Анче Џамбазовa ( 1942 – 1997 )

timthumb

Анче Џамбазова

Анче Џамбазова
Роден 1942
Македонија
Починал 30 септември 1997
Скопје
 Македонија
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Мирно лето
Тврдокорни
Занимање актерка
Сопружник Александар Џамбазов
Татко Петре Прличко
Деца Тања
Игор Џамбазов

Анче Џамбазова (родена во 1942 – починала на 30 септември 1997 во Скопје) — македонска театарска и филмска глумица, најпозната по улогите во Мирно лето и Македонски народни приказни. Анче Џамбазова е ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на компизиторот Александар Џамбазов и мајка на шоуменот Игор Џамбазов.

ance-dza

Во чест и спомен на Анче!

30 септември 1997 година… Замина Анче Џамбазова, легендарната актерка, ќерка на Петре Прличко, сопруга на маестро Александар Џамбазов, мајка на легендарниот Игор Џамбазов… Актерска легенда, чии улоги оставија белег во македонската филмска и театарска историја… Денеска на неа потсети нејзиниот син Игор… Во чест и спомен на баба Анче…со љубов…
 

АНЧЕ ЈА ФАТИВ СО ГИТАРАТА

Ан­че би­ла и оста­на­ла нај­го­ле­ма­та љу­бов на Џам­ба­зов. Раз­го­ва­рав­ме за жи­во­тот со фе­но­ме­нал­на­та актер­ка, а тој со за­до­волс­тво и по­се­бен жар го­во­ре­ше за неа

Ја за­поз­нав ле­то­то 1960 го­ди­на пред да одам во вој­ска, на ле­ту­ва­ње во Охрид бев со То­мис­лав Зо­граф­ски, Ми­хај­ло Ни­ко­лов­ски, Зо­ран Ди­ми­тров­ски, а Џу­ва­ле­ков­ски има­ше ви­ла кај Ка­нео. Ту­ка про­стор за сон­ча­ње, јас со ги­та­ра­та. Пе­тре Пр­лич­ко сни­ма­ше „Со­лусн­ки­те атен­та­то­ри“, а таа со ма­ќе­а­та бе­ше сме­сте­на кај „Св. Со­фи­ја“. Ма­ќе­а­та ла­же Ан­че се ка­пе, а јас и Ан­че со друш­тво­то пеш до син­ди­ка­лен дом на игран­ка. Ја фа­тив со ги­та­ра­та. 1961 го­ди­на го сни­ми „Мир­но ле­то“, во Охрид и во Скоп­је. Ка­ко се­га се се­ќа­вам, отка­ко се за­поз­нав­ме оди­ме на кор­зо. Се на­о­ѓа­ме во по­не­дел­ник, таа пла­че. Што ти е бе зла­то, што ти ста­на? Ди­ре­кто­рот на учи­ли­ште­то го вик­нал та­тко ѝ. Клас­на­та му ка­жа­ла де­ка ја ви­де­ле Ан­че со не­кол­ку де­вој­ки и ед­но мом­че, кое ѝ ја ста­ви­ло ра­ка­та пре­ку ра­мо­то. Тоа не сме­е­ло. Та­тко ѝ ја ис­по­ка­рал… Мо­рав­ме де­вој­ки­те да ги вра­ќа­ме во осум ча­сот. Ед­на ве­чер доц­нев­ме че­ти­ри ми­ну­ти. Та­тко ѝ не ја при­ма, не­ка спие кај ком­ши­и­те. А, ми беа љу­бо­мор­ни за Ан­че. До­шол бел­град­ски­от ѓак, им ја фа­тил нај­у­ба­ва­та де­вој­ка. Ан­че се­кој ден ја пу­шта­ла мо­ја­та пес­на „Пес­на по­вра­тка“ од пло­ча­та од Опа­ти­ја. Вљу­бе­на. Пр­лич­ко ѝ ви­кал, до­ста ма, се­кој ден тоа, па тоа, са­мо тоа. Еден ден се бри­чел, Ан­че си пе­е­ла, и тој се свр­тел; „ааа му ја пе­еш пес­на­та на Ацо му­зи­кан­тот“. Таа пре­среќ­на, та­тко ѝ ме знае… Во 1962 го­ди­на се ре­ги­стри­рав­ме. Пр­лич­ко ед­на ќер­ка, ќе ја ре­ги­стри­ра. Тој при­ја­тел со си­те. Ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти бе­ше Ко­чо Би­то­ља­ну. До­а­ѓа­ат на свад­ба си­те, 300 го­сти, Пе­тре ќе пла­ќа. Јас са­мо што поч­нав со му­зи­ка, а ве­ќе по­пу­ла­рен. Да­вам до­ку­мен­ти и на­ста­ну­ва шок. Јас во кр­ште­ни­ца­та Але­ксан­дар Ме­то­ди­ев Ни­ко­лиќ.  Во­е­на кни­шка Але­ксан­дар Џам­ба­зов. Же­на­та ка­жу­ва не мо­же да нѐ ре­ги­стри­ра, Пр­лич­ко шок… Ко­чо Би­то­ља­ну го­стин и од­ма пот­пи­шу­ва де­ка ли­це­то тоа и тоа е ед­но исто, ста­ва пот­пис и ние се ре­ги­стри­рав­ме.  Е, по го­ди­ни, ко­га Пр­лич­ко се ше­гу­ва­ше со ме­не, ве­ле­ше: „Абе кај го нај­де овој му­зи­чар. Ја ба­раа трој­ца кон­зу­ли и двај­ца ам­ба­са­до­ри, јас на му­зи­кант ја да­дов“. А пос­ле ќе се свр­те­ше и ќе ре­че­ше: „Ама си го са­кам по­ве­ќе од Ан­че“.

Џам­ба­зов ден-де­нес ги чу­ва си­те пис­ма што Ан­че му ги пра­ќа­ла во вој­ска:

Страв ми е да ги отво­рам. Се­кој ден Ан­че ми пи­шу­ва­ше. И ко­га ќе не на­ре­дат да чи­та­ат по­шта пр­во ви­каа Џам­баз. Си­те зна­е­ја де­ка во по­не­дел­ник или втор­ник ќе до­би­јам две пис­ма, пра­ти­ла и са­бо­та и не­де­ла. И ко­мен­ти­раа, овој по­втор­но има пис­ма. По­ра­ди тоа и Ми­чо Ор­ло­виќ ми го да­де тој текст за „Љу­бов и мо­тор“.

Џумерко и ќерка му !

mojotzivot1

Со локум за добредојде, Џумерко и ќерка му Марија, двајцата актери, споделија со нас интересни случки од животот на глумците. И таткото и ќерката со подеднаква возбуда ни го раскажаа денот кога Итар Пејо по цели 25 години доби подеднакво добар наследник…

8f9981bb34a481458b54a53f84889c51

Некои велат Прилеп е град на тутунот, за други градот под Марковите кули е град пивото, заради фестивалот кој веќе стана препознатлив во целиот регион… Ама Прилеп е и град на мајмуните, оти нели така ги нарекуваат неговите жители…, иако во Прилеп мајмун не игра, оти нема кој да му го држи стапо!

Набој на спомени од едно друго време, носталгија за штиците што живот значат, сеќавања за секоја негова улога… Бардот во македонското глумиште, најпознатиот мајтапчија Благоја Спиркоски – Џумерко, денес е пензионер, кој секојдневието го поминува со семејството и со внуците, горд што во театарот остави достоен наследник – ќерка му Марија.

Во домот на Спиркоски не пречека малиот Петар, синот на Марија, кој беше збунет од изгледот на мајка си, облечена во костимот на Итар Пејо. Со препознатливата отвореност и несебичност топло добредојде ни посака и домаќинот Џумерко. Со локум за добредојде, двајцата актери споделија со нас интересни случки од животот на глумците. И таткото и ќерката со подеднаква возбуда ни го раскажаа денот кога Итар Пејо по цели 25 години доби подеднакво добар наследник.

Во моментот кога никој не помислуваше дека некој ќе го замени ненадминливиот Џумерко во улогата на Итар Пејо, неговата ќерка, актерката Марија Спиркоска – Илијеска, го претстави комплетно новиот Пејо, и кај публиката го врати воодушевувањето од пред 25 години. Ниту режисерот Коле Ангеловски не се надеваше на таков успех, нова изведба на една стара приказна, со една неверојатна жена во главната улога. Со нов сензибилитет во танго стил, Марија во улога на познатиот мариовски итрец ја освои публиката во Драмски.

Весела и скромна по природа, Марија и по неколку месеци од премиерата со возбуда се сеќава на моментот кога ја добила улогата на Итар Пејо.
– Нозете ми се пресекоа кога Коле ми предложи да бидам новиот Итар Пејо, најпозната улога на татко ми, репликите со кои пораснав, раскажува Марија.
– Кога Коле ме праша дали сакам да играм во претставата и да бидам женскиот Итар Пејо, ми се стресоа колената и седнав… Не се сеќавам многу на разговорот, ама кога го погледнав татко ми, тој како да знаеше за што ме побарал Коле, немав сила ни да изустам, не знаев како да почнам.
– Гледајќи го суратот на Марија додека разговараше на телефон, веднаш знаев за што се работи, дополнува Џумерко.
– Се јави Коле Ангелоски на мојот телефон, Мара, ми вика, дома е – само јас и тој ја викаме Марија така, од милост. И го дадов телефонот на Марија, оти Коле не ми кажа за што ја бара. Ја гледам ќерка ми – и се смени ликот, на сите прашања од Коле одговараше со ДА, прво стоеше, после седна на креветот до мене. Кога ја видов дека седна, си мислам сигурно Николчо ја бара за Солунски патрдии… седна пилето, не може да стои од возбуда.

Со голема обврска кон татка си и кон публиката, со реплики научени уште од дете, Марија внесе нов, модерен дух во Пејо од Мариово. Со жар во очите раскажува за премиерата во Драмски и за денот кога татко и од Прилеп допатувал да ја гледа во Солунски патрдии”.
– Никогаш не знам кога е татко ми во публика, ако се видиме, имам трема од него, чувствувам голема обврска. Кога ми се јавија дека стигнуваат во Скопје, со такси веднаш заминав во Драмски, да не се сретнеме пред претставата. Не сакав да знам во кој ред седи, кога знам дека е тука, душава ме тера да ми шараат очите, да го барам низ публиката.

Кога ќерка ми ја помина првата сцена без проблем, знаев дека до крај ќе биде одлична, се навалив на жена ми Кица, и така останав до крајот на претставата.
– Само еднаш ни се сретнаа погледите со Марија, после до крајот не гледав, само ја слушав претставата и се држевме со Кица за раце. Кога видов дека првата сцена помина беспрекорно, ние глумците викаме ја плукна првата”, оти по првата сцена цела претстава се познава, ми се смири душава”, раскажува Џумерко.

Марија признава дека не и било лесно, но дека предизвик е да се одигра улога за која синоним е татко и.
– Кога почнаа пробите во Драмски, му викав на татко ми дека не можам да избегам од неговиот Итар Пејо, од неговата интонација, од неговиот начин на кажување на репликите, и на Коле му реков, не можам да побегнам – татко ми ми иде пред очи, а тој ми вика продолжи само така, и нема да згрешиш, раскажува Спиркоска – Илијеска.

Како прекрасно Марија ќе го памети искуството со колегите од Драмски, првата соработка надвор од матичниот, Прилепски театар. Иако млада, Марија е успешна актерка, но и подеднакво посветена сопруга и мајка. Пишува домашно со првачето Матеја, си игра и со малиот Петар, а во исто време во нејзини раце завршија највисоките награди и признанија за главни и споредни улоги.

Џумерко ни откри што ја посоветувал кога сфатил дека ќе ги следи неговите стапки.
– Марија е многу скромна, се консултира со мене, а јас и дадов совет: “Никогаш немој да се фалиш дека ти си ќерка на Џумерко, остави свој печат и прави си твој имиџ.”.

d7873f32c16fc542ba602bf9599a299f

3 награди за животно дело – 200 евра пензија
Добитник на највисоките актерски признанија, плакети, награди за животно дело, низа успешни и безвременски серијали, улоги во македонски филмови… За неговиот придонес во македонската уметност, вели Џумерко, државата му дава пензија од 200 евра.
– Во пензија сум речиси 8 години, имам награди за животно дело, награда Петре Прличкоо, награди за главни улоги, на театарски игри, пензијата ми е 12.800 денари, со никаква шанса да добијам национална пензија.

Диме Илиев

Диме Илиев, роден 19.09.1952 во Кавадарци. Дипломира на Факултет за драмски уметности Скопје во 1975, и истата година се вработува како актер во Драмски театар-Скопје. До сега има одиграни околу 90 премиерни улоги од кои поголемиот број главни, во врвни претстави од репертоарот на Драмски театар, но и на сцените на друге театри во Македонија. Настапува и во ТВ и радио драми, играни филмови, а има и неколку режисерски ангажмани.

Ждрело

Поважни театарски улоги:

Црна птица, ДТС 2009
Сон на летната ноќ, ДТС 2008
Кино Љубов, ДТС 2007
Македонски рулет, ДТС 2007
Демонот од Дебармаало, ДТС 2006
Ладало, ДТС 2006
Дон Жуан, ДТС 2005
Три сестри, Чехов, ДТС 2004
Што е тоа што ги тера жените да трчаат по улиците на Мадрид, ДТС 2004
Како се станува цар, ДТС 2003
Нема да верувате …. , ДТС 2003
Кротка, Достоевски, 2003
Есперанца, ДТС 2002
Собрани дела од Вилијам Шекспир, ДТС 2002
Падот на невиноста, ДТС 2002
Сон на летната ноќ, ДТС 2001
Мефисто, ДТС 2000
Европа, ДТС 1999
Свадбата на Фигаро, ДТС 1998
Заводникот од западната страна, ДТС 1997
Вазна од порцелан, ДТС 1996
Кумови, ДТС 1995
Ревизор, ДТС 1995
Арсеник и стара тантела, ДТС 1995
Од првиот здив, ДТС 1995
Дон Жуан, ДТС 1994
Калигула, ДТС 1993
Вообразениот болен, ДСТ 1993
Бура, ДТС 1992
Бисери и свињи, Кумановски театар, 1992
Балконот, ДТС 1991
Нажалена фамилија, Велешки театар 1991
Самоубиец, ДСТ 1990
Црна, Кумановкси театар, 1990
Медеја, ДТС 1989
Лице и опачина, ДТС 1989
Собирен центар, ДТС 1989
Слободен лов, ДТС 1988
Смртта на Дантон, ДТС 1987
Р, ДТС 1987
Ноќ спроти Водици, ДТС 1986
Керубин 2096, ДТС 1986
Свадба, ДТС 1986
Коприварник, ДТС 1986
Викенд на мртовци, ДТС 1985
Карамазови, ДТС 1984
Ивона кнегиња бурундска, ДТС 1984
Крал Иби, ДТС 1984
Препански круг, од М. Неделковски, ДТС 1983
Јадигар, од В. Манчев, ДТС 1983
Умна Глава, од О. Николова, ДТС 1982
Косанчичев венец, од Селениќ, ДТС 1982
Џон Пиплфокс, од Радовиќ, ДТС 1981
Дон Жуан, од Молиер, ДТС 1980
Бркотница, од Л. Биринскиј, ДТС 1980
Процес, од Андонов, ДТС 1979
Трамвајот наречен желба, од Т. Вилијамс, ДТС 1979
Солунски патрдии, од М. Поповски, ДТС 1979
Дракула, од Хамилтон, ДТС 1979
Рибарски караници, од К. Голдони, ДТС 1979
Црнила, од Коле Чашуле, ДТС 1977
Баш челик, од Д. Бабиќ, ДТС 1977
Хамлет, од В. Шекспир, ДТС 1977
Бегалка, од Васил Иљоски, ДТС 1976
Цар Едип, од Софокле, ДТС 1976
Џинот, од Глигор Поповски, ДТС 1976
И бол и бес, од Славко Јаневски, ДТС 1975

Чук, чук Стојанче, од Оливера Николова, ДТС 1975

Достига на самиот врв на највисоката власт, од Коле Чашуле, ДТС 1975

Поважни улоги во ТВ драми:
„Сослушувањето на железничарот”,
“Наши години”
“Неверство во зимската ноќ”,

Поважни филмски улоги:
“Двојка”
„Исправи се Делфина“
„Викенд на мртовци“
„Контакт“
„Големата вода“
„Сенки“ ТВ серијата

Награди и признанија:
„Најдобар млад актер-1976” (за претставата „Црнила”)
„Ристо Шишков”-1995 (за претставата „Од првиот здив”)
Награда за главна улога -ТВ фестивал Порторож -1976 (за ТВ драмата „Сослушувањето на железничарот)
„Најпопуларно ТВ лице-1979” (за серијата „Наши години”)

dime-iliev-gif

ИНТЕРВЈУ СО ДИМЕ ИЛИЕВ, АКТЕР – ДОАЈЕН НА МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ

Исправи се Делфина и Петко одбележаа голем дел од мојот живот

Тоа беше добар филм кој и 38 години од неговото снимање се уште се памети. Доказ за тоа е дека еден нашинец во Котор, на местото каде што го снимавме излегувањето на Делфина од Ла Манш, ме препозна и ми се обрати со зборовите: “Е тоа беше добар филм…!”, а се работеше за млад човек. А од театарот сум задоволен, бидејќи она што не храни нас актерите и воопшто уметниците, е трошка искрен аплауз за кој живееме, како награда за нашиот труд. Живеам и за моментот кога по успешната претстава – премиера ќе не дочека ведра атмосфера во гримиорната, помеѓу колегите. Зашто, да не се лажеме, ние најдобро знаеме кога тоа што сме го сработиле е добро, кога не. Тоа сето сум го доживеал и ме прави горд, вели Илиев, резимирајќи дел од својата кариера

Актерот Диме Илиев речиси со четири децении актерско искуство и присуство на сцената е еден од оние кои неизбежно оставија неизбришлива трага во македонскиот театар. И покрај тоа што може да се каже дека припаѓа на “старата гарда”, чичко Димо, како што го викаат помладите колеги, и тоа како е активен, со четири претстави на тековниот репертоар во матичниот Драмски театар. Директен повод за овој разговор беше токму неговата присутност на сцената, на која го вградува и на која им го пренесува сето свое искуство на помладите генерации.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за Вашето искуство во работата со помладата генерација колеги?
– Моето задоволство е големо од соработката со нив, бидејќи досега не сум имал никаков проблем. Напротив, може да се каже дека нивната енергија на моменти ме понесува, а за возврат јас несебично го споделувам моето искуство со нив, се разбира, доколку побараат совет. Значи, неизбежната интеракција на младоста и искуството помеѓу нас и тоа како постои.

Кога ќе ги резимирате овие четири децении професионална актерска патека, можете ли да ни кажете што, всушност, ви даде, а што ви одзеде татарот?
– Можам да ви кажам дека од тоа што ми го пружи театарот сум задоволен, бидејќи она што не храни нас актерите и воопшто уметниците е трошка искрен аплауз за кој живееме, како награда за нашиот труд. Живеам и за моментот кога по успешната претстава – премиера ќе не дочека ведра атмосфера во гримиорната, помеѓу колегите. Зашто, да не се лажеме, ние најдобро знаеме кога тоа што сме го сработиле е добро, кога не. Тоа сето сум го доживеал и ме прави горд.
Кога станува збор за тоа што ми одзел театарот можам да се пожалам” на недостатокот на приватност, односно моето “изгубено време” со моето семејство. Сепак, и од овој дел од животот сум задоволен, бидејќи сметам дека и покрај родот на мојата работа, со која се занимава и ќерка ми, а и жена ми е театарски човек, успеавме да воспоставиме еден нормален семеен живот.

Се добива впечаток дека еден период бевте малку отсутен од сцената. Тоа се должеше на некоја Ваша резигнација од театарот или пак, се работи за одредени околности…?
– Никогаш не сум бил резигниран, или уште помалку, индиферентен кон театарот. Она што во некои периоди ме немаше почесто на сцената, најверојатно се должи на одредена репертоарска политика, или пак, за немањето место во одредена режисерска концепција. Во мојот работен век досега не сум имал некој конфликт со ниту еден колега, освен, можеби, кога работиме претстава, но тоа е само творечки процес, па дури ни тогаш немало некои големи недоразбирања…

Ги споменавте режисерите… има ли некој од нив што, да речеме, не ви “лежи”?
– Ниту при соработката со режисерите не сум имал големи проблеми. Е сега, постојат режисери кои ниту по десеттата проба немаат концепт, односно немаат јасна визија кон каде оди нивниот продукт, односно идеја… е, тоа знае малку да ме извади од колосек, но и тие работи ги решавам со разговор, најчесто преку дијалог со режисерот и колегите. Тоа би значело дека ниту сега, ниту порано, не сум имал некои посериозни разидувања на релација режисер – Диме Илиев…

И покрај тоа што сте долго присутни на нашата сцена, и еден од столбовите на Драмски, сепак наградите како да Ве одминуваа…
– Јас немам таков впечаток, бидејќи ја имам најпрестижната актерска награда добиена на Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков”. Има ли поголем репер од оваа награда за тоа колку еден актерски труд вреди во Македонија? Добитник сум и на наградата за млад актер, а на овогодинешниот ФАД “Стоби 2013 ” ја добив наградата за главна машка улога… Но, и со наградите е исто како и со улогите. Или сте ја завршиле работата како што треба и добивате искрен аплауз, па го чувствувате и се гордеете со тоа или…

Се почесто филмската публика може да Ве види и на големото платно. Што значи филмот за Вас?
– Филмот е многу поинаква уметност. Тоа не е е уметност на мигот како театарот, но сепак останува впечатлива и се врежува во меморијата на гледачот, се разбира, доколку е квалитетен, односно, вашиот лик – ролја е добро сработена. На пример Петко од “Исправи се Делфина” одбележа еден добар дел од мојата кариера, бидејќи тоа беше добар филм кој и 38 години од неговото снимање се уште се памети. Доказ за тоа е дека еден нашинец во Котор, на местото каде што го снимавме излегувањето на Делфина од Ла Манш, ме препозна и ми се обрати со зборовите: “Е тоа беше добар филм…!”, а се работеше за млад човек. А сега, среќен сум што се повеќе се снима, што нашата кинематографија заживува, а за среќа има место и за мене, па во последниве неколку години снимив 5-6 филма. Најнова е “епизодата” која ќе ја играм во најновиот филм на Иво Трајков.

Зад Вас се и околу 200 ТВ-серии, радио и ТВ-драми, ТВ-филмови. Што мислите, зошто денес е полесно да се откупи турска серија отколку да се сними наша продукција?
– И јас сум дел од актерите кои синхронизираат и мислам дека тука се трудам колку што е можно повеќе да дадам свој актерски дел, но дефинитивно, кога се работи за наша продукција, сметам дека мора да се сменат моменталните политики, пред се на националните телевизии и да се отвори простор за нашата продукција. Инаку, што би правеле кога ќе заврши ерата на турските или кои било други сапуници?!

Борче Грозданов

НУ Драмски театар Скопје

ИСТОРИЈАТ

dramski

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

Магичниот круг започна на 21.04.1946 година со првата куклена претстава Силјан Штркот, работена според народна приказна, а веќе од 1949 година театарот се именува како самостоен Куклен театар. На 10.01.1958, со првата жива претстава Принцот и просјакот од Марк Твен и Сергеј Михалков, се создава Младинско-детскиот театар. Во 1964 од Македонскиот народен театар се издвојува една група од проминентни актери и актерки, кои пристапуваат во Театарот. Во 1967 година, на Стерииното позорје во Нови Сад изведбата на претставата Покојник од Бранислав Нушиќ ја добива главната Награда за најдобра претстава. Со истата претстава театарот учествува и на белградскиот Интернационален театарски фестивал- БИТЕФ. Официјално, од оваа година, театарот го добива и името Драмски театар – Скопје.
Во наредните години театарот настапува на повеќе интернационални театарски фестивали и манифестации, притоа секогаш претставувајќи се со внимателно одбрани претстави од домашни и странски автори, а во реализација на одлична актерска екипа. Театарот е добитник на награда на Стерииното позорје во Нови Сад за претставите: Диво месо (1980) и Кула вавилонска (1990) од Горан Стефановски; Специјална награда на Стерииното позорје во Нови Сад за претставите Јане Задрогаз (1975) на Горан Стефановски, Еригон на Јордан Плевнеш (1982) и Медеја од Дане Зајц (1991); Награда за најдобра режија на Стерииното позорје во Нови Сад за режисерите Љубиша Георгиевски (два пати) и Слободан Унковски (три пати); Награда за најдобра улога на Стерииното позорје во Нови Сад за актерите: Крум Стојанов (два пати), Мери Бошкова, Милица Стојанова, Благој Чоревски, Ненад Стојановски (два пати), Снежана Стамеска, Лилјана Богоевиќ-Јовановски, Петар Темелковски, Ѓорѓи Јолевски. На Фестивалот се добиени и многу награди за сценографии, костимографии, текстови и др.
Драмски театар – Скопје редовно настапува и на МЕСС (Фестивалот на мали и експериментални сцени) во Сараево, каде со голем успех се претставува со врвна реализација на своите претстави. Значајни награди и признанија од овој фестивал имаат добиено актерите: Мите Грозданов, Благој Чоревски, Мето Јовановски, Снежана Стамеска, Петар Темелковски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Никола Ристановски. На истиот Фестивал главни награди имаат добиено и претставите: Ништо од Артур Копит во 1972; Ослободувањето на Скопје од Душан Јовановиќ во 1979 и Еригон од Јордан Плевнеш во 1982. Многу главни актерски награди добиени се и на Театарските игри „Војдан Чернодрински” во Прилеп каде им е оддадено високо признание на актерите Благој Чоревски, Мето Јовановски, Драган Спасов, Ленче Делова, Стево Спасовски, Петар Темелковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Дејан Лилиќ, Сашо Тасевски, Ирена Ристиќ, Лилјана Велјанова, Маја Вељковиќ-Пановска, Јелена Жугиќ, Никола Ристановски и други. За своите настапи со Драмски театар на Фестивалот „Ристо Шишков” во Струмица наградени се актерите: Диме Илиев, Владимир Ангеловски,Петар Темелковски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов и Дејан Лилиќ.
Покрај многубројните фестивалски награди, Драмски театар – Скопје, како институција, ги има добиено и главните републички и сојузни (во бивша Југославија) признанија, заклучно со Орденот за заслуги со златна звезда на претседателот Јосип Броз Тито (највисоко признание во бивша СФРЈугославија).
Од изминатиот Репертоар на Големата и на Малата сцена, до сега, биле изведени многу пиеси од, речиси, сите познати (или млади) драмски писатели: Ристо Крле, Томе Арсовски, Васил Иљоски, Коле Чашуле, Оливера Николова, Симон Дракул, Богомил Ѓузел, Стеван Таневски, Петре М. Андреевски, Ѓорѓи Сталев, Димитар Солев, Славко Јаневски, Горан Стефановски, Миле Попоски, Русомир Богдановски, Јордан Плевнеш, Сашко Насев, Братислав Димитров, Југослав Петровски, Венко Андоновски, Жанина Мирчевска, Дејан Дуковски …
Поважни претстави на дела од странски автори се: Дундо Марое /Марин Држиќ/, Тројанки /Еврипид-Сартр/, Покојник /Бранислав Нушиќ/, Ромул Велики /Фридрих Диремант/, Макбет, Хамлет, Ноќ спроти Водици, Бура /Вилијам Шекспир/, Што виде собарот /Џо Ортон/, Рибарски караници, Ладало /Карло Голдони/, Артуро Уи /Бертол Брехт/, Хамлет од Долно Гаштани /Иво Брешан/, Јас, Клаудиј /Џон Мортимер/, Болва во уво /Жорж Фејдо/, Хенрих IV /Луиѓи Пирандело/, Цар Едип /Софокле/, Среќни денови, Чекајќи го Годо /Семјуел Бекет/, Трамвајот наречен желба, Мачка на вжештен лимен покрив /Тенеси Вилијамс/, Столови /Ежен Јонеско/, Дон Жуан, Вообразениот болен /Молиер/, Крвави свадби, Домот на Бернарда Алба /Лорка/, Балкански шпион /Душан Ковачевиќ/, Ивона, кнегиња бургундска /Витолд Гомбрович/, Крал Иби /Алфред Жари/, Смртта на Дантон, Војцек /Георг Бихнер/, Стапица /Тадеуш Ружевич/, Сили во воздухот /Небојша Ромчевиќ/, Долго патување во ноќта /Јуџин О`Нил/, Самоубиец /Николај Ердман/, Спасени /Едвард Бонд/, Балконот /Жан Жене/, Емигранти /Славомир Мрожек/, Калигула /Албер Ками/, Животот е сон /Калдерон де ла Барка/, Розенкранц и Гилденстерн се мртви /Том Стопард/, Ревизор /Николај В. Гогољ/, Питачка опера /Ватслав Хавел/, Квартет /Хајнер Милер/, Црна комедија, Амадеус, Јонадаб /Питер Шефер/, Гардеробер /Роналд Харвуд/, Вујко Вања,Три сестри /Антон П. Чехов/, Свадбата на Фигаро /Бомарше/, Роберто Зуко / Бернар-Мари Колтес/, Европа /Рене Калиски/, Поблиску /Патрик Марбер/, Земјомерот /Николај Колјада/, Мефисто /Клаус Ман/, Марисол /Хозе Ривера/, Поручникот од Инишмор /Мартин Мекдонах/, Комшилук наопаку /Нина Митровиќ/, Касапски кучиња /Квентин Тарантино/… Овие претстави биле режирани од познати македонски и гостувачки режисери од бивша Југославија и од сегашните држави од истата, потоа од Англија, Бугарија, Полска, Франција, САД …
Позначајни претстави од домашни автори, прикажани во Театарот во последните години, се: Диво месо, Тетовирани души, Жив чоек, Лет во место, Демонот од Дебармаало /Горан Стефановски/; Чија си, Грев или Шприцер /Сашко Насев/; Среќата е нова идеја во Европа, Последниот маж, последната жена /Јордан Плевнеш/; Филоктет, Јована Орлеанска, Македонски рулет /Љубиша Георгиевски/; Ни ќар ни зијан /Братислав Димитров/; Словенскиот ковчег, Кандид во земјата на чудата /Венко Андоновски/; Друга страна /Дејан Дуковски/; Кино “љубов” /Јани Бојаџи/ …
Драмскиот театар гостувал во Франција, Германија, Бугарија, Полска, Романија, Чешка, Словачка, Венецуела, Австралија, Турција, Египет, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Италија, Русија, Украина, Албанија, Канада, Колумбија со учество на нивните локални и меѓународни театарски фестивали.

s9q8lyvz

Годишна програма на НУ Драмски театар Скопје 2015

Издавачка дејност:

„Монографија“ – Бранко Ѓорчев од авторот Лилјана Мазова

Списание „Театарски Гласник“ – уредник Ристо Стефановски

Драмска дејност:

„Библијата“ – адаптација на текст и режија Срѓан Јанакиевиќ

„Безљубни“ – автор Благица Секуловска, режија Златко Славенски

„Чолак“ – адаптација и режија Синиша Евтимов

„Змејот“ – автор Евгениј Шварц, режија Александар Поповски

„Сирано ДеБержерак“ – автор Едмон Ростан, режија Дејан Пројковски

„Прински цар“ – автор, режија и изведба на монодрамата Петре Темелковски

dramski-teatar-skopje-326x183

НАЈВИСОКО ДРЖАВНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ

Драмски се закити со орден!

Екипата на Драмски има причина да биде горда на својата богата историја и на уметничките достигнувања за што сведочи токму публиката не само на матичната сцена во Скопје и во Македонија, туку и пошироко во регионот и во Европа”, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, при доделувањето на орденот во претседателската вила Водно

Токму во годината кога се одбележуваат 70 години од постоењето на НУ Драмски театар-Скопје, оваа наша национална установа се закити со најголемото државно признание “Орден за заслуги за Македонија”.

Ова признание Драмски театар го добива за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското драмско творештво.

“Во изминатите седум децении на сцената на Драмскиот театар Скопје израснаа генерации и генерации кои учеа за етичкото и за естетското, кои се спознаваа себеси и светот, го осознаваа и го почитуваа животот. Ова е извонредна можност да им се заблагодариме на сите генерации членови на Драмскиот театар кои во изминатите седум децении на сцената и зад сцената создаваа театарска магија која ги облагородуваше и ги исполнуваше посетителите на нивните претстави. Екипата на театарот има причина да биде горда на својата богата историја и на уметничките достигнувања за што сведочи токму публиката не само на матичната сцена во Скопје и во Македонија, туку и пошироко во регионот и во Европа”, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, при доделувањето на орденот во претседателската вила Водно.

Во име на Драмскиот театар орденот го прими директорот Роберт Вељановски, кој истакна дека ова признание ги прави горди, но и ги обврзува на уште поголема посветеност.

“Драмскиот театар има постојана тенденција и улога на предвесник на без малку сите релевантни театарски случувања во Републиката. Сознанието за потребата од театар за деца, оформувањето на куклената, а подоцна и младинската сцена, негување на македонската драматика, како и реализирани 130 премиери на домашни драмски текстови… се одликите кои со макотрпна, но и длабоко обмислена работа го поставуваат Драмскиот театар на пиедесталот како една од водечките театрски куќи во државата”, истакна Вељановски, искажувајќи ја благодарноста за доделениот орден, но и благодарноста до сите оние кои се вградија себеси во театарското живеење на Драмски театар во изминатите 70 години.

Во 2016 година

  •  Драмскиот театар одигра точно 203 претстави, а претставите ги погледнаа 36 272 гледачи. Минатата година беа одобрени шест претстави со годишната програма. Последната претстава е во фаза на реализација и се очекува да биде готова кон средината на февруари.

Поддржано беше и изданието на “Театарски гласник”, кој во моментов е во печат и монографија “70 години НУ Драмски театар Скопје”, која е во завршна фаза на изработка, како и мини балканска турнеја во Сараево, Загреб и Белград со претставата “Генетика на кучињата” од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, која е успешно реализирана.

2017 година за в.д директор е поставен Сашо Тасевски

Бранко Ѓорчев ( 1962 – 24 Фев. 2013 )

 

Бранко Ѓорчев,  ( 1962 – 2013 ) година. Дипломира во 1986 година наФакултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.


Поважни театарски улоги:

Клаудиј, Кралот на Данска – Хамлет, од В. Шекспир, режија Дејан Пројковски, ДТС, 2010

Кобра – Олово на перница, од Векно Андоновски, р. Димче Николовски, ДТС 2011

Птоломеј – Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009

Кајафа, првосвештеник на Ерусалим – Свето срце,  р. Љубиша Георгиевски, МНТ 2009

Робеспјер – Дантонова смрт, од Георг Бихнер, Народен театар – Струмица, 2005
Ефто – Лет во место, од Горан Стефановски, ДТС, МТФ “Војдан Чернодрински” 2005 Јонадаб – Јонадаб, од Питер Шефер, ДТС, Фестивал “Охридско лето”, 2003
Диониз – Бакхи, од Еврипид, Народен театар – Битола, Интернационален театарски фестивал “Охридско лето” 2002
Мажот – Последиот маж, последната жена, од Јордан Плевнеш, Ефемери театар – Париз, Франција , 2001
Мефисто – Мефисто, од Клаус Ман, ДТС, 2000 Фестивал “Охридско лето” 2000
Гроф Алмавива – Фигаро, од Бомарше, Интернационален театарски фестивал “Охридско лето” Охрид, 1998
Фауст – Фауст, драматизација на Ѓорѓи Јолевски (базирана врз Гете, Марло, Ман, Достоевски, Лохер), Неформална Театарска Група “Квартет”, 1997, Прикажана на Интернационалниот Театарски фестивал за алтернативни претстави “Krakowskie teatralne reminiscencije” Краков, Полска, Март 1998
Неизвестни – Среќата е нова идеја во Европа, од Јордан Плевнеш, ДТС, 1997, Интернационалниот Театарски Фестивал “Aux rivage se notre Europe“, Corbeil-Essonnes, Paris, France Јануари, 1998 Интернационалниот Театарски Фестивал ”Charles-Dullin“, Theatre Romain Rolland, Villejuif, Paris, France, Јануари 1998 Македонски Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински”, Јуни 1997 Интернационалниот театарски фестивал во Каиро, Египет 1998
Владимир – Чекајќи го Годо, од Семјуел Бекет, ДТС, 1994, Фестивалот на камерна драма “Ристо Шишков”- Струмица, Септември 1995
Столе Апаш – Кога цутеа тиквите, од Борислав Михајловиќ, Народен Театар Куманово, 1992
Трепљов – Галеб, од Антон Павловиќ Чехов, Македонски Народен театар, 1990
Фред – Спасени, од Едвард Бонд, ДТС, 1990
Јасон – Медеја, од Дане Зајц, ДТС, 1989 Стеријно позорје, Нови Сад, 1991, Будва Фест, Будва, Црна Гора 1989 “Охридско Лето”, 1990
Кралот Клавдиј – Хамлет, од Буњуел, Дубровнички летни игри, Дубровник, 1985, МЕСС Сараево , 1986 Алпе Адрија, Нова Горица, Трст и Блед, октомври 1986

Карла од мостот, Гинекологот, Јасновидката – Кинегодна од Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2008

Други претстави:

„Свадба“, „Р“, „Закопаното дете“, „Сказна за времето“, „Татко“, „Леце и опачина“, „Самоубец“, „Балконот“, „Бура“, „Калигула“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Ревизор“, „Кумови“, „Умри машки“, „Амадеус“, „Дона Хуана“, „Ова не е американски филм“, „Ојдипус тиранос“, “The Lover”, „Свадбата на Фигаро“, „Роберто Зуко“, „Арлекин, слига на двајца господари“, „Мефисто“, „Кандид во земјата на чудата“, „Падот на невиноста“, „Кутрите мали хрчки“, „Собрани дела на Б. Шекспир“, „Хамлет од Долногаштани“, „Жив чоек“, „Лет во место“, „Купидона“, „Касапски кучиња„ и други.

ТВ и Филмски улоги:

Тони – Заведени, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2004
Газдата – Пикасо, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, МРТВ, 1987
Илчо – Случки од животот, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ серија од 60 епизоди, МРТВ, 1985
Огнен – Ѕвездите на 42, р. Јане Петковски, ТВ Филм, МРТВ, 1985
Волци, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, 2005
Македонија може, р. Коле Ангеловски, ТВ Серија, МРТВ, 1991
Американецот, р. Слободан Деспотовски, ТВ Филм, СД Продукција, 2006
Врме за плачење, р. Коле Ангеловски, ТВ Филм, МРТВ, 2001
Вампирџиите, р. Горан Тренчовски, ТВ Филм, МРТВ, 2002
Погрешно време, р. Драги Вељановски, ТВ Серија, МРТВ, 2003
Мали совети, р. Сашо Павлов, ТВ Серија, Идеа Плус, ДДБ, 2003
Стапица, р. Аљоша Симјановски, ТВ Филм, 2007
Досие К, р. Ванчо Петрушевски и Драги Вељановски,
Остани исправен, р. Кристијан Ристески, краток ТВ Филм, 2005
Подгревање на вчерашниот ручек, р. Костадин Бонев, Игран Филм, БНТ продукција, 2002
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ Филм, 1999
Бог да ги убие шпиуните, р. Ацо Алексов, ТВ Филм, 1993

Општествени функции:

Директор на Драмски театар од 2006,
2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
Демонстратор и предавач на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје Професор по Сценски говор, Реторика и Ораторство на ЕСРА Филмска Академија Скопје.
Предстедател и член на комисиј аза образование и култура при оптшина Аеродром – Скопје

Награди и признанија:

Наградата „Златна маска“ за најдобро актерско остварување на фестивалот ” Охридско лето ” за улогата на Мефисто во претставата „Мефисто“, Вечер, 2000 Наградата за Најдобар актер за 1990 во Р. Македонија, за улогата на Фред во претставата„Спасени“, ревија „Екран“  1990. Нaгрaдaтa “Св. Климент Oхридски

ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА “ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МАЛДИНЦИ”

ИНТЕРВЈУ
Изградивме храм на бајките и детските сништа

Одејќи по трнливиот пат, создавајќи театар кој беше речиси насушно наша потреба, изодевме 82 градинки, а со нашето комбе преку кое наликуваме на вистински патувачки театар, мислам дека успеавме да ги анимираме сите деца во Македонија, па и пошироко во светот… и без лажна скромност можам да констатирам дека создадовме релевантен и репрезентативен бренд – Театарот за деца и младинци … ! Затоа можам да се пофалам дека нашата мисија е успешна, а ќе се трудиме да биде поуспешна или барем да ја задржиме на нивото и реномето кое го изградивме досега, вели Чадиковски за мисијата Театар за деца и младинци


Од ваша дистанца од аспект на изминатите две децении успеавте ли да создадете сопствена бајка?

– Самиот живот е бајка. Но, со оглед на тоа дека работиме за еден свет кој е чист и недопрен од Лошото и во кој портите на Доброто се секогаш отворени, со сигурност можам да потврдам, дека мојата бајка се уште ја создавам. Се разбира, со огромна помош од моите актери, кои несебично му се даваат на Театарот за деца и младинци. Зедно ја создаваме нашата бајка. Таа за мене, а верувам и за нив, ќе трае се додека не се простиме од овој свет! А можеби и потоа …

Сепак, дали би сакале да излезете од светот на бајките и децата?
– А кој би сакал да излезе од еден чист, благороден, недопрен, убав детски свет?

Многумина од возрасните не размислуваат како Вас …
– За жал, така е … затоа јас во разговор со родителите им велам почесто да навлегуваат во светот на нивните деца и да се дружат со нив.

Бидејќи од тој свет можете да излезете попозитивни и посреќни, за разлика од оној возрасниот, во кој и тоа како владее лошотијата… Ако не го сфатат тоа, ворасните не ќе можат ниту коректно и успешно да го воспитаат своето дете. Најчесто се случува од нашите обрски и трчаници, по нешто, кое, честопати е недофатно, забраваме на чистите детски души…

Во овој контекст неминовно се наметнува и прашањето дека во театрите за воздрасни речси и да нема представи за деца и младинци. Од тој аспект Ви недоставуа ли конкуренција?
– Креирањето таетарски претсави за деца и создавањето детски репоертоар е сериозна и скапа работа. Не скапа во финанска смисла, туку, пред се во сериозноста и пристапот на потрошеното време и енергија… Вакви претстави не смееат да подразбираат оформување со две -три крпчиња” наместо костими и морска пена и станиол наместо сцена. Сето тоа изгледа евтино и грдо. Што се однесува до кокуренцијата, не само што не се плашиме туку ја посакуваме, но само преку создавање театар, со изграден профил, како што е нашиот.

Што значи за Вас мисијата насловена театар за деца и младинци?
– Одејќи по трниливиот пат, создавајќи театар кој беше речиси насушно наша потеба, изодевме 82 градинки, а со нашето комбе преку кое наликуваме на вистински патувачки театар, мислам дека успеавме да ги анимираме сите деца во Македонија, па и пошироко во светот … и без лажна скромност можам да констатирам дека создадовме релевантен и репрезентативен бренд – Театарот за деца и младинци … ! Затоа можам да се пофалам дека нашата мисија е успешна, а ќе се трудиме да биде поуспешна или барем да ја задржиме на нивото и реномето кое го изградивме до сега.

Често сте потписник на сценографијата на представите во вашот театар…
– Дури 80% од представите сценски ги обликував јас. Целата приказна ја започнав за да заштедиме по некој денар, за потоа да се внесам во работата и таа да ми стане преокупација и огромна љубов…

Можете ли во една реченица да ја опишете сликата на Театарот за деца и младици?
– Морски свет, тишина, џагор, небо, вселена… фасцинантно нели?! Едноставно храм на бајките и детските сништа. Мило ми е што успеавме да го изградиме!

plakat-makedonska
Лична карта на Театарот за деца и младици
Локација ул. Димитриај Чуповски” бр. 4
Прва премиера Чудовиштата во нашот град” 25 март 1990 год.
Бројки:
2762 одиграни представи;
46 премири;
580.000 илјади гледачи;
87 ангажирани актери и балерини
учество на 95 домашни и меѓународни фестивали, 40 фестивалски награди

298edc5b2d84a342b2cd2a6454c96cea

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

Театарот за деца и младинци завчеравечер свечено одбележа 20 години постоење. Овој театар досега има изведено 2.762 претстави, од кои 46 биле премиери и имал 580 илјади посетители. Осумдесет и седум актери играле и играат во театарот.

“Несомнено дека овие податоци го потврдуваат фактот оти Театарот за деца и младинци претставува активен двигател на културниот живот кај нас, но и евидентен материјален доказ за заложбите, нови генерации деца да растат, да се едуцираат, да живеат со пораките од оваа сцена со маестрално изградените ролји и мајсторски изработените кукли од работилницата на оваа институција”, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прославата.

Директорот и основач на Театарот за деца и младинци Љубомир Чадиковски истакна дека за него прославата претставува средба на генерации на сите кои учествувале во театарот и потсетување на минатото. Беше прикажан 24-минутен документарен филм и фрагмент од наградуваната претстава “Македонска приказна”. Филмот е синтеза од материјалот со кој располага архивата на театарот, а во фокусот беа првите седум години од неговиот историјат. На свеченоста присуствуваа актери, кои биле или се дел од театарот, режисери, костимографи, сценографи од другите театри со кои имало соработка, како и гости од театрите од Тирана, Подгорица, Софија и Белград.

Најмладиот македонски професионален ансамбл Театарот за деца и младинци почнува да работи на 25 март 1990 година, кога во Универзалната сала во Скопје ја прикажува праизведбата на претставата “Чудовиштата од нашиот град”.

35023c462682dd4f801a895bd9384160

Прекрасен влез во сонот и бајките

ТЕАТАР
malata_sirena_plakat

Беше вистинско уживање да се влезе во приказната на Малата сирена и нејзината безгранична љубов кон земниот” принц… Магијата беше изведена театарски, мајсторски со фантастична колоритност, со извонредна музикалност, со беспрекорна артистичка посветеност, со актерска разиграност небаре актерството е наједноставниот занает на светот…

Уште еден убав влез во светот на бајките, уште еден убаво отсонуван сон со отворени очи, уште една убава приказна за доброто, злото, омразата и љубовта… која спојува светови! И од тој убав свет просто човек да не сака да излезе! Успешно беше доловено чувството за тоа дека светот на бајките не е само за децата и туку во него уживаат и малку поголемите деца” …Беше вистинско уживање да се влезе во приказната на Малата сирена и нејзината безгранична љубов кон земниот” принц… Магијата беше изведена театарски, мајсторски со фантастична колоритност, со извонредна музикалност, со беспрекорна артистичка посветеност, со актерска разиграност небаре актерството е наједноставниот занает на светот… Такво е чувството од виденото во Театарот за деца и младинци и нивната најнова постановка Малата сирена”, работена по текстот на Ханс Кристијан Андерсен… Импонираше колку малата, но функционална сцена беше голема, широка и отворена за да не прими во својата приказна… За тоа, бездруго заслужен е и режисерскиот ракопис на Деан Дамјановски, кој со минималистички средства го раководи мизансценот во претставата… на рака му оди и успешното прекршување” и игра која е веќе видена, но вешто искористена, како Театарче во Театар, како слика во нарација, прикажана (раскажана) преку нараторот и автор Ханс Кристијан Андерсен, кој се претвора во невештото, добродушно ракче во претставата… Фантастичен свет на бои кои доловуваат перфектни костими во кои мошне вешто пливаат” и беспрекорно се снаоѓаат актерите… за сценската магија заслужни се Љубомир Чадиковски како сценограф, одличниот Александар Ношпал и неговите фанстастични бековити и раскошни костими, музиката на Љупчо Мирковски, и кореографијата на Сања Шутевска, кои, исто така, беа неизоставен дел од сонот и приказната.

И нормално, оние без кој убавото чувство не ни било комплетно:
Винета Дамчевска, која мошне успешно и верно ја одигра Малата сирена, емотивно и разиграно, Владимир Лазовски како нараторот, автор и ракчето, кој уште еднаш докажа дека има одлична моќ за трансформација, Ана Левајковиќ, која нежно и суптилно го предаде ликот на Големата сирена, сугестивно одиграната морска вештерка од Катерина Илиевска, успешно користејќи ги сите свои актерски предиспозиции и знаења и симпатично и вешто одиграната ролја на октоподот од Марија Ѓорѓиовска, студентот Ефтим Трајчов, кој одлично се снајде како принцот и кралот и кралицата Драган Довлев и Зорица Стојановска, кои повторно докажаа дека можат и знаат да ги доловат ликовите и да играат за децата…

Театарот за деца и младинци создаде уште една претстава што бездруго не само што ќе ги анимира и радува децата туку е и вреден естетски производ кој ќе се гледа.

images%5ctheaters%5cteatar-za-deca%5ctdm%5csirena_tdm1

Борче ГРОЗДАНОВ

Даниела Иваноска, актерка

Даниела Иваноска, актерка во НТ ” Војдан Чернодрински ” – Прилеп

ТЕАТАРОТ – Музика на душата

 

1. ЗА СЕБЕ: Обична, едноставна…
2 . ЗА ЉУБОВТА: Без неа си ништо!
3. ЗА ЖИВОТОТ: Сега и тука! Не вчера, не утре-денес!!!
4. ЗА ТЕАТАРОТ: Музика на душата!
5. ЗА ДОБРОТО: Посакувам да се шири со брзина на светлината! Да биде најзаразната и најнеизлечливата болест на човештвото!
6. ЗА ЗЛОТО: Штета што постои!
7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Не знам дали ги имам,а ако ги има-нека се здрави и живи!
– А ПРИЈАТЕЛИТЕ? Ендеми пред изумирање! Фала му на бога што ги имам!!!
8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Животот не ми е професија, така даааа….
9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Неопходна магија на сценскиот живот!
10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Другаришта со гоолема душа!
11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Има време! Кога има копнеж,има креативност!
12 . ЗА ИДЕЈАТА: Се трудам да стане реалност!
13. ЗА СОНОТ: Секогаш е возбудливо кога леташ на облаче!
14. ЗА ЈАВЕТО: Го прифаќам,понекогаш не…..но му давам шанса да блесне во убавите бои на животот!
15. ЗА ВИНОТО: Црвени усни, румени образи,широка насмевка,топло во душата,љубов во воздухот!
16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Неисцрпна љубов,полна душа,радост во очите,бескрајна среќа… .сее на свтот,еден цел универзум на убавини!!!17. ЗА КРАЈ: Не е ова крај, хахахахха!!!

премиера „ Силјан Штркот шанца“ во МНТ

Кон премиерата на претставата „ Силјан Штркот шанца“ во МНТ, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Ср|ан Јаниќиевиќ.

За љубовта, со многу љубов

Ретки се претставите во македонскиот tеатар денес, во кои се функционира беспрекорно. Затоа кога потписникот на овие редови ќе доживее такво искуство, се радува како дете.

14695367_1286515438048881_6754152029251730142_n

Македонскиот народен театар ја одбележа 70 годишнината од формирањето на детско – куклената сцена, со премиерата на претставата “Силјан Штркот шанца” на малата сцена. Текстот, кој е базиран на собраните и запишани умотворби од Марко Цепенков , е адаптација на Дејан Дуковски. Неговата праизведба се одржала 1991 година во Театарот за деца и младинци од Скопје, како дипломска претстава на Дуковски . Но, за разлика од двете постановки, пред 25 години во ТДМ, во режија на Драгослав Тодоровиќ од Србија и пред 70 години во МНТ, во режија на Петре Прличко, работени во формат на куклен театар, најновата постановка на МНТ ги следи авантурите на Силјан до неговото созревање и пронаоѓање на љубовта во и околу себе, низ жива и енергична актерска игра, театар на сенки и многу музика и песни од нашиот фолклор и современи теми, што се изведуваат на сцената.

Ретки се претставите во македонскиот театар денес, во кои се функционира беспрекорно. Затоа кога потписникот на овие редови ќе доживее такво искуство, се радува како дете. И навистина радува фактот што МНТ има одличен театарски проект во лицето на “Силјан Штркот шанца”.

Текстот на Дуковски, во функција на режисерски концепт на Ср|ан Јаниќиевиќ, е скратен, со нагласок на најважните моменти од реалистично-фантастичната приказна за Силјан Штркот кој животот го разбира како игра , со што успешно е одбегната дополнителната нарација и општи места од кои современиот гледач бргу се заситува. Вака поставена, драмската структура претставува своевидна песна која се игра и пее на ритам, без да падне нејзината динамика и претставува исповед на синот Велчо за животот на неговиот татко Силјан. Режијата на Јаниќиевиќ се темели на урбаниот израз и бунтовништво, па следствено на тоа, постановката е направена како микс на драмска претстава и музичко кабаре во кое актерите играат низ текст и со тело, но и свират и пеат во живо. За таа цел беше формиран бендот ВИС “ Погани штркови” feat . Кокошките од пеколот “.  Него го сочинуваат актерите Ивица Димитријевиќ ( го игра ликот на синот на Силјан- Велчо и настапува на соло гитара) и Александар Ѓорѓиески-( во алтернација со Славиша Каjевски ќе го игра Еснафот и свири на бас гитара) , заедно со Никола Кимовски на удиралки и Нина Деан ( ја игра жената на Силјан- Силјаница и кокоштака Си Биле) , Ана Стојановска ( Клајковица и кокошката Чуле) и Тина Трпкоска ( кокошката Сиве) . Главната улога на детинестиот, необременет со одговорност и боем Силјан , му е доверена на младиот Александар Михајловски. Тој го искористи целиот свој психо-физички апарат за да го прикаже ликот веродостојно и успешно. Брзите и уверливи трасформации, од жена на која не и е возвратена љубовта од мажот, до занесената со допинзи кокошка Си Биле, беа карактеристика за Нина Деан. Таа едноставно беше одлична во своите ролји , докажувајќи што значи да се направат комплетни улоги  со внатрешно преживување, но и со телото. За издвојување е и креацијата на Тина Трпкоска како кокошката Сиве. Таа покажа особен усет за комична игра, но и мо}ен глас за пеење. Исто така, публиката од срце ја насмеа Славиша Кајевски, во ликот на опасниот за околината Еснаф кој всушност е слаб и се плаши од жена му. А брилијантна креација, базирана на исклучително подготвениот хабитус, но и чувство за хумористично нијансирање на ликот направи Кире Ѓоревски, во улогата на Пијаницата. И останатите актери: Нино Левi , во ликот на таткото на Силјан – Божин, Магдалена Ризова- Черних како силјановата мајка Евда ( што ќе ја игра во алтернација со Марија Новак) , Ивица Димитријевиќ како синот и внук Велчо, Висар Вишка во улогата на Духовникот , Ана Стојановска како Чуле и Никола Ацески како меанџијата Трпе, докажаа дека и епизодните улоги можат да бидат впечатливи зашто се коректно направени и одиграни. Со еден збор, ова е ретка претстава не само во МНТ, туку и во македонскиот театар воопшто, vo последниве години , каде секој од актерите дава афтентичен белег и креација на својот лик.

За сценографијата решена функционално , а минималистички, низ неколку реквизити кои по потреба стануваат кревет, брод, куќа , сушалка за пиперки и градина на семејството на Силјан , беше задолжена Илина Ангеловска. Таа е и авторка на костимите за претставата , решени како успешен спој на македонскиот фолклор и современиот изглед. Овдека се надоврзува и магичното светло кое ја дополнува сценографијата и изгледа како видео на сцената, а всушност е заводлива мајсторија на светло мајсторот Илија Тарчуговски. И кореографијата на Александра Кочовска-Начева, е пример за тоа како од актерите да се извади максимумот во однос на движењата, без да бидат многу нагласени, а да делуваат органски природно.

Накусо, “Силјан Штркот шанца”  е театарски чин која ја афирмира потребата од освестување на љубовта во секој од нас, но и доказ дека квалитетен театар се прави само со многу љубов и посветена работа. Имајќи предвид дека претставата е направена за малата сцена, како дел од програмските заложби на раководството да се востанови репертоар за деца, базиран на лектирните изданија, а претставата концепциски не е детска, барем не за деца до 12 години, убаво би било таа да се качи и да се игра на големата сцена на МНТ. Така ќе се избегнат напорите на актерите сами и со помош на сценските работници да ги креваат и менуваат реквизитите во паузите меѓу сцените, со што се уништува театарската магија и се појавуваат на пати како контури, ликови кои до тогаш не заиграле во претставата. На тој начин ќе се покаже раскошот на претставата „ Силјан Штркот шанца“, која е податлива за младинската и за возрасната публика.

Сотир Трајков

 

14590296_1286515354715556_7001392975417828842_n 14671080_1286515134715578_1517844834256299963_n 14716224_1286515334715558_4753583520110457685_n

Кирил РИСТОСКИ (1948 – 2011), актер и педагог

Роден е во Прилеп, 14 ноември 1948 година.

Почина  Скопје30 јуни 2011  год

Сите го паметиме како еден од најскромните и најпитомите луѓе што сме имале среќа да ги запознаеме. Зад таа негова беспримерна едноставност и кроткост – прилично нетипична за клетата актерска професија, по дефиниција екстравертна и барем малкуцка колерична… – некако природно, незабележително, безмалку „сама од себе“, трпеливо се создавала една грамадна кариера. Импресивна во секој поглед.

Неговото драматично и ненадејно заминување, нагло нè соочи со нужноста таа кариера посериозно да ја здогледаме и позадлабочено да ја истражиме. Да ја вреднуваме, најпосле!

images%5cauthors%5ckristoski

Откако ги собравме и ги суредивме фактите кои ја докажуваат професионалната и уметничката исклучителност на Кирил Ристоски, како наеднаш да станавме свесни дека се работи за актер со една од најдолгите и најимпресивните кариери што нашава театарска историја ги памети.

Еве ги, сумарно, тие факти пред кои, стаписани и замолчени, остануваат не само боговите, туку и дрдорливите луѓе:

Од неполни 63 проживеани години, безмалку 46 Кирил Ристоски ги одживеал како професионален актер. Дебитирал, како што е редно, со ноторната епизода (Првиот стражар) во Шекспировата комедија Ноќ спроти Водици. Било тоа во сезоната 1965/66, на сцената на Прилепскиот театар. Во својот роднокраен театар тој останал наредните седум години, во текот на кои одиграл седумнаесет ролји и, лека-полека, напредувал во хиерархијата. Ама, постојано го прогонувало чувството дека, освен дарбата и вештините, актерот мора да има и соодветно/солидно образование. На 25-годишна возраст решил да даде отказ и да се истопори на приемниот испит на Отсекот за актерска игра при тогашната Музичка академија во Скопје. За да студира, како најстар во својата класа.

И пред да дипломира (cum laude, се разбира!), Кирил Ристоски започнал интензивно да игра во претставите на Македонскиот народен театар, каде потоа стапил во постојан ангажман (1978). Десет години подоцна, Факултетот за драмски уметности го избрал за доцент по предметот актерска игра. Наредните 23 години тој ги поминал и како обожуван даскал, врвен театарски педагог, еден од оние (ретките) што умеат и татковски – а не само професионално – да бдеат над десетици и десетици идни македонски актери.

Одиграл, вкупно, 83 театарски и 26 филмски и телевизиски ролји. Снимил повеќе од 200 радио-драми. Одработил недобројни поетски и ини настапи, секогаш беспрекорен во интерпретацијата и беспоговорен во односот кон работата.

Добил, вкупно, 10 актерски награди, од кои пет во Прилеп, на МТФ „Војдан Чернодрински“, фестивалот што во 1997 година среќно го реструктурирал, а потоа и го водел повеќе од успешно, полни десет години…

Дури сега, отпосле, стануваме свесни за историското значење на личноста на Кирил Ристоски, единствениот македонски актер кој ја имал привилегијата да биде не само симболичка, туку и вистинска алка-поврзница на феноменот кој, уште пред шеесетина години, еден голем критичар профетски го нарекол македонска глума.

Имено, Кирил Ристоски е нашиот единствен актер кој играл, рамо до рамо, со сите основоположници на македонското глумиште: Петре Прличко, Тодор Николовски, Илија Џувалековски, Илија Милчин, Мери Бошкова… Потоа, како рамноправен партнер, продолжил да игра со нашите најголеми актерски ѕвезди: Ристо Шишков, Ненад Стојановски, Дарко Дамески, Милица Стојанова, Мето Јовановски… Бесценетите знаења и немерливите искуства стекнувани со нив, Кирил Ристоски несебично им ги пренесувал – со чисто срце и со крстот на чело… – на своите помлади и најмлади партнери и студенти: Ѓорѓи Јолевски, Габриела Петрушевска, Арна Шијак, Биљана Беличанец, Васил Зафирчев, Мартин Мирчевски…

Ниту имало, ниту ќе има актер кој би можел да ја повтори оваа историска улога, што Кирил Ристоски ја исполнил децентно, ненаметливо и – најважно! – креативно во највисока, дури и во апсолутна смисла.

Доколку ја прифатиме онаа романтичарска хипотеза, според која актерството не е само професија туку е – судбина, тогаш нему судбината му ја избрала божицата Талија лично. Само таа можела да предодреди дека токму Кирил Ристоски – онака стамен, работлив, чувствителен, добромислен и чесен до немајкаде… – ќе да е предодреден да го понесе товарот и честа на Првиот врзен играч во историјата на македонското актерство.

РАЗГОВОР СО ПОВОД: КИРИЛ РИСТОСКИ, НОВ ДЕКАН НА ФДУ

Огромен потенцијал продуциран четири децении

Новиот прв човек на ФДУ, кој инаку две и пол децении како професор едуцира млади кадри во оваа установа, е задоволен од постоечките човечките ресурси на факултетот со потсетување на речиси хроничните актуни финасиски проблеми, кои пак според него се пречка за продуцирање на квалитетни кадри…

Кирил Ристоски, новиот декан на Факултетот за драмски уметности, воопшто не е нов на тлото на ФДУ, бидејќи, веќе две и пол децении едуцира млади луѓе како професор по актерска игра. Зад него се многу класи на студенти, од кои повеќето се веќе профилирани актери… а оние што доаѓаат, се оформуваат токму и под диригентската палка на Ристоски. Од овој аспект, функцијата декан за Ристоски не претставува посебен терет но во секој случај, тој вели дека е свесен за горливите проблеми, со кои ФДУ се соочува во свето “секојдневие”:
-Најпрвин или што е можно побрзо, потребна е уште една барака или објект во кој дополнително би се одвивала наставата. Секоја година, се разбира, во рамките на можностите што ги дозволуваат финансиите реновираме по нешто. Но, за поголеми зафати не може да се размислува. Постојано сме во некаква потрага на финансии (овде не мислам на платите). Еден од приоритетите е осовременување на техничко-технолошките услови, иако во тој поглед имаме некои основни предуслови, но, тие се неопходни за следење на европските и светски трендови во образованието од овој тип.

Што се однесува пак до евентуалната хиперпродукција, пред се на актерски кадар што произлегува од ФДУ, Ристоски со малку поинакво гледиште:
– Не може да се зборува за хиперпродукција или за евентуална пребукираност на одделот за драмски актери, бидејќи и да не се запишат на нашиот факултет, младите најчесто се запишуваат во приватните школи и во странство. Динамиката од две години за запишување на една класа ќе ја задржиме и натаму. Според мене, горливиот проблем е во останатите шест катедри, каде запишувањето е на четири години.

Ристоски е задоволен и од она што го наследил од долгогодишниот негов претходник, Данчо Чевревски:
– Морам да кажам дека стручниот кадар со кој располагаме е на нивото на најеминентни творци, мајстори во своите области. Во оваа смисла имаме потенцијал за едуцирање и профилирање на млад уметнички кадар. Функционира и Институтот за театрологија, каде што се продуцираат пост дипломски кадри, а во тек е формирањето на вториот циклус вакво образование од театарскиот и филмскиот оддел.

Во процес е и доедуцирањето на наставничкиот кадар, проект кој треба да се рализира до 2013 година и од овој аспект работите, според Ристоски, течат најнормално: Некои веќе магистрираа и се докторанти, додека кај другите во изработка се магистерските трудови. Можам да кажам дека до рокот кога е предвидено целосното реформирањее, на овој план ќе биде остварено. Морам да кажам дека ваквиот затекнат потенцијал е продуциран од претходниот закон, кој не предвидуваше ваков тип на едукација за професорскиот кадар, но, ете и тоа ќе се реши во рамките на предвиденото, оптимист е Ристоски.

Што се однесува до новоотворената академска сцена тој вели дека за таа да профункционира потребно е студентите да можат да ги видат низ цела Македонија: многу мали средства се потребни за патување па и реализирање на мини турнеи низ државава, а со цел претставите да ги види пред се публиката во образовните институции. Само така би испровоцирал уште поквалитетен потенцијал и кадар кој во иднина би произлегол од ФДУ.

Бројките говорат…
Досега на сите седум катедри на ФДУ, за четири децении завршија 444 студенти. Факултетската библиотека располага со книжен фонд од 4.200 единици стручна литература, филмотека со 4.500 филмови на 16 мм; видеотека со 4.200 видео касети и и 3.220 двд-а… моментално на ФДУ студираат деведестина студенти на седумте катедри со кои располага Факултетот… Организатори се на еден од најпрестижните студентски фестивали СКОМРАХИ, на кој досега учествувале преку 1.600 студенти од 31 факултет од исто толку земји од Балканот, Европа и светот, со повеќе од 120.000 посетители и прикажани над 130 претстави…

Борче ГРОЗДАНОВ