ПРОСТОСМРТНАТА ВЕЧНОСТ НА КРАП / ЃОРЃИ

Ѓорѓи Јолевски „Крап“

Една лента, еден живот, еден не затворен (не)магичен метафизички круг… Збор / мрмеж, живот / сомнеж, поглед / привиден бескарај и Старец кој низ помнежот го чека својот крај.

Ѓорѓи Јолевски алијас Крап стамено, цврсто, мајсторски, го одигра животот сочинет и збран во една реченица: „На неа немаше ништо особено, само очите… “

Очи кои те следат цел живот пресликани во три децении иако преку приматно минимализирани движења испратени и пропратени со водотечението од водата чешмарка, но и од солената вода солзена…

Јолевски маестрално ни сочини еден живот, осаменички, во само 55 минути, небаре толку е доволно за да се одсликаат 55 година, столетија, милениуми…

А се завршува со никогаш не дојадената банана, лушпата која чека да се лизнеме, на сцената на МНТ… и погледот старечки во далечните празнини кои „ не сака“ младоста да се врати.

Да ти е вечен мигот Ѓорѓи!