарската уметност, културата и мултинациналното и мултикултурно живеење на Македонија. Формиран е на 20 јануари 1950 година (со решение на Извршниот одбор на Градскиот народен одбор, бр. 4579/1950, иако работел од декември 1949 г.). Првата претстава/премиера е на 12 јуни 1950 година – Женидба од Гогољ во режија на Абедин Красниќи. Тогашната албанска група при Малцинскиот народен театар (неколкупати го менува статусот, називот и местото на кое создава), денес релевантната Национална установа Албански театар – Скопје (со решение на Министерството за култура бр.20/2566/143, од 04.11.2004 година) стартувала со 19 члена (15 маши и 4 жени), а денешниот состав на Театарот е 37 актери, и вкупно 93.ца вработени. Додека е во тек целосната реконструкција на неговиот објект, работи и го игра репертоарот во Театар Комедија. Создавајќи годишно 4/5 нови претстави, во текот на сите изминати години создадени се над 400 претстави. Она што фасцинира е фактот дека во реализацијата на вкупниот репертоар на Албанскиот театар, со специфично етаблиран израз, неговите врати секогаш биле ширум отворени за соработници од разни националности и гости од други земји, дека негува репертор од албански, македонски и светски автори, од традиционалната, класичната или современата домашна и светска драматургија. Грижата да се оди во чекор со современите текови/потреби на Театарот и на публиката, Албанскиот театар постојано се надоградува со млади актери, почитувајќи ги о негивајќи ги и оние кои се долгогодишни негови актери и други театарски творци – чинители на основниот чин – претставата. Албанскиот театар секогаш водел и води грижа за оние за кои и постои – публиката: од најмладата до возрасната. Поставува претстави за деца што пак битно влијае на воспитно образовниот и културниот предзнак на своето делување. Негувајќи ја публиката од најраната возраст, грижејќи се за возрасната публика од албанска националност, ја почитува и својата друга редовна публика обезбедувајќи преводи некогаш симултани а сега титлови на македонски јазик. Албанскиот театар во текот на целото свое постоење ги запишал, ги памети и ги доживел сите времиња и бури низ кои поминале овие наши македонски. балкански и светски простори. Како што дувале „ветришта“ на политичкото поле, така тие се чувствувале, како и последиците, и во Алабанскиот театар. Албанскиот театар – Скопје поминал/поминува низ разни фази на развојот: – првата фаза/декада од постоењето/оформувањето, се карактеризира како фаза чија основна карактеристика на сценското дејствување е романтичниот ентузијазам; – втората фаза се годините на стремеж за консолидирање на сценскиот израз. – третата фаза се годините на актерска зрелост и барање, односно содавање на уметничкиот идентитет; – неколкуте (веројатно и повеќе) последни декади се фаза во која Албанскиот театар се промовира низ европските сцени; – заедничко на сите фази е неговата амбиција да е релевантен чинител во својата уметничка.културна мисија… Низ годините на постоењето Албнскиот театар – Скопје е еден од ретките театри кои редовно гостува и низ други градови низ Македонија, особено во оние во кои мноизнското население е од албанска националност. И со грижа и желба претставите да ги видат и граѓаните од друга националност. Редовно се натпреварува на домашните национални и на меѓународни фестивали, во конкуренција на продукции од театрите во Македонија, но и конкуренција од меѓународен карактер. Присутен е и на меѓународни фестивали низ регионов и низ светот. Добива домашни и меѓународни награди и признанија. Со секоја нова претстава, или нов настап пред друга публика, како гостин или во меѓународна конкуренција, го потврдува фактот дека е значајна алка во низата во која се театрите во Македонија и вон неа. Како установа која битно влијае на мултикултуралноста дома и во светот.

Theatre of Nationality Albanski teatar